Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои ќе важат вечерва од полноќ, 12.04.2022 во 00:01 часот. Истите се за 1,40% поефтини од последниот износ на цените на дериватите донесен со одлука на РЕК од 7.04.2022 година.

Така, со денеска донесената одлука на РКЕ за усогласување на цените според светските берзи за горивата, највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 80,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 82,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 80,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 78,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 51,335 (денари/килограм)

Ова значи намалување на цената на бензинот за 1, а на дизелот за 2 денари по литар.



Полициски службеници од Струмица во текот на вчерашниот ден, сабота, 9 април, притворија 35 годишен жител на Дојран.

Се работи за лицето Н.М. (35) од Стар Дојран кој бил лишен од слобода во 03:00 часот во Струмица.

Во полицискиот извештај е наведено дека при претрес во возило „Форд фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. биле пронајдени и одземени 19 штеки цигари без бандероли.

Ова е акцизна стока чија трговија во внатрешниот и надворешниот промет е законски контролирана од страна на државата.
По целосно документирање на случајот против него ( Н.М.) ќе биде поднесена пријава по член 278 од Кривичниот законик и член 77 од Законот за акцизи, најавуваат од МВР.



Државната Дирекција за заштита и спасување на РСМ донираше нова опрема наменета за спасување од поплави, а треба да послужи во специјализираните акции што ги спроведува екипата на ТППЕ Гевгелија.

Вредноста на онираната опрема не е позната бидејќи истата е набавена од ДЗС-Скопје, а истата содржи: еден агрегат, две потопни пумпи, три црева, техничко јаже, рефлектор со постоље и универзален клуч за спојка.

Опремата вчера беше предадена од страна на претставници на ДЗС предводени од заменик-директорот Зулфикар Зејнулаи, а ја прими командирот на Територијалната Противпожарна единица во Гевгелија., Игор Ризов.

- „ТППЕ Гевгелија на подрачјето на својата надлежност има мал број интервенции во случај на поплава, но за секоја неприлика треба соодветна опрема и оваа донираната од ДЗС ќе биде од корист кога ќе биде потребно. Годинава на пример немавме такви интервенции, но понекогаш им помагаме на граѓаните во случај на поплавени подруми, приземни простории особено во подрачјето и сезоните кога се излева Вардар, или при пукање цевка во нечиј дом, иако тоа е надлежност на Комуналното претпријатие, но еве и ние излегуваме во пресрет на повик на граѓаните. Поголеми интервенции имаше при големата пплава со пукањето на браната кај Топлик, 2004 година, или покасно со излевањето на водите од Рауљот. Да се надеваме дека потребите од оваа наменска опрема за интервенции при поплави ќе бидат се' помали“ - изјави командирот н ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Заменик директорот на ДЗС, Зејнулаи при посетата на ТППЕ Гевгелија напомена дека Дирекцијата за заштита и спасување и понатаму ќе одвојува средства за зајакнување на техничките капацитети на локалните единици со цел зајакнување на капацитетите во областа на цивилната заштита. На ова од ТППЕ Гевгелија посочија конкретна потреба од ново специјализирано против пожарно возило. Дирекцијата не ги исклучи напорите следната донација да биде токму тоа се со цел за поефикасно справување на пожарникарите при интервенцијата во случај на елементарни непогоди на подрачјето на теренска надлежност на ТППЕ- Гевгелија.

 

Основниот кривичен суд во Скопје го осуди Бојан Јовановски, познат како Боки -13 , на девет години затвор за измама и перење пари, како претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Судот ја ослободи поранешната министерка и пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, поради немање докази дека била инволвирана во случајот. Таа беше обвинета за помагање во делото измама.

„Јавниот обвинител не докажа дека обвинетата Ременски го сторила делото за кое се гонеше“, рече судијката.

Заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Ерцеговиќ, судот ја осуди на казна затвор од 4 години, во која ќе и биде пресметано и времето поминато во притвор од 2019 година. Асистентката на Боки-13, Христина Блажевска е осудена на казна затвор од една година за помагање. Таа беше ослободена од вина за кривичното дело измама, но беше прогласена за виновна за помагање за „перење пари“. „Меѓународен сојуз“, ќе треба да плати еден милион денари.

Судот на таткото на Бојан Јовановски, Миле му изрече условна казна. Тој беше петтообвинет во случајот. За него обвинителството тврдеше дека помагал во кривичното дело перење пари, а беше гонет и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година Боки 13, како претседател на „Меѓународен сојуз“ ги измамил бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 700 илјади луѓе, а Амзоски 200 илјади евра.

Според обвинението Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата.

Обвинетите во текот на судскиот процес кој траеше 1,5 година, тврдеа дека станува збор за реални проекти, а не за измама.

Осудена е и невладината организација, Меѓународен сојуз и треба да плати парична казна од милион денари.
Обвинетите и обвинителката по добивањето на пресудата може да се жалат пред повисокиот суд.
Претходно, Јовановски е осуден и во предметот „Рекет“, на затворска казна од девет години.



Подготвувајќи се, образувајќи се за најхуманата дејност здравствената, лекувањето на луѓето и грижа за јавното здравје, денеска учениците од СОУ „Богданци“ од Богданци го одбележаа работно и акцијашки Светскиот ден на здравството - 7 Април.

Учениците од здравствената струка во средното општинско училиште во Богданци денеска во градскиот парк, на оворено им пружаа беспатни здравствени услуги на своите сограѓани.
Грижливо и посветено под менторство на своите професори/лекари, тие на граѓаните им извршија мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, отчукувања на пулс, телесна температура и абдоминална циркумференција Сите пунктови бea отворени од 10 - 13 часот.

