Намалените трошоци од 84,3% за набавка на хемикалии во првиот квартал од 2022 година на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија претставуваат сериозен и алармирачки податок за тоа што се случува со квалитетот на водата и прочистувањето на отпадните води за кои гвгелиското комунално претпријатие користи хемиски реагенси.
Со Извештајот за квалитетот на испорачаната вода до домаќинствата и правните лица во текот на првото полугодие гевгелиски „Комуналец“ вели дека водата редовно се хлорира и проверува нејзиниот квалитет и истиот ги задоволува здравствените параметри.
Каде тогаш се изведува „штедењето“ на хемикалии и на чија штета? Останува сомнежот дека реагенсите за прочистување на отпадните води се енормно намалени како ставка за расход на гевгелиски ЈПКД „Комуналец“.
Ако „Комуналец“ штеди на реагенси за да ги „испорача“ отпадните води во Вардар се' до Грција не прочистени, зошто тогаш истата услуга 100% ја фактурира и наплаќа од граѓаните?
Ова е класична кражба на граѓаните - им се наплаќа услуга „прочистување на отпадни води“, а истата се спроведува само 15%, споредено со истиот период лани. Зошто оваа става која им се наплаќа на граѓаните и правните лица не е намалена соодветно на намалената испорачана услуга? Наместо сегашната цена од 8,50 денари по метар кубен прочистена вода треба да се пресметува цена за 84,3% помалку и цената да изнасува само 1,3 денари по метар кубен прочистена отпадна вода. Не може граѓаните да бидат извор за богатење на „Комуналец“, преку фактурирање на услуги кои граѓаните воопшто не ги добиле.
Зошто ваква „крадачка“ политика спроведува „Комуналец“ спрема своите коминтенти?
Одговорот е очигледен - да го намали своето негативно работење и да ги покрие огромните заостанати давачки и обврски кон доверителите.
Во првиот квартал од 2022 година ЈПКД „Комуналец“ остварил 31.937.399 денари приходи што се за 1,5% повеќе од истиот период во 2021 година. Направените трошоци во првото тромесечје од годината изнесуваат 40.269.163 денари, што е за 29,2% повеќе од истиот период лани. Згора на тоа „Комуналец“ во овој квартал има доспеани обврски од 595.137.000,- денари.
Нето загубата пред одночување изнесува 8.332.00,- денари.
И сега, на вакво неквалитетно работење, раководење и менаџирање со дејноста, приходите и расходите, зошто мора граѓаните со неиспорачани услуги да ги исплаќаат загубите на неспособното раководство во „Комуналец“!?
Јавното локално комунално претпријатие е основано за да им служи на граѓаните, а не да ги ограбува со фактурирање, наплата, па и присилна извршна наплата преку нотари и извршители за износи кои не ги должат, бидејќи таква количина на услуга не им е испорачана - прочистувањето на отпадните води одведени од домовите на граѓаните опаднало за 84,3% и за толку треба да се намали фактурираната сума за оваа ставка во сметките на „Комуналец“: Се' друго би било, а за жал сега е, неоснована наплата од џебот на граѓаните.
Два независни случаи на физички напади регистрирани се вчера во Полициска станица Гевгелија. Место на физичките напади според пријавителите се Гевгелија и Богданци.
Во полицискиот извештај на ПС Гевгелија кој го објавува МВР е наведено следново:
„На 16.07.2022 во 04:.00 часот Б.М.(52) од с.Негорци пријавил дека во Гевгелија бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 16.07.2022 во 21.20 часот З.К.(57) од Богданци пријавил дека околу 20:50 часот пред угостителски објект во Богданци бил физички нападнат од В.П. и неговите двајца синови. Се работи на расчистување на случајот“ - стои во полицискиот извештај на МВР.
Нема повеќе детали за причините кои довеле до физичките пресметки и пропишаните законски санкции.
Со 68 гласа „За“ пратениците во Собранието денеска ги усвоија заклучоците за таканаречниот француски предлог со кој треба да се откочат македонските евроинтеграции. Немаше против и воздржани пратеници. Усвојувањето на предлогот беше дочекан со аплауз од пратениците од владејачкото мнозинство.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата и пред гласањето ја напуштија собраниската сала.
