Мртвите сребрени пеликани беа пронајдени утрото во понеделник, на 28 март во водите на Дојранско езеро во територијалните води кај местото Дојрани, Р. Грција. Дали е во прашање птичји грип се' уште се испитува. Грчките медиуми потсетуваат дека птичјиот грип покоси популации на птици во Преспа до Керкини.
Според информациите на eidisis.gr Ветеринарната служба на Подрачната единица Кукуш земала мостри од мртви сребрени пеликани од Дојрани и во понеделник попладне ги испратила во специјалната лабораторија во Солун за да се утврди дали се работи за птичји грип. Резултатите од анализите се очекува да бидат дадени на службата во среда напладне. Доколку се позитивни на птичјиот грип, тогаш ќе започне вистинска одисеја за заштита на населението од богатата фауна на езерото, поради особеностите на водите на езерото.
Веќе со помош на општина Кукуш, на плажата на езерото е поставена канта за собирање на угинати птици, кои ќе се водат на спалување во единица за кремирање, преку програмата за собирање на угинати животни од регионот на Централна Македонија (во Р. Грција, н.з.).
Ветеринарната служба се подготвува - со помош на рибарите на езерото - за собирање на птиците, чија популација е многу голема во Дојрани, со десетици видови, со „претежно“ сребрените пеликани и корморани.
Сепак, задачата за собирање на мртви птици во грчкиот дел од езерото ќе биде многу тешка, а во некои случаи и невозможна. Пред околу 30 години, потсетуваат тамошните едиуми, водите од езерото беа повлечени главно поради сушата, па во старото корито на езерото, речиси по целиот негов крајбрежен фронт, главно во грчкиот дел, се создаде вистинска шума.
Пред неколку години водите на езерото се вратија на старото ниво и во езерото беше поплвена крајбрежната самоникната шума што беше овде создадена.
- „Во оваа шума, од сега исушените дрвја и гранки, птиците на езерото последниве години наоѓаат засолниште и овде ги правеа своите гнезда за нивно размножување. Во овие делови на езерото и во радиус од околу два километри, до пределот на „Илјада дрвја“, не може да се влезе со рибарски чамци, дури ниту пеш не може да се стигне до нив. Таму веќе има многу мртви сребрени пеликани, кои вчера беа лоцирани од телефото објективот ВЕСТИ. Сребрените пеликани се полесно се проаоѓаат поради нивната огромна големина, додека помалите птици од езерската фауна ќе биде невозможно да се лоцираат и соберат“ - пишува за eidisis.gr репортерот Костас Терзенидис.
Од вирусот „Птичјт грип“, или Авијарна Инфлуенца во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Откако од сојот Х7Н9 во светот починаа околу 300 луѓе, во текот на 2016 и 2017 година, до сега нема забележано значителен број на човечки инфекции со птичји грип.
Утре, среда 30 март, од ЕВН- КЕЦ Гевгелија најавуваат дека ќе има преќин во електроснабдувањето на подрачјето од пет улици и станбени објекти во Гевгелија.
Прекинот ќе трае шест часа и тоа почнувајќи од 09:00 наутро до 15:00 часот попладне. Во овој период без електрично снабдување ќе останат потрошувачите, станарите, правните сублекти лоцирани на улиците: „Борис Карпузов“, „Ванчо Прке“, „Ристо Шуклев“, „Скопска“ и „Иво Лолар Рибар“
Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на локациите погоре наведени. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат пет улици од Гевгелија кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центар (КЕЦ) евгелија.
Се изнформираат сензитивните дејности на недостиг од елекроснабдувањето во наведениот термин да го прилагодат своето работење согласно условите се' до вклучување на електроенергетскиот систем повторно во функциј, на овие наведени улици.
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во една од собите на семејната куќа на улица „Илинденска“ со Гевгелија, во пластични саксии со хумусна земја, осомничениот засадил повеќе семки од растението канабис. Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година редовно ги наводнувал и прихранувал со ѓубриво, ги осветлувал со ЛЕД сијалици и ги затоплувал. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршетоци, ги сушел и ги пакувал за продажба. При претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе различни пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Четири први, едно второ и две трети места се седумте освоени награди на учениците на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија на Општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа. минатата сабота во Струмица.