Акцијата се изведе со поддршка на општина Богданци, градоначалникот Шапов, претседателот на Советот на општината. Тие својата поддршка ја искажаа и лично со учество во акцијата и користење на услугите од ученици и нивната практична примена на знаењата стекнати во образовната струка на СОУ „Богданци“ од Богданци.

Среќен ден на сите здравствени рабтници и тие кои се подготвуваат тоа да стане нивна професија!

 

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на казна затвор од 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување.

За истото ова дело за виновни се прогласени и пет членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за елитниот комплекс "Сончев Град" во скопско Сопиште. Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години, додека Димитар Димовски, Надица Тасева, Веса Томчевска и Марица Тасева се осудени на условна казна затвор од две години.

Судијата Осман Шабани во образложението на пресудата наведе дека Јанакиески иако бил свесен дека постојат суштински недостатоци поради кои Министерството не можело да ги исполни обврските, сепак во име на институцијата со која раководеше склучил договор со фирмата „Сан Сити“ за оттуѓување на градежното земјиште со јавно наддавање, договор кој подоцна со судска спогодба бил раскинат. Од доказите произлегло дека поради раскинувањето на договорот требало да се плати затезна камата до што била направена штета на државниот буџет од еден милион евра, наведе судијата Османи.

Од oдбраната најавија дека ќе се жалат пред повисокиот суд. Додека обвинителот Бурим Рустеми кажа дека е задоволен од пресудата, освен таа за обвинетиот Димовски за кој кажа дека ќе се жали.

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески досега е осуден на 6 години и 3 месеци затвор за случајот „Организатори на 27 април“, а на 4,5 години затвор за случајот „Титаник“ во кој призна вина. Јанакиески призна вина и во случајот „Дизајн“ за набавка на 202 кинески автобуси по што доби уславна казна, а ваква доби и за предметот „Шамари во Центар“.

Јанакиески е обвинет во уште четири предмети за кои во тек е судска постапка „Талир“, „Шпански Скали“ , „ТНТ“ и „Траекторија“.

Денеска попладне во училишните простории на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија член на жири комисијата за Априлијада 2022 формирана од организаторот на манифестацијата „Пионерскиот дом од Гевгелија ја врачи наградата и ДИПЛОМА за најуспешна маска „Пиратите“ на Прво - г одделение со одделенскиот наставник Ивана Дојранлиева.

Заедно со Дипломата од името на организаторот членот на жири комисијата на победниците на годинашната АПРИЛИЈАДА им додели и награда звучници „Bluetooth“. Наградата е во сопственост на класот.

Инаку учениците од „Крсте Мисирков“ годинава имаа „берба“ на Априлијадата со освоени три награди од планираните 5 и тоа, покрај Првото место за „Пиратите“ од I - г одд., освоија и Трета награда за маската „Корона чао“ III- а, со одд. наставник Билјана Бутрова и Петта награда за маската „Сложувалка“ IV- а, со одд.еленски наставник Нада Гулева.

А, сега уживајте во танцот на „Пиратите“ кои и без маска научија да го изведуваат на задоволство на публиката, денеска, во очигледно наградно расположение. БРАВО!

Последниот ден од март, четврток, пазарен ден во Гевгелија, беше тежок за 72 годишен возач од с.Ѓавото кој во утринските часови на влезот во Гевгелија учествувал во сообраќајна несреќа, од која се здобил со тешки телесни повреди.

На 31.03.2022 во 09.34 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на крстосница од бул.„Гевгелија“ и стар магистрален пат М1 во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа. Учесници во истата биле две патнички возила со гевгелиски регистарски ознаки, марка „Голф“ и „Мерцедес.

Патничкото возило „Фолксваген Голф“, бил со со гевгелиски регистарски ознаки, и со него управувал лицето И.Б.(72) од с.Ѓавато, општина Богданци. Второто патничко возило кое учествувал во сообраќајната несреќа е марка „Мерцедес“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(27) од с.Богородица, гевгелиско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил повозрасниот возач И.Б., Повредите биле констатирани од лекарски тим во Општа Болница Гевгелија каде му била прижена и лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Во полицискиот извештај изнесен во МВР Билтенот не е наведено која е причината за сообраќајната несреќа, не почитување на предимство з минување, неприлагодена брзина, губење контрола над возилото, погрешно свртување, или. условите на патот. Тоа ќе следи во понатамошна постапка по комплетирањето на полицискиот извештај од сообраќајната несреќа.



Од Дневниот билтен на МВР:
На 01.04.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во сопствениот дом бил пронајден починат В.Д.(60) од Гевгелија.
Дежурен лекар од Итна медицинска помош при Општа болница Гевгелија констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Нема други детали кој го пронашол телото на починатиот, кој повикал Брза помош, кога настапила смртта. Деталите ќе ги има во наодот од обдукцијата.



Денот на шегата, радоста, маските и убавото расположение - 1ви Април донесе многу шарени костимирани лица со јунаците на детските ликови: космонаути, принцеви, принцези, сунѓерот Боб, пирати, музичари, екологисти. Многу инвентивни костими, многу осмислени игри и танцови точки во изведба на децата од двете основни училишта и детските градинки од Гевгелија.

Ви ја пренесуваме ведрата атмосфера со Фотогалеријата во прилог.

 

Страница 5 од 221

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.