Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој сообраќа на релацијата Скопје-Гевгелија. Пожарот е евидентиран кога тој запрел на станицата кај тиквешкото село Кукуричани, со цел да се качат патниците од оваа станица.

Според полицијата во ОВР Неготино, каде е пријавено за настанот, пожарот се случил на 17.05.2022 околу 18:42 часот. Пријавителот навел дека на железничка станица Кукуричани настанал пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Гевгелија. Екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото ивршила екипа од ОВР Неготино.

Снимка од пожарот денеска се појави на ТикТок, а на неа се гледа како неколку луѓе се обидуваат со кофи со вода да ја изгаснат локомотивата, од која се извива густ чад, а патниците од перонот ја следат состојбата со пожарот. Видеото го евидентира присуството на Полицијата, Противпожарното возило, патниците кои чекаат да се заврши акцијата со гаснењето и да го продолжат патувањето.

Инаку, ова е трет случај на опожарување на локомотива на Македонски железници. Минатата година ваква несреќа се случи на 21 Мај кај ЖС „Смоквица“. Вториот случај беше регистриран на 21 септември 2021 кај пругата Згрополци-Велес на патничкиот воз 611 кој сообраќаше на релација Гевгелија-Скопје. И двата пожара лани и вчерашниот беа успешно и брзо изгаснати. Време да се запрашаме за нивната старост, квалитетот на одржувањето, сервисирањето.

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ - голманската легенда Никола Гелебешев замина на вечен спокој. Управата на ФК „Кожуф“ известува дека починал вчера ненадејно.

- „Со огромно жалење ве известуваме дека вчера, 17 мај, почина голманската легенда на ФК Кожуф Никола Гелебешев. Јавноста вечно ќе го памети по настапите во ФК „Кожуф“, исто така и по настапите во Југославенската лига за ФК „Работнички“ и ФК „Вардар“ - Напишаа од управата на ФК Кожуф.

Беше активен во златното време на гевгелиски Кожуф во 1970 година кога клубот повторно се пласира во Прва републичка лига со добра петочлена навала, која постигнувала успеси. Во тогашниот состав на „Кожуф“ заедно со Гелебешев на теренот беа: Петков-Шеки, Гелебешев (голман), Велков, Узунов, Ангов, Лазаров, Василев, Бојаџиев, Костов, Мачуков и Дојчинов, со тренерот Цветко Трајков. Клубот неколку години играл во Првата републичка лига и секогаш се пласирал во горниот дел на табелата, благодарение на колективната игра и квалитетниот напад, управата на клубот и првокласната тренерска стручност, предводена од Цветко Трајков. По неколку години ФК „Кожуф“ се вратил во Титовелешки потсојуз, како резултат на тоа што најдобрите 3-4 играчи на тимот заминале да настапуваат во сојузните тимови на Југославија, меѓу кои и голманот Гелебешев.

По завршувањето на играчката кариера Гелебешев несебично се залагаше знаењето и искуството да го пренесе на младите генерации како тренер. Ретки се луѓето како него кои живееја за здрава и успешна младина.
НИКОГАШ ЗАБОРАВЕН!
Вечна му слава!

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го одбележа патрониот ден. Со низа свечености учениците и вработените од училиштето во знакот на одбележувањето на 77-годишното постоење на гимназиското образование потврдија уште еднаш дека гевгелиската гимназија е носителот на образовните процеси во градот и регионот.

Свечената прослава се одржа во Народниот театар со пригодна програма подготвена од учениците и нивните професори-ментори: Розета Картова, Илија Атанасов, Бисерка Макревска, Даниела Џишева, Александра Ќаева, Тони Аврамов и Жаклина Атанасова.

На почетокот од свеченоста свое обраќање имаше директорката на училиштето Марија Танева.