Од гевгелиското училиште „Крсте Мисирков“ учествуваа ученици од V до VIII одделение и сите постигнаа наградни позиции од прво, второ и трето место.
ПРВО место освоија:
- Нина Петкова - ( VI одд. )
- Нина Јованова - ( VII одд.)
- Георгина Улиш - ( VII одд.)
- Јован Грозданов - Прво место - (VIII одд.)
ВТОРО место освои:
- Лука Николоски - ( VIII одд. )
ТРЕТО место освоија:
- Тамара Маркова - ( V одд. )
- Леонид Дуклевски - ( V одд. )
Со овој освоен пласман сите ученици продолжуваат на регионалниот натпревар.
Ментори на наградените ученици се наставниците: Викторија Андонова, Нада Крстова, Марија Дучкова и Кристина Пренда.
Среќа и успех во следната регионална фаза на натпреварување.
Градоначалникот на општина Дојран Анго Агов и градоначалникот на општина Вишеград Младен Ѓуревиќ завчера потпишаа Договор и Повелба за збратимување. Настанот се реализира во склоп на саемската манифестација - Меѓународен турискички Саем во Белград. Овде двете општини најдоа области на заеднички интереси за соработка и размена на искуства.
Општина Вишеград се наоѓа на истокот од Репунлика Српска во Босна и Херцеговина. Има 13.500 жители, Самиот град брои 8.000 жители и претставува атрактивно туристичко место и значајно транзитно туристичко место до дубровничката ривиера. За туроператорите е привлечен по стариот мост на Дрина опишан во истоимениот роман на југословенскиот писател, новелист и поет Иво Андриќ, за кој добил Нобелова награда за литература во 1961 година.
Градоначалникот на Вишеград Ѓуревиќ рече дека Договорот за збратимување со македонската општина Дојран претставува почетна точка за заедничко дејствување во регионални и европски рамки, како и за заедничко планирање на проекти.
- „Ова е почеток на меѓусебно давање стручна помош, што придонесува за подобрување на функционирањето на локалните самоуправи“, посочи Ѓуревиќ.
Тој напомена дека збратимувањето е основа за соработка во областа на туризмот, културата и инвестициите, нагласувајќи го развојот на двете општини.
Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов изрази задоволство од збратимувањето на општините кои ќе соработуваат во различни области, особено во туризмот.
На потпишувањето на Договорот присуствуваше и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на РС Македонија, Љупчо Јаневски.
Уште четири денови нѐ делат од објавувањето на резултатите од Пописот на население спроведен минатата година, а ТВ21 од извори во Заводот за статистика вечерва објави дел од резултатите во однос на бројот на резидентноито и нерезидентното население.
Неофицијално, како што објави телевизијата, во земјава живеат 1 милион и 800 илјади граѓани, а заедно со дијаспората сме 2,1 милион жители, што значи дека околу 300.000 лица живеат во странство. Како што пренесе телевизијата, вкупниот број граѓани кои имаат матичен број изнесува 2,5 милиони.
Во однос на етничките заедници во земјава, околу 65 отсто се Македонци, околу 24,7 се Албанци, а 10-12 отсто се припадници на други заедници.
Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би претставувале од 60 до 62 проценти од населението, додека Албанците 29,5 проценти, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10 проценти.
Општина Дојран и туристичките понудувачи и угостители и годинава учествуваат на традиционалниит меѓународен саем за туризам во Белград каде не останаа незабележани од тамошната саемска публика.
Освен својот туристички штанд богат со брошури, флаери, визит понуди за сместување и угостување при посета на Дојран, годинава по традиција на секои дојрански гостувања во странство, се одржа специјалната „Дојранска вечер“, во рамките на саемските денови.