Три дена пратениците раправаа за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Дебатата во Собранието постојано се одвиваше во слична атмосфера како што започна со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаа пратениците на СДСМ.
Со усвоените предлог заклучоци и се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.
Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ. Се задолжува владата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било дадовки и фусности и во текот на преговоирите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.
На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната седница ја следеше и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Спезијализираните сили за сузбивање криминал при МВР вчера имаа успешна акција со заплена на над 237 килограми дрога, вредна над 400.000 евра. Во криминалната мрежа која е сузбиена било користено и возило на комуналното претрпијатие на Кочани.
Во полицискиот извештај на МВР за акцијата е наведено следното:
„На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, при што запленети се 238 килограми марихуана.
Имено, во текот на месец јули 2022 година преку правниот субјект каде во својство на управител е регистриран С.В.К., извршена е набавка на марихуана, која потоа е сместена во објект во рамки на наведениот правен субјект, по што на 14.07.2022 дел од истата е префрлена во контејнер за отпад, односно во специјално товарно моторно возило за собирање смет, сопственост на Комуналното јавно претпријатие ,,Водовод“ од Кочани, за да потоа биде оставена на депонијата во Кочани, од каде НН лица ја земале за понатамошно неовластено пуштање во промет, со цел стекнување на противправна имотна корист.
На 14.07.2022 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Единицата за недозволена трговија со дрога во содејство со СВР Штип - ОВР Кочани по забележување на товарното моторно возило со натпис ,,КЈП Водовод – Комунална хигиена“, како влегува во оградениот простор на правниот субјект од Кочани, каде работници од „КЈП Водовод – Комунална хигиена“ механички ја истуриле содржината на контејнерот за смет во камионот, преземени се мерки и активности, при што истото е сопрено.
Притоа од извршениот преглед на товарното моторно возило утврдено е дека во внатрешноста на товарниот дел има поголема количина на марихуана. Пронајдената и одземена марихуана врз основа на издадена Наредба од ОЈО Кочани, предадена е во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РСМ. По извршеното вештачење на запленетата количина дрога утврдено е дека станува збор за 237 кг. и 970 гр. наркотична дрога марихуана, чија вредност се проценува на над 400.000 евра“ - се вели во извештајот на МВР.
Вчера на пладне настана пожар на отворен простор во Гевгелија за кое истражните органи теретат двајца работници. Во денешниот полициски Билтен на МВР се вели:
- „На 14.07.2022, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршиле службен разговор со В.К. од Гевгелија и В.Х. од Струмица затоа што во 15:10 часот на место викано „Топлик“ - атар на Гевгелија, изведувајќи работи со алат-шлајферица, предизвикале пожар кој зафатил необработена нива обрасната со трева и дел од пчеларник.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ - стои во извештајот на МВР поднесен од ОВР Гевгелија.
GevgelijaNet се обрати до ТППЕ Гевгелија од каде ни' потврдија дека вчера во 12:35 имале дојава дека избувнал пожар на отворен простор во месноста Топлик и веднаш се упатиле на терен едно противпожарно возило со двајца пожарникари. Во текот на интервенцијата било констатирана потреба од ново ПП возило и истото било упатено на интервенција со уште еден пожарникар.
Екипата со тројца пожарникари и две ПП возила целосно го ликвидирале пожарот во 13:55 часот, известува за GevgelijNet дежурниот од ТППЕ Гевгелија.
Цената на бензините од полноќ се намалува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети.
Според тоа, од досегашните 105,50 денари за литар новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 102,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 од сегашните 107,50 денари од полноќ ќе се продава по цена од 104,5 денари за литар.
.
Цената на дизелот останува непроменета 100 денари за литар.
Непроменета останува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на 98 денари за литар.
Цената на мазутот ќе биде 50,903 денари за килограм.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 102,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 104,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 100,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 98,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 50,903 (денари/килограм)
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 16.07.2022 година.
Во предлогот, македонскиот јазик се именува без одредници од ЕУ, а историјата не е дел од преговарачкиот процес, рече Урсула фон дер Лајен
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја покани Северна Македонија да и се придружи на Европската Унија, прифаќајќи го ревидираниот предлог на француското претседателство, со кој е заштитен македонскиот јазик и идентитет.
