Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на денеска, 17.03.2022 година, донесе О Д Л У К А за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.
Од ноќеска на полноќ цените на дериватите паѓаат по трет пат, и тоа дизелот за уште 3 денари, а бензините за 2 денари
Ова е трето намалување на цените за само 6 дена. Највисоката цена на дериватите во државата беше на 11.03.2022 кога бензинот се продаваше по 93, а дизелот по 97 денари за 1 литар. Тоа значи поефтинување од 21 денар за дизелот, односно 13,50 за бензините.
Денеска утврдените малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 79,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 76,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 72,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 54,521 (денари/килограм)
Со денешното поевтинување што го направи регулаторната комисија за енергетика, цените на горивата се вратија на ниво како пред кризата – бензините дури се и поевтини .Новите утврдени цени од РКЕ ќе важат од ноќеска на полноќ, поточно од 00:01 часот на 18.03.3022 година, (петок).
По повод 77 годишнината од основањето на Црвен крст на Република С.Македонија и најхуманиот ден 17-ти Март - Ден на крводарителството во РСМ денешниот информативен простор го посветуваме на Младен Бундов, човекот од нашата Гевгелија кој својот работен век го посвети на хуманоста.
Младен Бундов беше најдолго на функцијата Секретар на Општинската Организација на Црвен Крст -Гевгелија. Оваа благородна функција ја обавуваше цели 24 години од својот работен стаж, започнувајќи од 1992 - па се до пензионирањето во 2016 година. Пред функцијата Секретар, од 1977 до 1979 година, работел во Општина Гевгелија, во управен одбор.
Роден е на 11.06.1952 година во Гевгелија. Своето средно образование го завршува во Гевгелија.
Првите работни простории на Црвен Крст Гевгелија се во бараките зад општинската зграда, сега „Даночно одделение“ на општина Гевгелија. Овде ги планирале хуманите акции, овде собирале хуманитарни прилози, овде изведувале предавања за „Прва помош“, едукациј за основна прва помош за идните возачи, овде се делела хуманитарна помош за тие на кои им е потребна, а се планирале и изведувале крводарителски и други хуманитарни акции како во општината така и во поширокиот регион за кој надлежност имаше ЦК Гевгелија.
Во декември минатата година за долгогодишната посветена работа на Младен Бундов му беше постхумно доделена Благодарница од ЦК Гевгелија, со напомена дека бил еден од највредните секретари на ОО на ЦК во државата.
На кој начин се истакнуваше овој често работно тивок човек, но отворен за секого и секаде каде е потребно. Бројките кажуваа дека неприкосновено со години ОО на ЦК Гевгелија важеше за прва во државата по бројот на спроведени доброволни крводарителски акции. Ако годишниот план им беше по 1.000 планирани крводарувања, Гевгелија исполнуваше 1.200 крводарувања. Републичкиот Црвен крст им го одобри планот на 1.200 крводарувања годишно, па ЦК Гевгелија повторно не застана со бројките туку го надминувашепланот со реализирани 1.400 до .1.700 крводарувања годишно. Ова сето како со доброволните акции организирани меѓу населението, но и во училишта, работни колективи каде Црвениот крст секаде бил примен со срдечност и ангажираност од средината, од учесниците. И сето ова создаде доброволна „армија“ од близу 500 редовни крводарители во Општината.
За време на неговото долгогодишно работно искуство како Секретар на ЦК, Бундов во соработка со Оделот за трансфузиологија при Државна Болница -Скопје, потоа Трансфузиологија при Општа Болница Гевгелија, спровел многу такви акции во Гевгелија. Миравци, Богданци и Дојран, исто така и хуманитарни акции за време на војната во бивша Југославија. Помагал на родителите да ги пронајдат своите синови кои беа на армиска должност, војска. Во тоа тешко време помагал и на бегалците, кои пристигнувале на безбедно во Гевгелија наоѓајки привремено сместување за нив, им делеше храна, облека и се друго што беше потребно на бегалците и социјалните семејства. Се залагаше за болниците во Гевгелија и Негорци да добиваат болнички кревети, нови постелнини, преку донации од Холандија и Германија.
Интересна, но исто така тажна и весела случка во текот на неговата работа е, едно од семејствата бегалци кои престојувало 4 години во Гевгелија, по војната во Бивша Југославија кои биле од Босна, им помогнал да успеат да стапат во контакт со нивната ќерка која била омажена во Тузла, а немале контакт со неа 4 години.
