Седумдецениската традиција на изведување несекојдневни трки во Стојаково во чест на 1 Мај, се одржа и годинава во организација на мештаните кои на ваков начин го одржуваат спортскиот дух, заедничкото дружење, навивање, славење во чест на празникот на трудот.

Кај вредните стојачани трудот е секојдневие како на работното место, така и на нивите, со стоката, со вреките за товарење па и натпреварувачките дисциплини, 18 на број беа такви: трки со коњи, трки со магариња, трки на 100 и на 3.000 метри, трки со велосипеди,трки со гуми (популарно наречена „шоферска трка“,) теглење на јаже, борба со раце.

Доброволците кои сакаа да ги покажат своите вештини беа бројни, а побројна беше публиката која ги преплави улиците низ Стојаково.

Честитки за организацијата испрати и градоначалникот на општина Богданци до организациониот одбор и советниците кои остварија еден успешен натпреварувачки и празничен ден во Стојаково, збогатен и со настапи на културно-уметничкото друштва од Стојаково.

Традиционално на ден 1 Мај во с. Стојаково, (општина Богданци) се организираат најзабавните трки, со магариња, со коњи, со вреќи и сите тие привлекуваат огромен број на публика како од Богданско, така и од околината.

И годинава традицијата продолжува во организација на Месната заедница од Стојаково и организационен одбор на поддржувачи.

На програмата се натпреварувачки дисциплини во 18 дисциплини, по категории, пол и возрасни групи. Натпреварите започнуваат утре недела во 08:30 часот од центарот на Стојково со првата трка, трката со коњи. Следуваат трката со магариња, трка на 100 метри на јуниори, сениори, кадети, трка со велосипеди, трка со вреќи, а последна на програмата е трката со гуми, ја нарекуваат „шоферска трка“. Продолжуваат дисциплините влечење на јаже, борба со рака.

Многу учесници, многу публика, многу навивање и ведар дух се очекува утре на натпреварувачките патеки низ улиците на Стојаково.

Оваа традиција датира од 1951 година и годинава навлегува во осмата деценија од своето практикување.
Бидејќи е феномен на овие простори истата се најде на Веб страната на Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија, зошто овие спортисти треба да се бодрат, а бројот на учесници и навивачи не е ограничен.

Ако не сте традиционален првомајски скараџија, празникот можете да го поминете и со посета на Стојаково и вака да го славите Денот на трудот, савејќи го трудот на овие спортисти ентузијасти.



Вкупно 53.201 граѓанин којшто живее во наша земја покрај македонско има и државјанство на некоја друга земја, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Од нив, најголем дел 19.645 граѓани освен македонското, имаат и бугарско државјанств.
Следат 10.909 и со српско, 3.819 и со хрватско, 2.393 и со косовско и 2.164 и со албанско државјанство.

Неодамнешниот попис на население покажал дека тоа се околу три проценти од вкупното резидентно население во Македонија, чијашто бројка изнесува 1.778.725 лица.

Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македонци – 58,8 проценти, потоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.

ДЗИ соопшти и тоа дека 4.203 лица се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.



СДСМ Гевгелија денеска со соопштение реагираше на партиското самоволие на в.д.диркторот на ЈПКД „Комуналец“, инаку кадар на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија. Во соопштението стои:

„Возило цистерна сопственост на гевгелиското локално комунално претпријатие „Комуналец“ по налог на в.д. директорот Чочков кадар на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија денеска е испратена за Штип.
Во Штип нема пожар, нема елементарна непогода, нема недостаток на вода, нема дефект, туку се спрема миење на улиците за најавената посета на Христијан Мицкоски во Штип.
Утре е најавено отварање на спортско игралиште во штипската населба Баби, а меѓу поканетите гости е и лидерот на ДПМНЕ.
Ги потсетуваме расипокуќниците од локалната власт и градоначалникот Сарамандов, дека неговиот новопоставен партиски кадар во локалното комунално претпријатие не располага со имотот на јавното претпријатие како маалско гранапче. Возилата на ЈПКД „Комуналец“ имаат јавна намена за потребите на Гевгелија и општината, а не служат за пречек на исфрустрирани самоувртени „величини“ без никаква одговорност за јавното добро и јавниот имот.
Во услови на енергетска криза, ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија троши средства на граѓаните на Гевгелија за разубавување на денот на Мицкоски во Штип.

