Денешниот празничен ден Свети Ѓерогиј победоносец, или Ѓурѓовден ги раздвижи работно и славенички штитениците од Центарот „Мајка Тереза“.
Во знак на празникот тие го впрегнаа коњот што го имаат во нивната ергела, ја украсија коњската кола со цвеќиња и појдоа низ улиците да споделат пораки за честитост, слобода, достоинство, љубов и светлина што ги оставил Св. Ѓоргиј, како аманет од своето мачеништво.

Верските преданија велат дека Ѓеорги победоносецот ја убил ламјата, го победил безбожниот Диоклецијан, но не со борба, туку со својата истрајност и мачеништво.
Ламјата е човековата лакомост и суета, а верноста е чистотата човечка.
Па, така и децата од Центарот „Мајка Тереза“ со песни, ора и музика го прославија овој голем ден во Христијанската религија, во слава на убавите чувства што ги носи пролетта, мирот, разбудената природа, почитта кон другите, вниманието искажана со посетата на славениците во нивните домови и на крајот заедничко оро на радост.

Среќен празник и честит именден на сите кои го носат името Ѓорги, Ѓурѓа, Ѓургица, Ѓоргија, Георгина, и други варијанти од името на овој светец.

Фото: Фејсбук на ЦМТ

 

На 3 мај 1945 година, Народната влада на Федеративна Македонија донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечна работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета, во состав: Венко Марковски, поет; Васил Иљоски, директор на гимназија; Мирко Павловски, професор; Блаже Конески, лектор; Круме Тошев, шеф на стручните школи; Иван Мазов, уредник на „Млад борец”; Густав Влахов, публицист; Владо Малески, директор на радио Скопје; Киро Х. Василев, публицист и капетан Илија Топаловски, началник на пропагандното одделение на Главниот штаб, го усвои нејзиниот графемски состав. Македонската азбука е заснована врз фонетскиот принцип, што значи за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката.
Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.

Нека ни е честита 77-годишнината од кодифицирањето на современата македонска азбука и правопис. Она за што се залагаше нашиот Крсте Петков Мисирков ("За македонцките работи", 1903, Софија), стана остварен сон на македонскиот народ. Да ни се вековити азбуката и јазикот!

Ова е големината и идентитетот на нашиот народ, нашата држава.

Инаку, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Овие два датуми не се внесени во календарот за празници на Собранието на Република Македонија.

Инаку, прво Р Е Ш Е Н И Е со кое се заведува македонскиот јазик како службен на територијата на Македонија го носи Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија на 2 август 1944 г., (значи 9 месеци претходно), а истиот е одржан во во манастирот “Св.отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија.

 

Седумдецениската традиција на изведување несекојдневни трки во Стојаково во чест на 1 Мај, се одржа и годинава во организација на мештаните кои на ваков начин го одржуваат спортскиот дух, заедничкото дружење, навивање, славење во чест на празникот на трудот.

Кај вредните стојачани трудот е секојдневие како на работното место, така и на нивите, со стоката, со вреките за товарење па и натпреварувачките дисциплини, 18 на број беа такви: трки со коњи, трки со магариња, трки на 100 и на 3.000 метри, трки со велосипеди,трки со гуми (популарно наречена „шоферска трка“,) теглење на јаже, борба со раце.

Доброволците кои сакаа да ги покажат своите вештини беа бројни, а побројна беше публиката која ги преплави улиците низ Стојаково.

Честитки за организацијата испрати и градоначалникот на општина Богданци до организациониот одбор и советниците кои остварија еден успешен натпреварувачки и празничен ден во Стојаково, збогатен и со настапи на културно-уметничкото друштва од Стојаково.

Традиционално на ден 1 Мај во с. Стојаково, (општина Богданци) се организираат најзабавните трки, со магариња, со коњи, со вреќи и сите тие привлекуваат огромен број на публика како од Богданско, така и од околината.

И годинава традицијата продолжува во организација на Месната заедница од Стојаково и организационен одбор на поддржувачи.

На програмата се натпреварувачки дисциплини во 18 дисциплини, по категории, пол и возрасни групи. Натпреварите започнуваат утре недела во 08:30 часот од центарот на Стојково со првата трка, трката со коњи. Следуваат трката со магариња, трка на 100 метри на јуниори, сениори, кадети, трка со велосипеди, трка со вреќи, а последна на програмата е трката со гуми, ја нарекуваат „шоферска трка“. Продолжуваат дисциплините влечење на јаже, борба со рака.