Настанот се одржа синоќа во „City Hall“ во Белград на која учествуваа градоначалникот на општина Дојран, саемските излагачи, и секако атрактивната кулинарска понуда на дојранските угостители: Рестораните „Фук-Так“, „Калдрма“, хотел „Романтик Плаза“ Дојран. Специјалитетите на маса за дегустација, а шефовите на кујните на бина за промоција на вкусовите од плодовите на доојранското поднебје, за да кажат дека ова е само дел од сето она што плива и расте во Дојран, а се сервира на трпезите во нивните ресторани.
Вкусовите од југот ја обединија публиката во намерата да го посетат Дојран и тамошните сместувачки капацитети за да ги вкусат традиционалните специјалитети од риба и со поглед на Дојранското езеро, за полн впечаток од поднебјето.
Дојранската вечер беше единствен настан организиран од Дојран за разлика од останатите учесници од Македонија, општините Охрид, Демир Капија и Гевгелија. Саемот нуди можности за презентација пред 65.000 саемска публика и промоција пред 1.000 медиуми од Србија и странство. Настапот на Македонските претставници беше поддржано од државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот.
Македонија е преплавена со возила со бугарски регистрации, чии сопственици се Македонци со бугарски пасоши, кои давачките за користење јавни патишта ги плаќаат во Бугарија, а ги користат македонските патишта. Затоа, Владата лани за 50 отсто ги намали давачките за регистрација на вакви возила тука. Условот е тие да влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година и да се со ЕУРО 4 стандард. Владата најави дека со ваквото решение во буџетот ќе влезат приходи од околу 20 милиони евра.
Сите сопственици кои ја завршиле ргистрацијата на своите увезени возила немаат проблеми. Останатите, кои не го искористиле ова олеснување се соочуваат со проблеми на граница>
- „Пеш може, со кола не“, - . Ова е одговорот на граничните власти кои го добиле повеќе македонски граѓани, кога со своите автомобили, регистрирани во странство, деновиве се обиделе да влезат во земјава.
На граница им било кажано дека автомобилот со странски таблички може да влезе во Македонија само ако неговиот сопственик се откаже од адресата на живеење во земјава или со документи дека возилото се увезува. Ова за ТВ24 го потврди и бугарски царински службеник од граничниот премин кај Делчево, кој сакаше да остане анонимен. Според него, од почетокот на месецов, многу автомобили со бугарски регистарски таблички кои сакале да влезат во земјава, биле вратени назад во Бугарија.
Од МВР велат дека на возила, вклучувајќи ги и оние со странски регистарски таблички им се дозволува непречен влез и излез од државата секогаш кога се исполнети законските услови за тоа.
Од Царинската управа соопштуваат дека ваквите возила се водат како привремен увоз на стока, која мора да се царини.
- „Привремен увоз значи царинска постапка, според која одредена стока, вклучувајќи и транспортни средства, може да се внесе во царинското подрачје со целосно ослободување од плаќање увозни давачки и повторно да се извезе во одреден рок во непроменета состојба, при што условите и начинот на одобрување е регулиран со Конвенцијата за привремен увоз - Истанбулска Конвенција, одредбите од Царинскиот закон и одредбите од Уредбата за спроведување на царинскиот закон.“
Синоќа во Скопје на 10 минути пред полноќ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје лишиле од слобода двајца Гевгеичани. Притворените се на 25 и 21 годишна взраст, И двајцата имаат правосилни судски пресуди за сторено кривично дело, постариот од Основен кривичен суд Скопје, а помладиот од Основен суд Гевгелија.
Полицискиот притвор е изведен понеделник пред полноќ, на 21.03.2022 во 23.50 часот на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје.
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(25) од Гевгелија. Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување на мерка притвор по пресуда за казна затвор од 4 години за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик. Д.Ј. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 21.03.2022 во 23.50 часот на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(21) од Гевгелија. Тој бил баран со централна потерница од Основен суд Гевгелија за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. С.Б. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Најстарото планинарско друштво во општина Гевгелија ЗПСК „Кожуф“ годинава одбележува 70 години од своето формирање - Јубилеј за почит, но и повод за низа одбележувања.
