Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во една од собите на семејната куќа на улица „Илинденска“ со Гевгелија, во пластични саксии со хумусна земја, осомничениот засадил повеќе семки од растението канабис. Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година редовно ги наводнувал и прихранувал со ѓубриво, ги осветлувал со ЛЕД сијалици и ги затоплувал. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршетоци, ги сушел и ги пакувал за продажба. При претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе различни пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.



Четири први, едно второ и две трети места се седумте освоени награди на учениците на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија на Општинскиот натпревар по англиски јазик кој се одржа. минатата сабота во Струмица.

Од гевгелиското училиште „Крсте Мисирков“ учествуваа ученици од V до VIII одделение и сите постигнаа наградни позиции од прво, второ и трето место.

ПРВО место освоија:
- Нина Петкова - ( VI одд. )
- Нина Јованова - ( VII одд.)
- Георгина Улиш - ( VII одд.)
- Јован Грозданов - Прво место - (VIII одд.)

ВТОРО место освои:
- Лука Николоски - ( VIII одд. )

ТРЕТО место освоија:
- Тамара Маркова - ( V одд. )
- Леонид Дуклевски - ( V одд. )

Со овој освоен пласман сите ученици продолжуваат на регионалниот натпревар.
Ментори на наградените ученици се наставниците: Викторија Андонова, Нада Крстова, Марија Дучкова и Кристина Пренда.
Среќа и успех во следната регионална фаза на натпреварување.



Градоначалникот на општина Дојран Анго Агов и градоначалникот на општина Вишеград Младен Ѓуревиќ завчера потпишаа Договор и Повелба за збратимување. Настанот се реализира во склоп на саемската манифестација - Меѓународен турискички Саем во Белград. Овде двете општини најдоа области на заеднички интереси за соработка и размена на искуства.

Општина Вишеград се наоѓа на истокот од Репунлика Српска во Босна и Херцеговина. Има 13.500 жители, Самиот град брои 8.000 жители и претставува атрактивно туристичко место и значајно транзитно туристичко место до дубровничката ривиера. За туроператорите е привлечен по стариот мост на Дрина опишан во истоимениот роман на југословенскиот писател, новелист и поет Иво Андриќ, за кој добил Нобелова награда за литература во 1961 година.

Градоначалникот на Вишеград Ѓуревиќ рече дека Договорот за збратимување со македонската општина Дојран претставува почетна точка за заедничко дејствување во регионални и европски рамки, како и за заедничко планирање на проекти.

- „Ова е почеток на меѓусебно давање стручна помош, што придонесува за подобрување на функционирањето на локалните самоуправи“, посочи Ѓуревиќ.

Тој напомена дека збратимувањето е основа за соработка во областа на туризмот, културата и инвестициите, нагласувајќи го развојот на двете општини.
Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов изрази задоволство од збратимувањето на општините кои ќе соработуваат во различни области, особено во туризмот.

На потпишувањето на Договорот присуствуваше и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на РС Македонија, Љупчо Јаневски.



Уште четири денови нѐ делат од објавувањето на резултатите од Пописот на население спроведен минатата година, а ТВ21 од извори во Заводот за статистика вечерва објави дел од резултатите во однос на бројот на резидентноито и нерезидентното население.

Неофицијално, како што објави телевизијата, во земјава живеат 1 милион и 800 илјади граѓани, а заедно со дијаспората сме 2,1 милион жители, што значи дека околу 300.000 лица живеат во странство. Како што пренесе телевизијата, вкупниот број граѓани кои имаат матичен број изнесува 2,5 милиони.

Во однос на етничките заедници во земјава, околу 65 отсто се Македонци, околу 24,7 се Албанци, а 10-12 отсто се припадници на други заедници.

Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би претставувале од 60 до 62 проценти од населението, додека Албанците 29,5 проценти, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10 проценти.



Општина Дојран и туристичките понудувачи и угостители и годинава учествуваат на традиционалниит меѓународен саем за туризам во Белград каде не останаа незабележани од тамошната саемска публика.
Освен својот туристички штанд богат со брошури, флаери, визит понуди за сместување и угостување при посета на Дојран, годинава по традиција на секои дојрански гостувања во странство, се одржа специјалната „Дојранска вечер“, во рамките на саемските денови.