Многу учесници, многу публика, многу навивање и ведар дух се очекува утре на натпреварувачките патеки низ улиците на Стојаково.

Оваа традиција датира од 1951 година и годинава навлегува во осмата деценија од своето практикување.
Бидејќи е феномен на овие простори истата се најде на Веб страната на Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија, зошто овие спортисти треба да се бодрат, а бројот на учесници и навивачи не е ограничен.

Ако не сте традиционален првомајски скараџија, празникот можете да го поминете и со посета на Стојаково и вака да го славите Денот на трудот, савејќи го трудот на овие спортисти ентузијасти.



Вкупно 53.201 граѓанин којшто живее во наша земја покрај македонско има и државјанство на некоја друга земја, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Од нив, најголем дел 19.645 граѓани освен македонското, имаат и бугарско државјанств.
Следат 10.909 и со српско, 3.819 и со хрватско, 2.393 и со косовско и 2.164 и со албанско државјанство.

Неодамнешниот попис на население покажал дека тоа се околу три проценти од вкупното резидентно население во Македонија, чијашто бројка изнесува 1.778.725 лица.

Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македонци – 58,8 проценти, потоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.

ДЗИ соопшти и тоа дека 4.203 лица се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.



СДСМ Гевгелија денеска со соопштение реагираше на партиското самоволие на в.д.диркторот на ЈПКД „Комуналец“, инаку кадар на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија. Во соопштението стои:

„Возило цистерна сопственост на гевгелиското локално комунално претпријатие „Комуналец“ по налог на в.д. директорот Чочков кадар на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија денеска е испратена за Штип.
Во Штип нема пожар, нема елементарна непогода, нема недостаток на вода, нема дефект, туку се спрема миење на улиците за најавената посета на Христијан Мицкоски во Штип.
Утре е најавено отварање на спортско игралиште во штипската населба Баби, а меѓу поканетите гости е и лидерот на ДПМНЕ.
Ги потсетуваме расипокуќниците од локалната власт и градоначалникот Сарамандов, дека неговиот новопоставен партиски кадар во локалното комунално претпријатие не располага со имотот на јавното претпријатие како маалско гранапче. Возилата на ЈПКД „Комуналец“ имаат јавна намена за потребите на Гевгелија и општината, а не служат за пречек на исфрустрирани самоувртени „величини“ без никаква одговорност за јавното добро и јавниот имот.
Во услови на енергетска криза, ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија троши средства на граѓаните на Гевгелија за разубавување на денот на Мицкоски во Штип.

Одговорност за партиското полтронство В.Д. директорот ќе поднесе пред Советот на општина Гевгелија, пред претставниците на локалната власт и пред граѓаните кои ја бирале оваа расипничка власт во Гевгелија.

Ги потсетуваме локалните функционери од ДПМНЕ, дека ЈПКД „Комуналец" не е партиска подружница на ВМРО - ДПМНЕ туку јавно претпријатие основано од Советот на општината, со основна намена да им служи на жителите на општина Гевгелија!“ - се вели во денешното соопштение на ОО на СДСМ Гевгелија.

 

Прес на Јаким Неделков, претседател на СОНК во кој вели дек од денеска генералниот штрајк во образованието се става во мирување.
Се очекува усогласен договор со Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика и Владата на РСМ.

Неделков изрази верување дека колективните договори ќе се потпишат со динамика на зголемување на платите, со регрес за гоишен одмор, со трошоци за патување до работа.

Закон за мирно решавање на работни спорови, налага двете странки да се договороат, да не се врши притисок на преговарачите, па СОНК и МОН се во фаза на помирување. Рокот за помирување трае максимум 20 дена.

Неделков на прашањето дали за оваа одлука ги консултирал членовите на СОНК одговори дека нема човек што би одбил почитување на Закон.

ОВР Гевгелија поднесе кривични пријави против две лица од Гевгелија, еден од Прдејци и едно лице од Стојаково до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, за стрено кривично дело разбојништво, а судија на претходна постапка на истите им одреди притвор.

На 26.04.2022 во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од с.Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од с.Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија.