Во неговото време Црвен Крст Гевгелија секоја година го одбележуваа денот на карводарителството со голема заедничка средба на карводарителите, со ручек, музика цвет за жените и благодарници за повеќекратните карводарители. Честа беше голема за секој крводарител да биде дел од таа средба на најхуманите луѓе на едно место.
- „Несебичноста, човечноста и хуманоста му беа приоритети и вон работното време. Секој пат помагаше на сите кои имаа потреба од крвни единици во Гевгелија или Скопје. Несебично и доброволно, секогаш помагаше на луѓето во било кое време, без разлика на работното време. За него немаше од - до, негова водилка беше човештината пред се'. Кога замина во пензија исто така останаа пријателствата со карводарителите засекогаш со огромна почит.Од Црвен Крст Гевгелија му врачија постхумано Благодарница за неговата долгогодишна посветена работа, како највисок чин на почест за придонесот во развојот на организацијата како на локално, така и на државно ниво.. Им се заблагодаруваме за тој гест кој беше неочекувано, но заслужено како најдобар Секретар во цела Македонија, кој навремено и одговорно ја вршеше својата функција“ - вели неговата ќерка Марија Бундова Аврамова.
Благодарницата ја прими неговата сопруга Теодора Бундова.
.
Со ангажманот во своето поле на хуманоста, овој човек ги наполни витрините на ЦК Гевгелија со многу благодарници и признанија, меѓу нив во областа за прва помош на Европски натпревар, каде екипата на општина Гевгелија освојуваа прво место .
Младен Бундов почина на 19. 04. 2021 во Скопје. Ја сакаше музиката, пееше, твореше свои песни, и обожуваше да свири на гитара. Засекогаш остави песна за своите три внуци, Весна, Тамара и Христијан.
Неговата животна мисла беше дека „Сите несебично треба да си помагат еден со друг“, а негова порака беше "Почитувајте се еден со друг, помагајте во секој момент на секој на кој му е потребна помошта, без разлика на вера, нација и боја."
Неговата хуманост и човештина ја пренесуваше во текот на целиот свој живот на сите и на своето семејство. Неговото семејство продолжува по неговите стапки.
Црвениот крст денеска гордо им се заблагодарува на сите луѓе втемелени во вредностите на оваа хуманитарна организација, посочувајќи со денешната порака: „Вие сте силата која го движи светот, вие сте столбот на армијата на хуманоста, вие сте зракот на сонцето онаму каде е најпотребно“.
Вечен спомен за Младен Бундов.
Честит Ден на крводарителството на сите сегашни и идни крводарители!.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95% во однос на одлуката од 15.03.2022 година.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 81,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 83,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 79,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 75,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 56,749 (денари/килограм)
Оваа одлука ќе почне да се применува од вечерва после полноќ,односно од 00:01 часот она 17.03.2022 година (четврток).
Седмата седница на Советот на општина Гевгелија по седумасовна работа денеска беше прекината. Камен на сопнување беше немањето мислење од Надзорниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија по однос на Завршната сметка на Установата за 2021 година.
Половина час траеше отврената дискусија по оваа точка на седницата, нотирана како 13-та точка од дневниот ред, но со немање мислење, прво како пропуст на администрацијата и на телата кои ги назначува Општина Гевгелија и второ како неодговорен однос на Надзорниот орган именуван од Советот на општината да не даде свое мислење по најголемиот и најважниот финансиски документ за установата за чие материјална-финасиска контрола се назначени.
Директорката на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија Бети Стоименива пред советниците образложи дека Завршната сметка за 2021 е усвоена од страна на Управниот одбор на установата, но без мислење на Надзорниот одбор. Иако биле одржани две седници на НО и дадени образложенија по поставените прашања од НО, сепак ова тело не се изјаснило по Заврната сметка на Установата, што е непримерно однесување.
Советникот Томе Кичуков ова го препозна како деградирање на неистомисленици и побара да се престане со таквиот однос. „Ако некој си ја врши работата да го оставиме да работи, ако не го бива ни два месец нека не седи на функцијата“- посочи тој. Бидејќи недостасува изјаснувањето на Надзорниот одбор од ЈОУДГ „Детска радост“ тој побара пауза да се побара претседателот на НО и да се повика на седница да го каже ставот на ова надзорно тело.