„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е Ваш јазик. Пак ќе повторам. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е Ваш јазик и ние тоа целосно го почитуваме и затоа во предлогот именувањето на јазикот е како „македонски“ без какви било одредници од страна ЕУ, рече Фон дер Лајен.
Таа истакна дека ниту историјата не претставува услов за напредување во преговорите за полноправно членство во ЕУ.
„Предлогот, исто така, го почитува вашиот национален идентитет. Ве уверувам дека билатералните прашања, како што е интерператацијата на историјата, не се услови во пристапните преговори“, подвлече претседателката на Европската комисија.
Таа потенцира дека е во Скопје затоа што смета дека сега е вистинскиот момент за Северна Македонија да направи исчекор на патот за полноправно членство во ЕУ.
„Некој вели дека ќе биде подобро да се чека, тоа е ваше право, но само сетете се колку претседателства чекавме да дојдеме до оваа позиција. Подобро е да се биде дел од преговарачкиот процес отколку надвор. Одговорноста е Ваша. Ова може да се направи веќе идната недела со преземање на првиот чекор од францускиот предлог, а вие добро ја знаете неговата содржина. Тој ги штити вашите интереси. Мислиме дека ова е момент од историска важност, но одговорноста е ваша и само ваша. Ова е за патот кој вие ќе го изберете. Ако го поддржете францускиот предлог, политичка меѓувладината конференција ќе се одржи во наредните денови.
рече таа.
Претседателката на Европската комисија посочи и дека ја разбира фрустрацијата на многумина што Северна Македонија ги нема започнато преговорите, укажувајќи дека и таа е лично фрустрирана поради тој факт.
„Но, никогаш не се откажавте, ние заедно не се откажавме. Заедно го следевме сонот и заедно тој сон ќе претвориме во реалност. Мора се свртиме напред. Мора да ја искористиме можноста пред нас за почеток на пристапните преговори и заедно да работиме на патот што Ве води кон ЕУ“,
нагласи Фон дер Лајен, изразувајќи очекување дека Северна Македонија ќе биде доверлив член на ЕУ исто како што тоа го покажува во НАТО.
Извор: 360 степени
Фото: Принт скрин
Фалсификаторски зделки двајца сопружници ќе ги однесе пред Јавен обвинител на основ на поднесена Кривична пријава од полицијата во Гевгелија, јавува денеска МВР.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Џ.(44) и Д.Џ.(36), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.
На 29.04.2022 во Гевгелија, во правен субјект од Гевгелија, првопријавената, во присуство на второпријавениот, нејзин сопруг, пуштила во оптек две фалсификувани банкноти во апоени од по 20 евра.
Според Кривичниот законик на РСМ за делото „Фалсификување пари“ во член 268 е пропишано максимална казна затвор до 10 години.
Член 268 гласи:
„(1) Тој што ќе направи лажни пари со намера да ги пушти во оптек како
вистински или тој што ќе преиначи вистински пари со намера да ги пушти во оптек или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни тој што прибавува или држи лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински.
(3) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 дошло до растројство во стопанството на земјата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(4) Тој што лажни пари што ги примил како вистински ќе ги пушти во оптек или тој што знаел дека се направени лажни пари или дека лажни пари се пуштени во оптек, па тоа нема да го пријави, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(5) Лажните пари ќе се одземат.“ -(завршен цитат).
Општинската организација на СДСМ Гевгелија денеска реагира за злоупотреба на општинскиот возен парк од страна на градоначалникот, а за потребите на партијата од која произлегува. Во соопштението до јавноста кое денеска го споделија се вели:
„Партиската функционерска тројка на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија синоќа се упати на протести во Скопје користејќи возило на Општина Гевгелија.
Службениот автомобил „Опел Инсигниа“ со регистарски ознаки GE 1000 AB го напушти паркингот пред општинската зграда во 16 часот, после работно време и се врати на местото во 23 часот. Седум часа беше во „служба“ на Димитар Вегов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, кој управуваше со возилото на релација Гевгелија-Скопје-Гевгелија. При тоа, Димитар Вегов не е вработено лице во општина Гевгелија. Сопатник му беше градоначалникот на Општината Андон Сарамандов.
За „работниот“ карактер на посетата на Скопје тие имаат и заедничка фотографија со реквизити за протест против почеток на преговорите со ЕУ што се одржа во Скопје.