Тие, на 26.04.2022 околу 01.00 часот на ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко возило „BMW“, со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.

Четворицата, заедно како група, на 26 април, на паркинг простор на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија, одзеле подвижни предмети од лице од Неготинo. Кога оштетениот со својот автомобил марка БМВ пристигнал на паркингот, тие го нападнале и започнале да го удираат, нанесувајќи му телесни повреди. Со употреба на сила, осомничените му го одзеле автомобилот вреден околу 4.000 евра, торбичка во која имало околу 2.500 евра во денарска противвредност, мобилен телефон Ајфон вреден 30.000 денари, банкарски картички, клучеви од уште еден автомобил и од викенд-куќа.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор.



Средношколецот Лука Павиќевиќ како Претседателот на Сојузот на средношколци гостуваше во вестите на Сител и јавно оцени дека „Штрајкот на СОНК е на штета на учениците“.

Тој во своето излагање пред јавноста изјави:
- „Вчера кога дознавме дека преговарачите донеле некакво заедничко решение истото го поздраввивме верувајќи дека еве конечно возрасните го слушнаа гласот на средношколците, гласот на учениците, и постигнаа компромис во интерес на децата, учениците, средношколците како главни и единствени корисници на образовниот систем“.

На прашањто од новинарот што добиваат учениците од штрајкот (сакаат да си поседат дома), а што наставниците, младиот средношколец одговори:
- „Луѓето кои мислат така не се во право. На 21 август седев на ова столче во студиото и изјавивме ние средношколците „Сакаме да учиме! Две години Сојузот на средношколц бара поквалитетен образовен систем, имајќи ја во предвид пандемијата, продолжувањето на зимскиот распуст, штрајкот и слично, така да континуирано и последователно бараме квалитетна настава“.

Досега Средношколскиот сојуз не изнесуваше став за штрајкот, туку се одлучиле на „јавна тишина“.  Тој ја цитираше декларацијата на Обединетите нации, точка 6: „Се' што се случува во областа на образованието треба да биде во интерес на децата“. Затоа ги повика јавно и МОН и СОНК да најдат конечно решение и да престане ова состојба на шрајк во образованието, нагласи Павиќевиќ. 

Еве го целото излагање на Претседателот на Сојузот на средношколци во видеото кое следува.



Слободарска Гевгелија на денешен ден, 26 април 1943 ја одбележува 79 годишнината од излегувањето на првите партизани од нашиот крај.

Слава и почит за нивните храбри одлуки и постапки да заминат тајно во партизани на Кожуф планина каде на 10 мај истата година е формиран и Првиот гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“ денеска им оддадоа членови на Здружението на борците од НОБ од Гевгелија, претставници на локалната власт, здруженија на граѓани и претставници на политичките партии.

Првите храбри да зачекорат на патот кон отпорот против фашизмот, окупаторот на нашата Гевгелија, Европа и светот беа 15-на млади луѓе од Гевгелија. Ќе ги псоменеме: Ристо Бајалски, Димитар Григоров Зафиров, Димитар Кирилов Брзилов, Петар Христов Балабуров, Михаил Христов Делев, Василка Танова Дуганова, Јанко Милтијадев Инов (Урдинов), Надежда Васил Христова, Александар Мицев Ќаев, Марика Мицева Ќаева, Деко Андонов Ковачев, Васил Христов Карајанов, Христо Василев Поп-Ристов, Илија Танев Миов и Иван Христов Бајков. Гевгелиските доброволци партизани заминале на Кожуф планина, во три групи, на 26-ти, 30-ти април и 3-ти мај 1943, а попатно им се придружиле и младинци СКОЈ-евци од околните населени места од гевгелиско.

Во виорот на воените дејствија низ Гевгелија и во околните општини,  низ планинаските борбени позиции ширум нашата Гевгелија имаше истакнати борци, некои прогласени за Народни херои.

Спомени за настаните на овој ден пред Спомен костурницата на паднатите борци во Гевгелија евоцираше претседателот на боречката организација, Ристо Марковски.

Слава и почит за сите нив за слободарското сонце кое не грее веќе 77 години !
Цвеќе и незаборав за хероите и борците од нашиот крај денеска положија делегациите од Гевгелија.



Страница 3 од 221

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.