Претседателот на Советот на општина Гевгелија, Патрик Матх по предлогот одобри пауза од 10 минути, но и после еден час никој не дојде во името на НО на ЈОУДГ „Детска радост“ да се вклучи во расправата по 13-та точка од Дневниот ред на 7-та седница од Советот на општина Гевгелија
По еден час неоправдано чекање, претседателот на Советот објави дека при разгледување на материјалите на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија беше констатирано дека недостасува Одлука од Одборот за материјално и финансово работење. Поради тоа, претседателот Матх до Советот предложи расправата по ова точка да биде прекината како и понатамошниот тек на седнцата и истиот да продолжи утре во 12:00 часот со истовремено задолжување на Надзорниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија, денеска или најдоцна до утре до 10 часот наутро, да достави Одлука до стручните служби на општина Гевгелија која накнадно ќе се достави и до членовите на Советот. Претседателот повика на гласање дали советниците се „За“ предлогот, но тие одговорија дека „нема потреба“ и не се одржа гласање, а седницата беше прекината.
Седмата седница на СО Гевгелија има 35 точки на Дневен ред. Со 12 поминати точки за 7 часа Советот денеска реализирал само 34% од планираното. Со ваква „ефектива“ во работењето утрешното продолжување на седница треба да трае 14 часа за да се истера работата до крај. На пат е советниците да станат маратонци во седничарење заради неажурност на администрацијата и неодговорност на членовите на телата кои ги назначува Советот во локалните институции кои се во негова надлежност.
Многупати посакуваната корекција на цените за такси превоз за гевгелиските таксисти конечно доби зелено светло од Советот на општина Гевгелија на денеска одржаната седма редовна седница.
Причина за порастот на цените на такси превозот е покачувањето на цената на горивата, која пак свои импликации има токму заради настаните во Украина и вртоглавиот пораст на светските берзи за нафтени деривати.
Цената за старт од сегашните 50 е зголемена на 80 денари и за секој нареден километар, наместо досегашните 23 денари, ќе се наплаќаат по 33 денари, а чекањето од четири е зголемено на 7 денари од минута.
Со новата одлука за регулирање на такси превозот на подрачјето на општина Гевгелија се воведува ноќна тарифа, која ќе се применува од 22 часот вечерта до 6 часот наутро, со стартна цена од 90 денари, плус 35 денари за поминат километар.
Новина е и воведената празнична тарифа чија цена изнесува од 100 денари за старт и 40 денари за изминат километар.
Тоа значи дека такси превозот во Гевгелија се покачува за 60%‚ при давање дневна такси услуга, потоа поскапо за 80% за ноќна такси услуга, до 100% поскапо за празнична такси услуга.
Општината се обврза дека за такси превозниците ќе обезбеди дополнителен паркинг-простор на неколку локации во градот кои беа посочени од страна на самите оператори со такси превоз.
Сите овие корекции на цените на такси услугите за граѓаните Совето на општина Гевгелија ги прифати на барањето на Здружение на такси-компании во Гевгелија кое беше писмено доставено до локалната самоуправа во Гевгелија. Барањето за поскапување на такси-услугите тие го правдаа со зголемените цени на горивата и за нив, долиотг период од четири години од донесувањето на последната одлука за такси превозот која се применуваше изминативе години во Гевгелија.
Новите цени за такси услуѓите ќе започнат да се применуват по објавувањето на Одлуката во Службен гласник на Општина Гевгелија.
По двоипол месечни избори во општинските организации на СДСМ во државата и широк демократски избор од 40-на кандидати претенденти на функцијата претседател на гевгелиските социјалдемократи, централата му го довери кормилото на Миле Атанасов - Манце за нов претседател на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија
Миле Атанасов е роден 1975 година во Гевгелија. По професија е менаџер по царина и шпедиција, звање кое го стекнал по завршувањето на Факултетот за царина и шпедиција при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола во Охрид. Од 2007 година е вработен во ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, во Секторот за јавна хигиена. А, во 2018 година станува раководител на истиот сектор.
Во партискиот живот, како член на СДСМ ОО Гевгелија од 1998 година, е носител на повеќе функции- претсетдател на МО и делегат. На последните Локални избори 2021 беше носител на листата на СДСМ и коалицијата со што стана активен член во Советот на општина Гевгелија. Како вработен во „Комуналец“ има посебна заслуга во работењето на Јавното претпријатие, придонесувајќи Општина Гевгелија да биде чист и еколошки град, со развиена комунална инфраструктура во сите населени места.
Атанасов за доверената функција упати благодарност до Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ, за укажаната доверба да застанам на чело со Општинската организација во Гевгелија и со моите сопартијци да носиме нови промени кои ќе нè водат до победи! .