Знаеме дека ДПМНЕ е редовен кочничар на сите чекори кои значат напредок на државата, но не знаевме дека партиските челници на ДПМНЕ од Гевгелија жалат што Груевски на времето не им купил и партиско возило, освен партиско седиште кое сега е на листата за конфискација на имотот на ДПМНЕ по пресудата „Талир 2“, па затоа посегнаа по возилото на општина Гевгелија.
СДСМ како одговорно партија бара одговор од градоначалникот Сарамандов: за какви потреби беше вчера ангажирано службеното возило на општина Гевгелија „Опел Инсигниа“ и да го презентира патниот налог за истото, со платените патарини, за ден 12.07.2022 година.
Општинските ресурси се наменети за потребите на граѓаните и граѓаните имаат право на одговор, кој им ги злоупотребува општинските добра и кој ги троши јавните општински ресурси за партиски цели!?
Не се наситивте!“ - се вели во денешната реакција на ОО на СДСМ Гевгелија.
Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на возачот Јордан Ѓоргиев, осуден за сообраќајната несреќа во која на пешачки премин кај „Сити мол“ загина 24-годишната Викторија Николова од Свети Никле..
Казната е зголемена од 3 на 4 години затвор, по прифатената жалба на Обвинителството.
За возачот Ѓоргиев останува и десетгодишната забрана за управување со моторни возила.
Ѓоргиев од несреќата во јануари досега е во притвор.
Претходно, Кривичниот суд го осуди Ѓоргиев на три години казна затвор, по несреќата во која освен што загина Николова, беше повредено и нејзиното момче Леонид Даов.
Обвинетиот тогаш ја призна вината и судскиот процес против него заврши со едно рочиште.
Ѓоргиев возел со брзина поголема од пропишаната, не ги почитувал сообраќајните прописи и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин, вечерта на 20 јануари, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Јордан е младо момче од Гевгелија, кој се преселил и живее во Скопје. Несреќата му се случи на ден именден.
More...
Сторител на кривично дело „тешка кражба“ со пронајдени докази завршил вчера во притвор во Полициска станица под надлежност на СВР-Гевгелија.
Вчера, недела попладне, на 10.07.2022 год. во 16:00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода Џ.П.(46) од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Лицето биле приведено во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Четири хумани дела со доделени стипендии и донација на возило е добротворениот гест кој и после непрежалената несреќа и изгубениот живот го „прави“ младиот прерано починат 22 годишен гевгеличанец Борјан Петковски.
Со фондацијата која го носи неговото име формирана во септември минатата година, неговата фамилија сакаше да го задржи споменот за него определувајќи се хуманитарно да дејствува во полето на науката и здравството.
Неделава Фондацијата „Борјан Петковски” формирана во Гевгелија, од фамилијата на младото момче, додели патничко возило на Општа Болница Гевгелија со цел да го исполнат својот завет, Борјан да „делува“ и придонесува за здравството во Гевгелија, за кое тој се спремаше студирајќи стоматологија во Софија.
Минатата година Фондацијата „Борјан Петковски” додели две стипендии на наши сограѓански: на Ризова Драгана, студент во втора година на Медицински Факултет - Скопје, и Такашманова Благица, студент во прва година на Архитектонски Факултет - Скопје. Исто така Фондацијата на Борјан донираше и неколку еднократни парични износи во вредност од 6.000 денари на сите кои конкурираа за стипендија, а не ги исполнуваа условите да станат нејзини корисници.
Кој е Борјан - современиот добротвор од Гевгелија?
Борјан Петковски е роден на 7 септември 1999 година во Гевгелија, каде што се стекнува со основно образование во ООУ „Владо Кантарџиев“. Во последните години од своето основно образование, Борјан две години по ред присуствуваше на интернационален кампус на летна школа по Француски јазик во Франција и Англиски јазик во Англија. По престојот тој успеа да ја разбуди својата амбициозност и желба за успех, но и да стекне многу пријатели од целиот свет. Првите две години од своето средно образование ги помина во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, а истото го заврши во меѓународната гимназија „НОВА“ во Скопје. Во 2018 година се запишува на факултет за стоматологија на Медицинскиот Универзитет во Софија каде што на Англиски јазик ја завршуваше третата година од студиите. Тој за вложениот труд и знаење на сите испити беспрекорно добиваше високи оценки, но освен успешен студент, Борјан беше сакан и почитуван пријател, соученик, колега.