Одговорност за партиското полтронство В.Д. директорот ќе поднесе пред Советот на општина Гевгелија, пред претставниците на локалната власт и пред граѓаните кои ја бирале оваа расипничка власт во Гевгелија.

Ги потсетуваме локалните функционери од ДПМНЕ, дека ЈПКД „Комуналец" не е партиска подружница на ВМРО - ДПМНЕ туку јавно претпријатие основано од Советот на општината, со основна намена да им служи на жителите на општина Гевгелија!“ - се вели во денешното соопштение на ОО на СДСМ Гевгелија.

 

Прес на Јаким Неделков, претседател на СОНК во кој вели дек од денеска генералниот штрајк во образованието се става во мирување.
Се очекува усогласен договор со Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика и Владата на РСМ.

Неделков изрази верување дека колективните договори ќе се потпишат со динамика на зголемување на платите, со регрес за гоишен одмор, со трошоци за патување до работа.

Закон за мирно решавање на работни спорови, налага двете странки да се договороат, да не се врши притисок на преговарачите, па СОНК и МОН се во фаза на помирување. Рокот за помирување трае максимум 20 дена.

Неделков на прашањето дали за оваа одлука ги консултирал членовите на СОНК одговори дека нема човек што би одбил почитување на Закон.

ОВР Гевгелија поднесе кривични пријави против две лица од Гевгелија, еден од Прдејци и едно лице од Стојаково до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, за стрено кривично дело разбојништво, а судија на претходна постапка на истите им одреди притвор.

На 26.04.2022 во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од с.Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од с.Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија.

Тие, на 26.04.2022 околу 01.00 часот на ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко возило „BMW“, со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.

Четворицата, заедно како група, на 26 април, на паркинг простор на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија, одзеле подвижни предмети од лице од Неготинo. Кога оштетениот со својот автомобил марка БМВ пристигнал на паркингот, тие го нападнале и започнале да го удираат, нанесувајќи му телесни повреди. Со употреба на сила, осомничените му го одзеле автомобилот вреден околу 4.000 евра, торбичка во која имало околу 2.500 евра во денарска противвредност, мобилен телефон Ајфон вреден 30.000 денари, банкарски картички, клучеви од уште еден автомобил и од викенд-куќа.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор.



Средношколецот Лука Павиќевиќ како Претседателот на Сојузот на средношколци гостуваше во вестите на Сител и јавно оцени дека „Штрајкот на СОНК е на штета на учениците“.

Тој во своето излагање пред јавноста изјави:
- „Вчера кога дознавме дека преговарачите донеле некакво заедничко решение истото го поздраввивме верувајќи дека еве конечно возрасните го слушнаа гласот на средношколците, гласот на учениците, и постигнаа компромис во интерес на децата, учениците, средношколците како главни и единствени корисници на образовниот систем“.

На прашањто од новинарот што добиваат учениците од штрајкот (сакаат да си поседат дома), а што наставниците, младиот средношколец одговори:
- „Луѓето кои мислат така не се во право. На 21 август седев на ова столче во студиото и изјавивме ние средношколците „Сакаме да учиме! Две години Сојузот на средношколц бара поквалитетен образовен систем, имајќи ја во предвид пандемијата, продолжувањето на зимскиот распуст, штрајкот и слично, така да континуирано и последователно бараме квалитетна настава“.

Досега Средношколскиот сојуз не изнесуваше став за штрајкот, туку се одлучиле на „јавна тишина“.  Тој ја цитираше декларацијата на Обединетите нации, точка 6: „Се' што се случува во областа на образованието треба да биде во интерес на децата“. Затоа ги повика јавно и МОН и СОНК да најдат конечно решение и да престане ова состојба на шрајк во образованието, нагласи Павиќевиќ. 

Еве го целото излагање на Претседателот на Сојузот на средношколци во видеото кое следува.