Настанот се одржа синоќа во „City Hall“ во Белград на која учествуваа градоначалникот на општина Дојран, саемските излагачи, и секако атрактивната кулинарска понуда на дојранските угостители: Рестораните „Фук-Так“, „Калдрма“, хотел „Романтик Плаза“ Дојран. Специјалитетите на маса за дегустација, а шефовите на кујните на бина за промоција на вкусовите од плодовите на доојранското поднебје, за да кажат дека ова е само дел од сето она што плива и расте во Дојран, а се сервира на трпезите во нивните ресторани.

Вкусовите од југот ја обединија публиката во намерата да го посетат Дојран и тамошните сместувачки капацитети за да ги вкусат традиционалните специјалитети од риба и со поглед на Дојранското езеро, за полн впечаток од поднебјето.
Дојранската вечер беше единствен настан организиран од Дојран за разлика од останатите учесници од Македонија, општините Охрид, Демир Капија и Гевгелија. Саемот нуди можности за презентација пред 65.000 саемска публика и промоција пред 1.000 медиуми од Србија и странство. Настапот на Македонските претставници беше поддржано од државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Македонија е преплавена со возила со бугарски регистрации, чии сопственици се Македонци со бугарски пасоши, кои давачките за користење јавни патишта ги плаќаат во Бугарија, а ги користат македонските патишта. Затоа, Владата лани за 50 отсто ги намали давачките за регистрација на вакви возила тука. Условот е тие да влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година и да се со ЕУРО 4 стандард. Владата најави дека со ваквото решение во буџетот ќе влезат приходи од околу 20 милиони евра.

Сите сопственици кои ја завршиле ргистрацијата на своите увезени возила немаат проблеми. Останатите, кои не го искористиле ова олеснување се соочуваат со проблеми на граница>
- „Пеш може, со кола не“, - . Ова е одговорот на граничните власти кои го добиле повеќе македонски граѓани, кога со своите автомобили, регистрирани во странство, деновиве се обиделе да влезат во земјава.

На граница им било кажано дека автомобилот со странски таблички може да влезе во Македонија само ако неговиот сопственик се откаже од адресата на живеење во земјава или со документи дека возилото се увезува. Ова за ТВ24 го потврди и бугарски царински службеник од граничниот премин кај Делчево, кој сакаше да остане анонимен. Според него, од почетокот на месецов, многу автомобили со бугарски регистарски таблички кои сакале да влезат во земјава, биле вратени назад во Бугарија.

Од МВР велат дека на возила, вклучувајќи ги и оние со странски регистарски таблички им се дозволува непречен влез и излез од државата секогаш кога се исполнети законските услови за тоа.

Од Царинската управа соопштуваат дека ваквите возила се водат како привремен увоз на стока, која мора да се царини.

- „Привремен увоз значи царинска постапка, според која одредена стока, вклучувајќи и транспортни средства, може да се внесе во царинското подрачје со целосно ослободување од плаќање увозни давачки и повторно да се извезе во одреден рок во непроменета состојба, при што условите и начинот на одобрување е регулиран со Конвенцијата за привремен увоз - Истанбулска Конвенција, одредбите од Царинскиот закон и одредбите од Уредбата за спроведување на царинскиот закон.“

 

Синоќа во Скопје на 10 минути пред полноќ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје лишиле од слобода двајца Гевгеичани. Притворените се на 25 и 21 годишна взраст, И двајцата имаат правосилни судски пресуди за сторено кривично дело, постариот од Основен кривичен суд Скопје, а помладиот од Основен суд Гевгелија.

Полицискиот притвор е изведен понеделник пред полноќ, на 21.03.2022 во 23.50 часот на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје.

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(25) од Гевгелија. Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување на мерка притвор по пресуда за казна затвор од 4 години за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик. Д.Ј. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 21.03.2022 во 23.50 часот на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(21) од Гевгелија. Тој бил баран со централна потерница од Основен суд Гевгелија за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. С.Б. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Најстарото планинарско друштво во општина Гевгелија ЗПСК „Кожуф“ годинава одбележува 70 години од своето формирање - Јубилеј за почит, но и повод за низа одбележувања.
Во духот на планинарството кое се темели на престој и грижа за шумата, јубилејците својата завидна годишнина ја одбележаа со организирање на акција за пошумување во пределите на гевгелискиот Кожув, со работно мото „ПРИРОДАТА Е БОГАТСТВО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА“.