Тој додаде дека: - „Голема е честа да се биде носител на партиската функција, претседател на ОО СДСМ Гевгелија! Одлуката да одиме напред, е неопходна и од истата не отстапуваме. Да се бориме заедно и да донесеме нови позитивни промени. Верувам во подобро утре. Верувам во повеќе можности“.
Руската инвазија врз Украина утринава го започна својот 19 ден со гранатирање врз станбена област во главниот град Киев. Еве ги поентите од воените случувања во Украина што ги издвои за денеска 14 март Македонската информативна агенција - МИА:
*Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска, преку видео конференциска врска.
*Утринава гранатиран станбен блок во Киев, најмалку две лица загинаа, а три се повредени.
*Гранатирана административната зграда и фабриката „Антонов“, спопред локалните власти во нападот има две жртви.
*Американските извештаи тврдат дека Русија побарала воена помош од Кина. Наводно им недостигаат некои видови оружје. Кина ги демантира ваквите барања.
*САД и се заканија на Кина доколку ѝ помогне на Русија за време на инвазијата „последиците ќе бидат тешки“.
*Американски снимател и новинар е убиен во близина на Киев, се наведува дека Русите отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓал.
*Украина тврди дека руските сили киднапирале уште еден градоначалник
*Во Лавов се слушнаа експлозии, цел на Русите бил центар за воена обука и база западно од градот, а загинаа 20 лица.
*Ракетиран е и градот Ивано-Франковск
*Во Киев е соборен дрон со три килограми експлозив
*Новите сателитски снимки покажуваат катастрофални штети во Мариупол
*Украина: Руските сили отворија оган врз конвојот за евакуација во близина на Киев, убивајќи седум цивили.
МВР јавува дека денеска, сабота, 12.03.2022 год. се случила тешка сообраќајна несреќа кај с.Јосифово, валандовско, во која со повреди се здобиле двајца сопатници.
Утрово во 06:50 часот во ПС Валандово било пријавено дека на регионален пат кај с.Јосифово, валандовско, патничко возило „Пежо“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од с.Раброво, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(32) од Валандово, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.П.(25) од Гевгелија, констатирани во Општата болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.
Со примената на антикризните мерки кои доцна синоќа ги усвои Собранието на РСМ, а на предлог на Владата, денеска Регулаторна комисија за енергетика веднаш свика седница и днесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати како резултат на намалената акциза за истите.
Тоа значи дека државата се откажува за дел од своите приходи по пат на акциза за да ги ублажи ценовните шокови како резултат на турбуленциите на светските берзи по настаните во Украина..
Новите денеска утврдени цени од РКЕ - т.е. највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 86,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 88,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 88,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 83,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 60,914 (денари/килограм)
а веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот од 13.03.2022 година.
Со тоа цената на бензините се намалува за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.
Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.
– „Актуелната ситуација во домашната економија, погодена главно од цените на основните производи, од категоријата на прехранбени производи, се преземаат мерки кои ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните од повисоките цени, особено најранливите категории од социјален аспект и домашната економија. Со цел да се надмине оваа ситуација, потребно е да се интервенира. Пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за економска заштита на граѓаните и компаниите“, рече министерот Бесими во обраќањето.
Целта на Владата со овие измени и дополнувања е да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.
Со изгласаните измени основните прехранбени продукти, како леб, брашно, млеко, месо, зејтин, шеќер, ориз и јајца за кои досега имаше ДДВ од пет проценти, сега ќе се продаваат без ДДВ. Се намалува ДДВ-то од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси, се укинува плаќање ДДВ при увоз на енергенси и се намалува акцизата на горивата согласно берзанските цени.
Претседателот на државата Стев Пендаровски претходно во гостивање на Телма телевизија рече дека по изгласувањето на измените ќе ги чека веднаш да пристигнат кај него и да ги потпише, за да може веднаш да се објават во Службен весник и антикризните мерки од понеделник да стапат на сила.Собранието ги изгласа антикризните мерки
More...
Општинската организација на Црвен крст Гевгелија заедно со волонтерите од Клубот на млади по повод Неделата на борба против срцевосадови заболувања, реализираа едукативна работилница и неколку инфо сесии за важноста на превенцијата на срцевосадовните болести.
Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт како во светот така и во Република Северна Македонија. Се проценува дека 17,9 милиони луѓе во светот починале од срцевосадови заболувањасамо во 2019 година, што претставува 32% од сите глобални смртни случаи. Од овие смртни случаи, 85% се должат на срцев и мозочен удар. Во Република Северна Македонија повеќе од 57% од смртните случаеви се последица на срцевосадовите заболувања.