- „- Нашиот училиштен центар од година во година го менува и подобрува својот облик, со првенствена цел да стане попријатна и пофункционална установа за реализирање на воспитно-образовната дејност и сите предвидени наставни програми. Во тек сме со иновативни методи, нови пристапи и следење на сите актуелни случувања кои можат да го усовршат и подобрат наставниот процес и на нашите професори и ученици да им понудат нови перспективи за стручен и индивидуален развој, во функција на современото општество. Се гордееме со нашите достигнувања, но во исто време се обидуваме и да пронајдеме начини за уште повеќе мотивација, уште посилна желба и поддршка да се постигне уште повеќе и да се стигне уште „подалеку“ “ - истакна Танева.

СОУ Јосиф Јосифовски покрај јубилејот 77 години средношколско образование во Гевгелија денеска го чествуваше својот патрон првоборецот и Народен херој од НОБ, Јосиф Јосифовски (1914-1943) од Гевгелија, со партизанското име Свештарот. Во негова ест и спомен беше положено цвеќе на сопмен бистата во дворот на училиштето од страна на ученици, професори, гости од локалната самоуправа, гости од збратимениот град Инџија со кои СОУ „Ј:Јосифовски“ со децении соработува.

Заради жртвата на патронот, заради вложеноста на борците од НОБ, веднаш после ослободувањето од фашистичката окупација (1945г.) во учебната 1945/1946 година отворена е Првата неполна гимназија во Гевгелија. Ова го овозможила тогашната новоформирана ослободителна власт со решение на Советот за просвета, наука и култура. За седум години подоцна, на 7 јули 1952 година, таа прераснува во Полна (осумкласна) гимназија. Денеска оваа Гимназија е современ Средношколски училишен центар со преку 1.000 ученици, 100-на вработени, со 10 предметни насоки за образование и овде се подготвуваат и образуваат за професионален живот младите од нашиот крај.

Фото од денешното одбележување: СОУ „Ј.Јосифовски“

 

Вчера попладне, на 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.В. (52) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, известуваат од МВР.



Македонскиот гигант во индустријата со мебел „Мебел - ВИ“ од Виница се приближува до потрошувачите од југот.

По завршувањето на подготвителните активности, вчера 10.05.2022, беше поставен камен темелник на новиот ултра модерен салон за мебел на „Мебел-Ви“, лоциран во Струмица. Објектот е планиран да биде со површина од 4.000м2 што го прави еден од најголемите продажни објекти во државата.

- „Остануваме на определбата да бидеме прв и најдобар избор за квалитетен мебел на потрошувачите во Македонија и со ова значително ја доближуваме нашата понуда до уште поголем број корисници. Ова е 8-миот продажен салон на нашата компанија и заедно со него вкупната изложбена површина, на располагање на потрошувачите, се искачува на 22.000 метри квадратни што не' прави лидер на пазарот во државата, но и во регионот.

Новата инвестиција доаѓа во годината кога го прославуваме нашиот јубилеј 25 години постоење, и значително ќе придонесе во збогатување на целокупната понуда на пазарот на мебел и секако ќе внесе дополнителна свежина и бенефиции за граѓаните во Струмичкиот регион и соседните општини. Нашата стратешка цел е понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет, квалитетен мебел кој е достапен и блиску до потрошувачите.
Благодариме на сите што сте дел од семејството на Мебел-Ви! Нашата Мисија од секогаш е создавање на уникатен препознатлив дизајн, професионализам и специјализација во работењето и постојано инвестирање во квалитетот.

Продолжуваме заедно со Вас да растеме и да се развиваме“ порачуваат од „Мебел-Ви“ Виница..

 

 

Моника Сандри, претставничката на УНХЦР во нашата земја при вчерашната посета на општина Гевгелија договори заедничка соработка со Општината за помош на категоријата социјално ранливи семејства.