Слободарска Гевгелија на денешен ден, 26 април 1943 ја одбележува 79 годишнината од излегувањето на првите партизани од нашиот крај.

Слава и почит за нивните храбри одлуки и постапки да заминат тајно во партизани на Кожуф планина каде на 10 мај истата година е формиран и Првиот гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“ денеска им оддадоа членови на Здружението на борците од НОБ од Гевгелија, претставници на локалната власт, здруженија на граѓани и претставници на политичките партии.

Првите храбри да зачекорат на патот кон отпорот против фашизмот, окупаторот на нашата Гевгелија, Европа и светот беа 15-на млади луѓе од Гевгелија. Ќе ги псоменеме: Ристо Бајалски, Димитар Григоров Зафиров, Димитар Кирилов Брзилов, Петар Христов Балабуров, Михаил Христов Делев, Василка Танова Дуганова, Јанко Милтијадев Инов (Урдинов), Надежда Васил Христова, Александар Мицев Ќаев, Марика Мицева Ќаева, Деко Андонов Ковачев, Васил Христов Карајанов, Христо Василев Поп-Ристов, Илија Танев Миов и Иван Христов Бајков. Гевгелиските доброволци партизани заминале на Кожуф планина, во три групи, на 26-ти, 30-ти април и 3-ти мај 1943, а попатно им се придружиле и младинци СКОЈ-евци од околните населени места од гевгелиско.

Во виорот на воените дејствија низ Гевгелија и во околните општини,  низ планинаските борбени позиции ширум нашата Гевгелија имаше истакнати борци, некои прогласени за Народни херои.

Спомени за настаните на овој ден пред Спомен костурницата на паднатите борци во Гевгелија евоцираше претседателот на боречката организација, Ристо Марковски.

Слава и почит за сите нив за слободарското сонце кое не грее веќе 77 години !
Цвеќе и незаборав за хероите и борците од нашиот крај денеска положија делегациите од Гевгелија.



Попладнево претставници на СОНК и Владата со Министерстото за образование и Министерството за труд и социјала, заедно со премиерот и претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати одржаа средба и падна договор - зголемување на платите на вработенте во образованието и во детските градинки за 12% почнувајќи од јули 2022 година.

Ова е пресек од договорот кој беше постигнат денеска меѓу преговарачите согласно барањата на СОНК и можностите на Владата со роковите за ребаланс на Буџетот за 2022 година, каде влегуваат и платите на оваа категорија вработени.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков се заблагодари на Сузан Флокен, директор на Европската Конфедерација на слободни синдикати за поддршката и денешната соработка во преговорите меѓу СОНК и Владата.

Утре ќе следува консултација со членството, ќе има регионани одбори, Се надева дека во интерес на учениците, наставниците, во интерес на државата штрајкот ќе заврши“, кажа Неделков на денешниот прес после преговорите во Влада.

Неделков им се извини на сите кои претрпеа во овој процес, пред се' на учениците.

Министерката Јована Тренчевска изрази верба дека од среда учениците ќе се вратат на училиште, а наставниците таму каде им е местото, во изведување на наставниот процес.

Од вчера на Велики петок богданчани горди на функционалната осветлена фонтана во центарот на градоот постираат фотографии, па дури и посветија видео.

Ваквата радост на празничниот ден пред големиот христијански празник Велигден е знак за победа на грижата и домаќинлукот, наместо негрижата и вандалството.

Имено оваа фонтана, сместена во централниот парк на Богданци ноќта помеѓу 10 и 11 февруари годинава беше оштетена на вандалски начин со искршени плочки, цевки од водоводната инсталација, рефлекторите за осветлување. Општината го осуди овој чин на неодговорно дивеење врз објектите од општо добро за сите.

После вандалскиот чин на оштетување на градската фонтана во центарот на Богданци, деновиве истата претрпи санацијата и реновирањето, како ангажман на општина Богданци, и од вчера овторно е во функција. Распрснатите млазови вода се облеваат со боите на виножитото од црвено, сино, зелено... Посетителите на градскиот парк ја фотохрафираа, ја снимаа, а некои гордо ги објавија фотките на социјалните мрежи.



Страница 11 од 229

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.