Стоматологијата и медицинските науки не беа неговите единствени предизвици, туку и актуелните научни достигнувања, книжевни и други дела, кои му отвараа нови светови. Токму поради ваквото духовно богатство, позитивна енергија и решителност - невообичаени за еден млад човек, Борјан Петковски беше идол за неговите најблиски другари, средношколски и студентски врсници и членови на потесното семејство.
Семејството Петковски токму за да го пренесе ваквиот негов дух и енергија на младите соврсници ја формира Фондацијата „Борјан Петковски“, која секоја година ќе доделува стипендии за студенти запишани на факултети во земјата и странство. Конкурсот за доделување на стипендии беше објавен на 7 септември 2021 година, на денот на раѓањето на Борјан Петковски, за да се слави животот и желбата на младите луѓе за образование.
Фондацијата „Борјан Петковски“ со доделување на стипендии од паричен фонд обезбеден од семејството Петковски, ќе им излезе во пресрет на што повеќе талентирани студенти кои имаат цели и визија во животот. Млади луѓе кои се на прагот да зачекорат по патот за стекнување на високо образование, стремејќи се кон високи достигнувања во своите претстојни професионални кариери. На тој начин ќе го пренесат духот и енергијата на Борјан, кој на чекор од големата желба и љубов со факултетска диплома, да го продолжи својот професионален ангажман во стоматологијата, ненадејно замина од овој свет.
Борјан загина на 4 јули во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот од Полихроно кон Ханиоти, за време на неговиот летен престој во Грција. Несреќата се случи утрото во 6:30 часот. Возилото излетало од патот и се превртело.
Новото донирано возило за Општа Болница Гевгелија го предадоа неговите браќа во име на фондацијата „Борјан Петковски“
Благодариме Борјане, што и на ваков начин се грижиш за гевгеличани, ти млад бел ангелу!
Вчера, петок наутро во Полициска станица Гевгелија, жител на општина Гевгелија пријавил дека во неделата која измина бил физички нападнат од друго лице, жител на Гевгелија.
Пријавата ја поднел Ј.А.(45) од с.Прдејци, општинаа Гевгелија. Тој вчера, на 08.07.2022 во 15:25 часот во Гевгелиската Полициска станица пријавил дека на 03.07.2022 година (недела) во 03:50 часот во казино во хотел во Гевгелија бил физички нападнат.
За напаѓач го пријавил лицето Г.М. од Гевгелија.
Немирниот викенд со физика пресметка со вчершната пријава стана дел од денешниот полициски билтен на МВР. Во него се вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Обвинетиот Мијалков, како што информираат од ОЈО, ја призна вината и е огласен за виновен за кривични дела – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и е осуден на 3 години казна затвор.
Тој дејствијата ги извршувал во група со други осомничени во предметот, преку правни лица основани во државава на кои им била прикривана сопственоста, но и оф-шор компании во странство. Приходите стекнати со пренос на капиталот обвинетиот не ги пријавувал во анкетните листови, иако за цел период опфатен со истрагата извршувал јавна функција.
Покрај изречената казна, со спогодбата му се конфискува имот вредност од 5.476.653,00 евра што ги надминува приходите што обвинетиот С.М. законски ги остварил и за кои дал лажни или непотполни податоци. Исто така, бидејќи не е можно конфискување на удел од 46% во вредност од 3.546.778,00 евра во правно лице ДПТУ Дивелоп Груп ДОО Скопје, 19.580 акции во вредност од 732.260,00 евра издадени од ЗК Пелагонија, 8.150 акции во вредност од 249.933,00 евра издадени од Бетон Штип АД што ги поседува правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ и недвижен имот – куќа во вредност од 947.682,00 евра, се конфискува од обвинетиот друг негов имот во вредност од 5.476.653,00 евра и тоа парични средства во износ од 336.814.160,00 денари од банкарската сметка на правното лице ДТУ Макпоинт ДООЕЛ Скопје на кое единствен сопственик е обвинетиот С.М.