Сериозноста на овие бројќи го алармира светот за континуирана борба против срцевосадните заболувања кои се причинител на срцевите потешкотии, ослабувања на срцето и срцеви заболувања.
Од тие причини во Гевгелија главен акцент на активностите во одбележувањето на Неделата на борба против срцевосадовите заболувања беше токму едукацијата на помладото население за стекнување знаења за здрав живот, здрави навики и здраво срце.
Главната работилница на истоимената тема беше одржана во просториите на СОУ "Јосиф Јосифовски" - Гевгелија, на која учествуваа дел од професорите, учениците и вработените од училиштето. На работилницата стручни искажувања за болестите на срцевите садови имаше Д-р Патрик Матх - специјалист по интерна медицина во Општа болница во Гевгелија.
Како поенти од работлницата беа: групата на срцевосадови заболувања, односно коронарната болест, цереброваскуларната болест и ревматските срцеви заболувања, срцевите и мозочни удари и начините на нивно појавување, како и ризик факторите. Како ризик фактори беа издвоени: исхраната и физичката (не)активност на лицата како сопствен избор на однесување, употребата на цигари и тутун, предиспозициските односно социо-економските фактори, полот, возраста и наследноста и други.
За типични знаци беа истакнати болката во градите, особено во средината на градите, рацете и левото рамо, како и потешкотиите со дишењето и заморот.
Како превентивни мерки д-р Матх ги истакна: прилагодувањето на исхраната, односно конзумирање на здрава храна, откажување од пушењето, физичка активност, регулирање на крвниот притисок и холестеролот итн.
Соработката со стручните лица од здравствената дејност секогаш претставува мотив за заедничка грижа за превенција наместо интервенција врз нарушеното здравје, па такаод името на организаторот на работилницата, ОО на ЦК Гевгелија, секретарот Л.Мешков му додели Благодарница на д-р Патрик Матх за неговиот ангажман и колегијалниот придонес на останатите здравствени работници во битката со пандемијата на Ковид - 19, која многу научни сознанија ја потенцираа и како ризик за појава на срцеовосадови заболувања.
Фото Галерија: ФБ архива на ЦК Гевгелија
По двегодишна проектна соработка со Министерството за здравство, завршена тендерска меѓународна постапка, набавка и дистрибуција во Општа Болница Гевгелија конечно пристигна најсовремениот апарат за компјутерска томографија.
- „Овој апарат овозможува насовремена и најнапредна дијагноза на претежно невролошки заболувања, дијагнози на рбетен столб, пред хирушко дијагностицирање на зафатот и со тоа во голема мера ја олеснува и овозможува вистинската медицинска интервенција кај пациентите. Компјутерскиот томограф е апарат кој овозможува 128 секвенци на органот кој е во опсервација, односно 128 пресеци, при што дијагнозата е компјутерски прецизна. Со неговата примена во здравствената услуга на пациентите во Општа Болница Гевгелија значително ќе се подобри дијагностиката на секундарно ниво и оваа услуга ќе ја направи подостапна и побрза за граѓанит од регионот“ - истакна за GevgelijaNet директорот на Општа Болница Гевгелија, д-р Митко Крџев..
Набавката на апаратот е со средства од Министерството за здравство и Владата на РСM и чини околу 200.000 евра. Гевгелиската Болница аплицираше за проектот и со добивањето на апаратот Болницата во Гевгелија ја впиша општина Гевгелија како една од петте градови во државата чии здравствени установи имаат таков компјутерски томограф.
Веќе два дена во Болницата се изведува монтирањето на современиот апарат кој е поставен во Службата за рентген дијагностика.
За да може да се врши квалитетна дијагностика на овој апарат, Болницата ќе ги упати на 2-3 неделна едукација своите технолози за правилна употреба на апаратот, а ќе следува и субспецијализација на ренгенолозите за квалитетно „читање“ на снимките добиени од компјутерската томографија.
- „Очекуваме најмалку за два месеца целиот систем на едукација да биде заокружен, по што ќе можеме на нашите пациенти да им ја пружиме најсовремената дијагностика за снимање на повреди, или невролошки промени во мозочната сфера, на главата, на рбетниот столб и да овозможиме точна дијагноза без да го упатуваме пациентот на таква специјалистичка услува во друга здравствена установа, во друга општина“ - додава д-р Крџев.,
Вредноста на медицинската апаратура во Гевгелиската болница е особено зголемена со набавката на овој апарат, сега останува граѓаните преку стручната дијагностика да го капитализираат во подобрување на своето здравје.