Во духот на планинарството кое се темели на престој и грижа за шумата, јубилејците својата завидна годишнина ја одбележаа со организирање на акција за пошумување во пределите на гевгелискиот Кожув, со работно мото „ПРИРОДАТА Е БОГАТСТВО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА“.
Викендов беа посадени 6.000 садници црн бор и багрем, во околината на Ново Конско, подножјето на Кожуф планина.
Во акцијата учество зедоа 65 планинари од ЗПСК „Кожуф“, а им се придружија и други јубилејци - членовите на Мкадинскиот Клуб на Црвениот Крст од Гевгелија кои годинава во март одбележаа 77 години од своето формирање во далечната 1945 година.
Вредните планинари, активисти на ЦК во акцијата за пошумување по повод Јубилеите беа поддржани од претставници од ЈП Национални шуми- Подружница ШС „Кожув“- Гевгелија кои помогнаа во подготовките на теренот и садниците, како и членови на НВО „Чејнџмејкерс“- Гевгелија.
Планинарите на „Кожуф“ после изведената акција за пошумување грижата кон природата ја покажаа и со изведба на еколошка акција за чистење на подножјето на Кожуф долж теренот кој го оплеменуваа со садници. Целта на ова акција е повеќе зеленило и почиста животна средина, велат „Кожуфци“. Членовите на ЦК пак 77 години јубилеј за означија со симболиката засадувајќи 77 садници од бор и багрем.
Јубијејот - 70 години од формирањето и активното опстојување на Планинарското друштво „Кожуф“ во далечната 1952 година, пред 4 години пререгистрирано во ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, ќе биде повод за низа акциски одбележувања во текот на целата година, најавуваат од „Кожуф“
More...
Денот на доаѓањето на пролетта 20 Март е Меѓународен ден на среќата. Датумот го одреди Генералното собрание на Обединетите нации. Настан создаден за да потврди дека среќата е едно од основните права на човекот.
Во Резолуцијата на ОН со која се утврдува Меѓународниот ден на среќата се вели: „..…дека потрагата по среќа е основна цел на човештвото…“ . За датум е избран 20 март поради тоа што на овој ден настапува пролетната рамноденица. Овој ден е симбол на повторното раѓање на природата.
Секоја година, непосредно пред Меѓународниот ден на среќата, ОН на својата веб-страница го објавуваат Светскиот извештај за среќа, кој ја составува листата на најсреќните земји во светот врз основа на критериуми како што се БДП по глава на жител, благосостојба, очекувања од животот, слобода, отсуство на корупција и социјална соработка.
МАКЕДОНИЈА е на 89-то место. Македонските граѓани се за пет места „посреќни“ од минатогодишната анкета на листата за среќа објавена од ОН лани.
На првото место е Финска, потоа Данска и Исланд.
На дното на листата се Авганистан, Либан, Зимбабве, Руанда и Боцвана.
Податоците се дел од глобалната анкета како луѓето го ценат својот живот, реализирана во повеќе од 150 земји низ светот.
Вселенски комбинезони со сино-жолта боја како боите на украинското знаме е работната гардероба со која се појавија тројца руски космонаути кои пристигнаа денеска на Меѓународната вселенска станица.
Неколку пати се најавуваше дека нивниот лет ќе биде откажан поради војната, но сепак тие полетаа. Тие дојдоа со капсулата „Сојуз“, а во посадата се наредникот Олег Артемјев, Денис Метвејев и Сергеј Корсаков. На МВС дојдоа по тричасовен лет од Казахстан. Се работи за први космонаути од Русија, кои дојдоа на МВС по нападот.
Веќе во неколку наврати се спомнуваше дека нивниот лет ќе биде откажан поради војната. Но, сепак полетаа. Во видеото кое е објавено непосредно пред летот космонаутите носеа бело-сини костими. Но, на МВС се споија со жолто-сини костими.
На МВС срдечно ги пречекаа американски и германско колеги, како и Руси кои веќе беа горе. Еден од космонаутите, Олег Артемјев, прашан за жолто-сините костими, кога разговараше со членовите на семејството на Земјата, рече дека секој член бира што ќе носи. Додаде дека имале многу жолт материјал и требало да го искористат.