Викендов беа посадени 6.000 садници црн бор и багрем, во околината на Ново Конско, подножјето на Кожуф планина.
Во акцијата учество зедоа 65 планинари од ЗПСК „Кожуф“, а им се придружија и други јубилејци - членовите на Мкадинскиот Клуб на Црвениот Крст од Гевгелија кои годинава во март одбележаа 77 години од своето формирање во далечната 1945 година.

Вредните планинари, активисти на ЦК во акцијата за пошумување по повод Јубилеите беа поддржани од претставници од ЈП Национални шуми- Подружница ШС „Кожув“- Гевгелија кои помогнаа во подготовките на теренот и садниците, како и членови на НВО „Чејнџмејкерс“- Гевгелија.

Планинарите на „Кожуф“ после изведената акција за пошумување грижата кон природата ја покажаа и со изведба на еколошка акција за чистење на подножјето на Кожуф долж теренот кој го оплеменуваа со садници. Целта на ова акција е повеќе зеленило и почиста животна средина, велат „Кожуфци“. Членовите на ЦК пак 77 години јубилеј за означија со симболиката засадувајќи 77 садници од бор и багрем.

Јубијејот - 70 години од формирањето и активното опстојување на Планинарското друштво „Кожуф“ во далечната 1952 година, пред 4 години пререгистрирано во ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, ќе биде повод за низа акциски одбележувања во текот на целата година, најавуваат од „Кожуф“

 

Денот на доаѓањето на пролетта 20 Март е Меѓународен ден на среќата. Датумот го одреди Генералното собрание на Обединетите нации. Настан создаден за да потврди дека среќата е едно од основните права на човекот.
Во Резолуцијата на ОН со која се утврдува Меѓународниот ден на среќата се вели: „..…дека потрагата по среќа е основна цел на човештвото…“ . За датум е избран 20 март поради тоа што на овој ден настапува пролетната рамноденица. Овој ден е симбол на повторното раѓање на природата.

Секоја година, непосредно пред Меѓународниот ден на среќата, ОН на својата веб-страница го објавуваат Светскиот извештај за среќа, кој ја составува листата на најсреќните земји во светот врз основа на критериуми како што се БДП по глава на жител, благосостојба, очекувања од животот, слобода, отсуство на корупција и социјална соработка.

МАКЕДОНИЈА е на 89-то место. Македонските граѓани се за пет места „посреќни“ од минатогодишната анкета на листата за среќа објавена од ОН лани.
На првото место е Финска, потоа Данска и Исланд.
На дното на листата се Авганистан, Либан, Зимбабве, Руанда и Боцвана.

Податоците се дел од глобалната анкета како луѓето го ценат својот живот, реализирана во повеќе од 150 земји низ светот.



Вселенски комбинезони со сино-жолта боја како боите на украинското знаме е работната гардероба со која се појавија тројца руски космонаути кои пристигнаа денеска на Меѓународната вселенска станица.

Неколку пати се најавуваше дека нивниот лет ќе биде откажан поради војната, но сепак тие полетаа. Тие дојдоа со капсулата „Сојуз“, а во посадата се наредникот Олег Артемјев, Денис Метвејев и Сергеј Корсаков. На МВС дојдоа по тричасовен лет од Казахстан. Се работи за први космонаути од Русија, кои дојдоа на МВС по нападот.

Веќе во неколку наврати се спомнуваше дека нивниот лет ќе биде откажан поради војната. Но, сепак полетаа. Во видеото кое е објавено непосредно пред летот космонаутите носеа бело-сини костими. Но, на МВС се споија со жолто-сини костими.

На МВС срдечно ги пречекаа американски и германско колеги, како и Руси кои веќе беа горе. Еден од космонаутите, Олег Артемјев, прашан за жолто-сините костими, кога разговараше со членовите на семејството на Земјата, рече дека секој член бира што ќе носи. Додаде дека имале многу жолт материјал и требало да го искористат.

Страница 14 од 229

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.