Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст кај сите нафтени деривати, и тоа: кај бензинот 10,990 %, кај дизелот 21,147 % , кај екстра-лесното масло 18,278 % и кај мазутот зголемување од 13,830 %.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ цената на бензините ќе биде повисока за 5 и пол денари. Цената на дизелот се зголемува за 10 денари од полноќ.

Новите цени на горивата од полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар)

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)

Новата малопродажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)ќе изнесува 83,50 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС 54,319 (денари/килограм).

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати кои стапуваат да важат после полноќ, од 00.01 часот на 08.03.2022 година.



За нарушувањето на јавниот ред и мир се' поретко имавме извештаи од Гевгелија како резултат на мерките за заштита од пандемијата (полициски час, ограничено време на работа на угостителските објекти, ...). Минатата недела, во четвртокот е регистриран таков случај во полицискиот билтен на СВР Гевгелија.

Имено, на 03.03.2022 околу 21.00 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека пред угостителски објект во Гевгелија нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица.
Учесници во преметката се З.И.(55) и Д.И.(33) двајцата од Гевгелија од една страна и Љ.П.(64) од друга страна.
Од СВР Гевгелија известуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нарушувањето на јавниот ред и мир е казниво дејство според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на РСМ и во истиот се предвидува глоба во најмал износ од 100 до 1.500 евра во денарска противвредност.

Спорд Член 11 од ЗПЈРМ за предизвикување и учество во тепачка е пропишано:
- „Кој на јавно место учествува, предизвикува или поттикнува друг на тепачка ќе му се изрече глоба во висина од 300 до 500 евра во денарска противвредност.
Учествувањето во тепачка со намера да се укаже помош или заштита на нападнатото лице или да ја спречи истата не се смета за учествување во тепачка во смисла на ставот 1 на овој член.
Кој прекршокот од ставот 1 на овој член го изврши во група ќе му се изрече глоба во висина од 700 до 1.500 евра во денарска противвредност.“ (завршен цитат од Чл.11 ЗПЈРМ).



Момчето избегало од својата земја Украина само со торба и со број на мобилен испишан на раката. Носело и пасош. Пропатувал сам 850 километри. Дошол сам во Словачка затоа што родителите морале да останат во Украина.
Волонтери се грижеле за него, го згреале, му дале да јаде и пие. Сите ги освоил со својата насмевка!

- „Тој е бестрашен и решителен, вистински, вистински херој“, напишаа на Фејсбук страницата на словачката полиција.

Од полицијата потврдија и дека благодарение на бројот на раката и пасошот на момчето успеале да стапат во контакт со неговите роднини, кои подоцна дошле да го земат и се грижеле за него.

„Ние сме во солзи. Ова е најголемиот херој синоќа“, додаде словачката полиција. Нивната објава предизвика многу реакции, а многумина ги растажи приказната.

- „Херој е мал збор за ова момче. Детството нема да му остане во добро сеќавање, му посакувам се најдобро“, „Ова не треба да го доживее ниту едно дете. Солзи ми течат додека го читам ова“, „Да ги оставиш родителите и да одиш во непознато е навистина голема работа, многу храбра“, се само дел од коментарите под објавата.

Многу коментатори посакаа момчето што поскоро повторно да биде со родителите.
Инаку, повеќе од 1,4 милиони бегалци ја напуштија својата земја од почетокот на инвазијата.

Денес недела, на седум седмица пред почетокот на Велигден граѓаните од православието ја празнуваат Прочка или Велики поклади. Тоа е ден во православното христијанство кое го слави меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка не е врзана календарски, туку се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити.
Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Како дел од таа традиција е и заедничката вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.



Владата предводена од Премиерот Димитар Ковачевски денеска разговараше со претставниците на Сојузот на пензионерите и Партијата на пензионерите и постигнаа историски договор за нова методологија со која пензиите се покачуваат просечно за 900 денари, како и 1.000 денари за финансиска помош за пензионерите.

Над 330.000 пензионери во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари во наредните три месеци, за достоинствен живот.

Ова е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата, со примена на методологија на пораст на пензиите со т.н. „Швајцарска формула“, со примена на 50% од порастот на трошоците на живот и 50% од зголемувањето на просечната плата во државата. Со оваа постапка за зголемување на пензиите околу 12.000 денари плус ќе легнат на сметките на пензионерите оваа година.

Дури и во време на криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните.

Еве ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски по состанокот со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите

Доброволната акција за пошумување на подножјето на Кожув се изведе денеска во организација на ЗГ „Чејнџмејкерс“ од Гевгелија и ЈП Национални шуми-Шумско стопанство „Кожув“ од Гевгелија.
На акцијата се одзваа освен организаторите, соорганизаторите и локални граѓански здруженија.

Во активностите предничеа и гевгелиските планинари, членови на ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија.