На денешен ден 18 март 1992 година, во 18:30 часот замина последниот војник на Југословенската Народна Армија (ЈНА) од подрачјето на општина Гевгелија. После 18:30 часот со заминувањето на последниот автобус со војници на ЈНА се затвори широката двокрилна порта од влезот на Касарната во Гевгелија.
Ова беа почетоците на осамостојувањето на Македонија и институционаното дистанцирање од СФРЈ која во тие бурни години веќе се распаѓаше со отцепување на републиките, а во некои од нив и со разгорени воени дејствија.
На овој важен 30 годишен јубилеј се потсетува Илија Карагошев, сегашен советник во Министерството за одбрана, Одделение Гевгелија кој во далечната 1992 година бил командант на Територијалната одбрана за општина Гевгелија.
- „По успешниот договор помеѓу тогашниот претседател на РМ Киро Глигоров и заменикот на сојузниот секретар за народна одбрана на СФРЈ Благоја Аџиќ за дислокација на ЈНА од територијата на Република Македонија, на 15 и 16 март 1992 година единиците на Територијалната одбрана за Гевгелија, го превзедоа обезбедувањето на границите на Македонија со своите соседи, од страна на армијата на ЈНА.
На 15 март беше превземена дел од границата спрема Р.Грција од Беласица долж линијата до караула „Даб“, а на 16 март единиците на ТО ја превзедоа контролата на границата од караулата „Даб“ до Ниџе. За два дена од 15 до 16.03.1992 од ЈНА превзедовме 13 караули, и 2 касарни (касарната во Дојран и во Гевгелија). Стотиците припадници на Територијалната одбрана за Гевгелија ја превзедоа должноста да ја контролираат границата со Бугарија и Грција од Беласица до Ниџе, во должина од 128 километри“ - се потсетува тогашниот командант на ТО за Гевгелија Илија Карагошев кому му била доверена задачата за чување на македонската граница.
Оваа постапка, контролирањето на границата беше меѓу првите важни потези на заокружувањето на процесот на осамостојувањето на Македонија од тогашната СФРЈ.. На него му претходеше Референдумот за осамостојувањето на Македонија одржан на 8 септември 1991 година, па Договорот Глигоров-Аџиќ реализиран 21 февруари 1992 во Скопје за заминувањето на ЈНА од територијата на РМ, а трета манифестација на осамостојувањето на државата беше токму чинот на превземањето на контролата на границите на Македонија со соседите.
- „Предизвикот беше голем и одговорен.. Имавме само десетина дена за подготовка на силите на ТО да ја превземат работата на терен. Тоа беа лица со отслужен воен рок, во резервен армиски состав, припадници на ТО, со свои работни обврски кои што требаше за кратко време да ги подготвиме за задачата да бидат чувари на границата. Во тоа време според Уставниот закон на СРМ единиците на ТО беа единствениот вооружен одбранбен состав на територијата на С.Р. Македонија. Нашите припадници на ТО од Гевгелија, Богданци, Дојран и од населените места кои беа вклучени во оваа обемна и одговорна задача исклучително на ниво ја обавија својата задача. Иако вооружени, иако се гледаа во очи со граничарите преку границата, иако имаше провокации не се случи ниту еден граничен инцидент. За тоа сум благодарен на сите кои се вложија во организацијата, подготовката и планската распореденост на оваа акција, како и на припадниците на резервните старешини за одговорниот однос да бидат угледен стожер на одбраната на границата на Македонија“ - ни изјави Карагошев.
Заради трезвеноста на овие луѓе кои цел живот се тренирале за одбрана, во тогашниот колективен „Систем на општонародна одбрана и заштита“ Македонија успешно го заокружи својот процес на осамостојувањето со заминувањето на последниот војник на ЈНА од Македонија, процес кој се заокружи на 27 март, а подоцна и со фискално отцепување од СФРЈ со воведувањето на своја валута, денарот како платежно средство во Македонија.