Меѓу целиот имот поседувал и 7 (седум) парцели во место викано „Милци“ во КО Богородица со вкупна површина од 18.470 метри квадратни. Целиот конфискуван имот на Мијалков е нотиран во 104 точки (4 финансиски, а 98 се недвижен имот во станови, замјиште, парцели, помошни простории, деловни објекти, плацеви).
Исто така, се конфискува и недвижен имот и хартии од вредност пренесени на трети лица:
Имот од правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ:
Дел од деловна просторија на катастарска парцела број 9561/4, со вкупна нето површина од 566,41 м2, како хотелски деловен простор и тоа локал бр.12, локал бр.13, локал бр.14, локал бр.15, локал бр.16, локал бр.17, локал бр.18, локал бр.19, локал бр.20, локал бр.21, локал бр.24 и хотелски деловен простор на зграда 1 кат К1 број блок-3 локал бр.5 и локал бр.12, во вредност од 1.699.241,00 евра или 104.503.321,00 денари.
Хартии од вредност – 7213 обични акции во Стопанска банка Битола, со номинална вредност од 3000 МКД, без ограничување, чиј имател е ДПТУ ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, согласно Целосен извештај за имател, издаден од Централен депозитар за хартии од вредност на 22.11.2021 година, со вкупна вредност од 21.639.000,00 денари.
Недвижниот имот – земјиште обележано во лист Б, катастарска парцела 1309/13, викано место Г.Курило, катастарска култура градежно неизградено земјиште, во површина од 3880 м2 и шума обележана во лист Б, катастарска парцела 1309/16, викано место Г.Курило, катастарска култура шума, класа 3, во површина од 634 м2, евидентиран во Имотен лист 56312 КО Центар 2, во вредност од 2.686.082,00 евра или 165.194.043,00 денари.
Недвижен имот – земјиште обележано во лист Б, катастарска парцела 785/15, викано место Џибарица, катастарска култура неизградено земјиште, во површина од 322 м2, евидентиран во Имотен лист број 270 КО Радња, во вредност од 14.950,00 евра или 919.425,00 денари.
Недвижен имот
– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 19 м2,
– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 46 м2,
– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,
– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,
евидентиран во лист В во имотен лист број 102842 КО Охрид 4,
Имот евидентиран на ИЛ 101308 КО Охрид 4 и тоа идеален дел од:
– идеален дел од земјиште на катастарска парцела 5972/2 викано место Горица, култура земјиште под зграда, во површина од 2740 м2
Имот евидентиран на ИЛ 101199 КО Охрид 4 и тоа идеален дел од зеднички простории:
– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-1, намена ХС, во површина од 126 м2,
– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-2, намена ХС, во површина од 125 м2,
– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-3, намена ХС, во површина од 126 м2,
– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-4, намена ХС, во површина од 126 м2,
– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-5, намена ХС, во површина од 126 м2,
– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат МА, намена ХС, во површина од 117 м2,
– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат ПРИЗ, намена ХС, во површина од 108 м2,
сè во вредност од 367.369,00 евра или 22.593.211,00 денари.
Недвижен имот – апартмани евидентиран на ИЛ 57981 КО Центар 2 издаден на носителот на правото на сопственост ПАНОРАМА РЕЗИДЕНС ДООЕЛ Скопје и тоа:
– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 91 м2
– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 6 м2
– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, во површина од 94 м2
– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, намена ДПД во површина од 37 м2
во вредност од 276.650,00 евра или 17.013.975,00 денари
Недвижен имот – земјиште и апартмани и тоа:
Имот евидентиран на ИЛ 58571 КО Центар 2 и тоа 912/1605 дел во сосопственост од:
– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 999 м2,
– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 606 м2
Имот евидентиран на ИЛ 58751 КО Центар 2 и тоа идеален дел од заедничка сопственост од:
– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 1, кат ПО, број 1, намена КГП, во површина од 266 м2,
– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 2, кат /, број /, намена Х, во површина од 43 м2,
– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 2, кат /, број /, намена ХС, во површина од 34 м2
Имот евидентиран на ИЛ 58974 КО Центар 2 и тоа идеален дел во заедничка сопственост на:
– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 3, кат /, број /, намена Х, во површина од 43 м2,
– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 3, кат /, број /, намена ХС, во површина од 34 м2
Имот евиденитран на ИЛ 16375 КО Центар 2 и тоа:
– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 653 м2,
– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 177 м2,
– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 601 м2,
– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 189 м2,
-земјиште на КП 2424/33, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 2 м2,
– земјиште на КП 2424/34, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 14 м2,
– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 5, во површина од 78 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 6, во површина од 78 м2,
– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 7, во површина од 94 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 8, во површина од 94 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 7, во површина од 89 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 8, во површина од 89 м2,
– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 3, во површина од 73 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 4, во површина од 73 м2,
– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,
– деловна просторија на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 15 м2,
– гаража на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 28 м2,
– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 28 м2,
– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,
– помошни простории лоцирани на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,
– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,
– деловна просторија на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 17 м2,
– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,
– апартман на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,
– гаража на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 31 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 3, во површина од 83 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 4, во површина од 78 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 5, во површина од 83 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 6, во површина од 78 м2,
– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 7, во површина од 83 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 8, во површина од 78 м2,
– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, намена П, во површина од 23 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 1, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 14, намена ГМЗП, во површина од 15 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 15, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 18, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 19, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 21, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 3, намена ГМЗП, во површина од 14 м2,
– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 5, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,
– гаражно место лоцирано на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 6, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 1, во површина од 80 м2,
– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 2, во површина од 59 м2,
– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена Х, во површина од 43 м2,
– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена ХС, во површина од 34 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат К2, број 5, во површина од 63 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 2, во површина од 60 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К1, број 4, во површина од 89 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К2, број 6, во површина од 89 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,
– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 2, во површина од 86 м2,
сè во вредност од 3.499.821,00 евра или 215.238.942,00 денари
Сите парични средства на правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје од три банкарски сметки во Стопанска Банка АД Битола
Сите парични средства на правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје од банкарска сметка во Комерцијална Банка АД Скопје
Недвижен имот – земјиште евидентиран на ИЛ 1501 во КО Богородица издаден на носителот на правото на сопственост ДПТУ БЕТ КОМ КО. ДОО на кое сопственик е правното лице Ексико ДООЕЛ Скопје и тоа:
– земјиште лоцирано на КП 3178/4 викано место Милци култура ГЗ/ЗПО во површина од 97 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3180 викано место Горка култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 309 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3181 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 2 во површина од 15004 м2,
-земјиште лоцирано на КП 3182 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 236 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3189 викано место Милци култура ГЗ/ГИЗ класа 3 во површина од 24 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3192 викано место Милци култура ЛЗ класа 2 во површина од 926 м2,
– земјиште лоцирано на КП 3196/1 викано место Милци култура ЗЗ/ЛЗ класа 2 во површина од 1918 м2 и
– земјиште лоцирано на КП 3205/1 викано место Милци култура ЗЗ/Н класа 5 во површина од 265 м2
во вредност 4.500.000,00 евра или 276.750.000,00 денари
11. Имот на правното лице Друштво за градежништво ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопјеи тоа:
Недвижен имот – деловен простор на правното лице Друштво за градежништво ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје евидентиран на ИЛ 56028 КО Центар 1 и тоа:
– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат К1, број 1, во површина од 321 м2,
– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат К2, во површина од 298 м2,
– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат МЗ, во површина од 464 м2,
– помошна просторија лоцирана на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат ПО, во површина од 444 м2,
– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат ПР, во површина од 249 м2 и
– гаража лоцирана на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 2, кат ПР, во површина од 80 м2.
во вредност од 1.100.000,00 евра или 67.650.000,00 денари
Согласно чл.98 од КЗ и чл.541 од ЗКП доколку делумно или целосно не е можно извршувањето на конфискацијата на имотот таа ќе се спроведе од друг имот на обвинетиот С.М.
Покрај тоа, обвинетиот задолжен е да плати и парична казна од 2.000,00 евра во денарска противвредност од 123.400,00 денари.
Вториот обвинет Т.М. со спогодбата признава дека сторил сторил кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело – од член 273 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Делата ги сторил во својство на управител и член на одбори на повеќе правни лица опфатени со постапката, при што примал и пренесувал парични средства по упатства на другите членови на злосторничкото здружување. За овие кривични дела, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесената предлог-спогодба, со која обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од 3 години.
Јавното обвинителство ја продолжува постапката за другите осомничени во предметот „Империја“.
Извор: Независен