Тие беа дел од работната доброволна рака који засадија, заедно со останатите доброволци, околу 5.000 садници „црн бор“ и „багрем. Пошумена е локација со површина од половина хектар во близина на новата депонија кај село Ново Конско. Земјата е влажна, доволно светлина носи денот, па условите за вегетација на садниците се поволни во ова време од годината, укажуваат шумските стручњаци.

Фото: ФБ албум на ЗПСК „Кожуф“

 

Во Велес традиционално и годинава се одржа манифестацијата „Благцато на баба“ која што ја организира женскиот актив на Здружението на пензионери од општина Велес. Манифестацијата има значајна улога во одржувањето на традиционалните домашни рецепти, приготвувањето и презентирањето пред поширока публика, се' со цел да не бидат заборавени јадењата, специјалитетите, домашните приготвени рецепти од нашите баби, прабаби.

Истата се одржува веќе 26 години по ред по една година пауза заради пандемијата и има значајно место во активностите на пензионерките од државата.

- „Манифестацијата е републичка и имаме гости од 25 градови од земјава. Целта е да се дружиме во време на пензионерските денови и убав после бројните забрани од ковид пандемијата. Таа има и хуманитарен карактер. Дел од собраните средства ќе се искористат за лекување на болни деца, или за стари и изнемоштени сограѓани„ - кажа Благојка Настова претседателка на активот на жени пензионерки од Велес.

Гостите се дружеа, се потсетуваа на убавите мигови од претходните настани, но и го вкусија многуте слатки, изработени по рецептите на нивните баби, извадени од пожолтените домашни тефтери. Освен евоцирањето на спомените, гостинките си разменија по некој старински рецепт.

Дојранските пензионерки се претставија со три рецепти, традиционалната домашна алва, арванија и баклава

- „Подготвивме старски рецепти, наследени од нашите мајки и баби. Истите рецепти ги предаваме со задоволство на нашите деца. Така ја одржуваме традицијата“ - изјави Марија Каракамишева од Богданци

- „Нашите членки подготвија многу вкусни и убави колачи, стини ванилици, целувки. Тоа се бабини блага. Младите треба да се учат од нас за да остане традицијата“ - изјави Нада Чолакова од Неготино

Д-р Веле Алексовски, претседател на Здружение на пензионери на Велес на сите Општински здруженија на пензионери кои зедоа активно учество на манифестацијата, им додели Благодарници.

 

Лице кое издржува казна затвор во казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ во Гевгелија е на пат да добие нова кривична пријава со која ќе го усложни, или продолжи својот престој во гевгелискиот Затвор.

Вчера претпладне, на 01.03.2022 год., во 10.00 часот во ОВР Гвгелија, од страна на овластено лице од Казнено-поправната установа „Затвор Гевгелија“ било пријавено дека при претрес кај осуденото лице А.Г. била пронајдена марихуана.

Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле дрогата за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против А.Г. од ОВР Гевгелија најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции.

Како дошла дрогата во затворските простории и дали ќе се спроведе истрага и кај обезбедувањето на установата, во извештајот на ОВР Гевгелија не се наведува. Овој случај е причина повеќе за опсежни контрола на внатрешната органозација на обезбедувањето во затворската установа.



С Македонија е меѓу 141 држава што дадоа поддршка за документот со кој се изразува поддршка за територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, додека 35 земји гласаа „воздржано“
Резолуција со која се осудува руската агресија врз Украина донесе Генералното собрание на Обединетите нации на итна седница.

На денешната седница на Генералното собрание на ОН, Македонија застана на страната на мнозинството и гласаше за Резолуцијата, што ја поддржаа 141 земја, пет држави гласаа „против“, а 35 „воздржани“.

„За“ Резолуцијата гласаше и Србија, и покрај одбивањето да се приклучи кон санкциите на ЕУ за Русија.

Освен Русија, против Резолуцијата на Он гласаа и Белорусија, Северна Кореа, Еритреа и Сирија.

Меѓу земјите што се воздржани се Кина, Ерменија, КубаИндија, Иран и Ирак…
Усвоената резолуција ја потврдува посветеноста на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници.

Исто така, се изразува жалење за одлуката на Русија во однос на статусот на регионите Доњецк и Луганск во Украина, со барање Москва веднаш и безусловно да ја поништи таа одлука.

Се повикува на итно мирно решавање на конфликтот преку политички дијалог, преговори, посредување и други мирни средства, како и почитување на договорот од Минск.

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне, понеделник на 28.02.2022 год. во Нов Дојран, со фатални последици за еден возрасен пешак.

Несреќата се случила на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Нов Дојран, а пријавена е во СВР Гевгелија е 13:00 часот.. Учесник во сообраќајната несреќа е товарно моторно возило „Форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(60) од Нов Дојран, кој движејќи се наназад, по улицата удрило во пешакот П.П.(88) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ - Гевгелија каде починал.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.



Страница 8 од 221

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.