Пакетот мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидност на компаниите што го подготви Владата за ублажување на најголемата економска криза каква што не се памети а предизвикана од конфликтот во Украина, денеска беше претставен од премиерот Димитар Ковачевски.
Растот на цените на храната и енергенсите нѐ засега и нас, и со цел заштита и поддршка на граѓаните и стопанството Ковачевски презентираше 26 мерки и апелираше за рационално користење и штедење на енергенсите, а јавноста ја увери дека стоковите резерви се полни и не недостасува ни храна ни нафта.
- „Одржавме економски совет во кој учествуваа експерти од економскиот сектор. Усвоени се 26 мерки и препораки. Мерките за заштита на животниот стандард вклучуваат укинување на ДДВ за основни прехранбени производи, а се предвидува и замрзнување на маржата за основните производи за исхрана“, рече Ковачевски.
1. Се укинува ДДВ од 5 отсто за основните прехранбени производи – леб, брашно тип 400, масло за јадење, јајца, шеќер, трајно млеко, свежо месо и ориз.
2. Граѓаните од ранливите категории ќе добијат ваучери за исхрана од 1000 денари во рок од три месеци кои ќе моат да ги користат околу 35 илјади граѓани.
3. Исто така, се укинуваат царините за увоз на основни прехранбени производи.
Во однос на енергенсите, Ковачевски соопшти дека е донесена одлука за продолжување на мерката:
5. Повластената стапка за ДДВ од 5 отсто за електричната енергија што ќе трае до декември, а за домаќинствата ќе има нова методологија за пресметување на пониска цена на електричната енергија.
6. Тој најави дека 30 милиони денари ќе се користат за субвенционирање на купување и инсталација на фотонапонски панели за обновлива енергија до 4 киловати за сопствена потрошувачка на домаќинствата на градба на која има право на сопственост во износ не поголем од 62.000 денари или 30 отсто.
7. Пензионерите ќе се субвенционираат со помош од 1000 денари, а до јуни месец ќе се субвенционираат домаќинствата и малите потрошувачи со повластена даночна стапка.
8. Ќе се субвенционира и топлинската енергија во градот Скопје.
9. Во врска со нафтата и нафтените деривати, економскиот совет одлучил промената на цената на дериватите да се врши на дневна основа и со тоа да се избегнат големи ценовни промени од една до друга одлука.
10. Се воведува ДДВ од 5 отсто за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен гас и метан, а се намалува и акцизата врз основа на берзанските цени за 1, 2 и 4 денари по литар што граѓаните ќе го почувствуваат со пониска цена на горивата, така што дизелот ќе се намали од 85,5 на 75 денари, а бензините од 91,5 денари ќе се намалат за 11,5 денари и ќе изнесува 85 денари.
Владата ги повика општините да организираат ефикасен јавен превоз достапен за сите со цел граѓаните да можат да заштедат со намалување на користењето сопствен превоз.
Во врска со одржувањето на ликвидноста на компаниите, донесени се мерки за субвенционирано кредитирање преку Развојната банка и комерцијалните банки за обртни средства. Меѓу другите мерки, од обврската за ДДВ се ослободени увозниците за електрична енергија, топлинска енергија, енергија за ладење и гас.
Докторот Даниел Кировски од Валандово замина на граничниот премин меѓу Бугарија и Романија за да им пружа медицинска помош на бегалците од војната во Украина, каде ситуацијата ескалира и принудува се поголем број луѓе да ги напуштаат своите домови.
Националната асоцијација на доброволците собрала над 70 лекари, меѓу нив и валандовчанецот, д-р Кировски, кои доброволно и бесплатно ги прегледуваат и им пружаат медицинска помош на бегалците од кризните региони во Украина кои пристигнуваат во прифатните центри на границата меѓу Бугарија и Романија.
„Од долгото и мачно патување бегалците најчесто имаат проблеми со алергии, респираторни болести и дијареа, но голем број од нив имаат и онколошки како и ревматични болести. Се надеваме дека оваа војна што побрзо ќе заврши, а со неа и бегалските маки“, рече д-р Кировски за „Слободна Европа“.
Од почетокот на руската инвазија досега повеќе од два милиони луѓе ја напуштиле Украина, покажуваат последните податоци на Обединетите нации, а повеќето од нив заминале во Полска, како и во Унгарија, Романија, Молдавија и Словачка.