Одбранбениот бедем воспоставен од припадниците на ТО функционираше до 11 јуни 1992 кога на границата беа испратени првите војници кои отслужија воен рок во Самостојна Република Македонија, како дел од АРМ. Овој процес на замена на припадниците на Територијалната одбана со редовниот состав на припадници на АРМ траеше 10 дена. Тука завршува теренската одбранбена улога на единиците на ТО. Во 1993 година ТО се трансформира во резервен состав на Армијата на Република Македонија. АРМ во годините кои следуваа израсна во респектабилна армија, современо обучена и опремена и се интегрира во најмоќниот воен сојуз НАТО.
- „Неколку стотици припадници на ТО беа вклучени во оваа операција на гранично обезбедување на Македонија. Многу од тогашните припадници заминаа на своите редовни работни задачи, му се посветија на својот живот, за жал некои и не се веќе меѓу нас. Ова е дел од историјата на Гевгелија, од историјата на Македонија, каде чинители беа наши сограѓани, гевгеличани, богданчани, дојранчани. Сите тие се вложија максимално и одговорија посветено на сериозноста на задачата да се обезбедува границата на нашата држава. За некој месец ќе заминам во пензија. АРМ функционире, а ТО е дел од еден систем кој во клучната 1992 година од осамосојувањето на Македонија четири месеци ја вршеше најважната одбранбена улога во државата. Тоа некој треба да го пренесе и на другите генерации после нас. Затоа напишав и пост на социјалните мрежи кој предизвика интерес и за овој разговор и за ова сеќавање споделен пред Вашите читатели“ - се сеќава Илија Карагошев, командант на ТО Гевгелија, кој раководеше со 13 караули, две касарни и неколку стотици припадници на ТО кои ја чуваа граничната линија со соседите во должина од 128 километри, секој ден од 15 март до 11 јуни 1992 година.
Денес од некогашната касарна Гевгелија остана само цементното постоље за бината каде се изведуваа свечености по повод Денот на Републиката, тогашна СФРЈ, 29 ноември и Денот на ЈНА 22 декември. Во околината на неколку хектарскиот простор на поранешна касарна денеска буи станбениот, градскиот, спортскиот, стопанскиот живот на Гевгелија. Слобода е, животот се одвива, се развива како и новите генерации.
Од нас благодарност за овие одговорни припадници на ТО.
Вечен спомен за тие кои се споија со македонската земја која што ја обезбедуваа и бранеа.
Слава им!
Втор ден како важи мерката 0% ДДВ на основните прехранбенин производи во сите маркети низ државата, и тоа за следните прехранбени производи:
- леб,
- брашно тип -400,
- млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5 %,
- бел шеќер,
- сончогледово масло,
- месо и други кланични производи за јадење,
- бел ориз,
- јајца
Дали и колку се почитува новата мерка на Владата за одржување на семејниот стандард од страна на трговците, дали издаваат фискални сметки со 0% ДДВ за овие производи фискалната инспекција веќе работи засилено со контроли на терен.
Се посетуваат трговските субјекти, се проверуваат фискалните апарати и документите. Инспекторите се во потрага по прекршувачи на законите.
Управата за јавни приходи првите денови ќе проверува, а викендов ќе се знаат деталите дали и каде се детектирани неправилности.
Со глоба и прекршочен платен налог ќе се соочат трговците коишто ќе се обидат да ги заобиколат новите правила.
Проверките во однос на прашањето дали има намалување во цените на храната е во надлежност на друга институција – Државниот пазарен инспекторат.
Но, директорката на УЈП најави заеднички координирани акции на терен со Пазарна за да се дојде и до тие одговори.
Во меѓувреме, граѓаните се скептични дека храната во скоро време ќе поевтини. Се плашат од сè попразни потрошувачки кошнички.
Основните производи ќе се продаваат со нула проценти ДДВ нецели три месеци или до 31 мај.
Од Владата очекуваат дека со оваа мерка ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на производите.
Од УЈП апелираат до граѓаните да не прифаќаат фискални сметки ако на нив не се точно детектирани новите поединости.