Овде таа ја истакна улoгата на општина Гевгелија во справувањето со бегалската криза, особено грижливиот момент на згрижување и пружање здравствена заштита, хуман третман, сместување, храна, едукација за младите.
Втор сегмент е и грижата за социјално ранливи семејства во локалната средина, лицата на кои им треба помош од секаков карактер за да го подобрат својот живот и егзистенција во хумани услови.

За таа цел беше потпишан договор помеѓу партнерите во овој проект УНХЦР и Општина Гевгелија. Соработката се одвива согласно потпишаниот Меморандумот за меѓусебна соработка од минатата година, а активностите веќе се спроведуваат според Акцискиот план кој содржи конкретни активности, фокусни точки и временски рокови за имплементација. Една од нив е и заедничката помош за социјално-ранливите семејства во општината и спроведувањето на новата интернат-алатка за непосредна помош.

Моника Сандри ја оцени како одлична иницијативата за развивање на интернет-алатката, односно веб-порталот, кој ќе го раководи Општина Гевгелија во соработка со Центар за социјални работи од Гевгелија. Оваа алатка ќе придонесе за навремено детектирање и евидентирање семејства и поединци, кои се нашле во социјален ризик и имаат итна потреба од одреден вид помош ( облека, хигиенски пакети, мебел, покуќнина, електрични апарати, итн.), како и достава на потребната помош до целните групи.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заблагодарувајќи се до УНХЦР за помошта што досега ја донираа за општина Гевгелија, нагласи дека очекува воспоставената соработка да биде уште повеќе интензивирана во иднина, со опфаќање на ранливите категории граѓани на подрачјето на Општина Гевгелија, на кои помошта секогаш им е добредојдена.

Директорот на Општата болница со проширена дејност, д-р Митко Крџев, доделувајќи благодарница на претставничката на УНХЦР, Моника Сандри, се заблагодари на досегашната соработка со УНХЦР, која особено дојде до израз во последните две години од пандемијата на КОВИД-19 кога беше донирана здравствена и друга опрема во вредност од 5.000 евра за Општата болница во Гевгелија. Исто така, и за донираниот технички материјал потребен како на пациентите, така и на медицинскиот персонал.

 

""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""

Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од Балканската математичка олимпијада, која се одржа во Кипар.

Средношколецот Никола Спировски освои златен медал на овогодишната Балканска математичка олимпијада 2022, што е прв ваков успех во македонската историја.

Покрај златниот медал, македонските претставници Дамјан Давков и Јан Стојановски освоија и два сребрени медали, додека бронзен медал освои Алексиј Тасиќ. Пофалници беа доделени на Јасна Илиева и Блаже Суклевски.

Од Сојузот на математичари на Македонија соопштија дека македонската екипа оваа година го постигна и најголемиот екипен успех, со освоени 118 поени и по бројот на освоени медали го зазеде третото место на Балканската математичка олимпијада после Романија и Грција.

39-тата Балканска математичка олимпијада се одржуваше од 4 до 9 мај во Кипар на која учествуваа тимови од 11 држави од Балканот. Македонскиот тим го претставуваа шест средношколци. Лидер на тимот беше Никола Велов, а заменик лидер Петар Филиповски.

Фото: Сојуз на математичари на Македонија

 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот охридски и македонски и поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г. г. Стефан.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата премиерот Ковачевски му честитал на поглаварот за радосната веста за одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија, со која МПЦ-ОА се прима во евхаристичко заедништво со другите православни цркви.

„Станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската православна црква, наследничка на древната Охридска архиепископија“, истакнал премиерот.

Со оваа одлука на Вселенската патријаршија, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја, се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со другите православни цркви, било посочено на средбата на која било констатирано и дека одлуката е донесена со интензивна комуникација со Вселенската патријаршија во последните 4 години.

Цвеќе за патронот, спортски игри и училишни претстави, се активностите со кои денеска учениците и наставиците год ООУ „Ристо Шуклев“ го одбележаа патрониот празник на училиштето.

Честа да се одбележи овој настан е дотолку поголема што се изведува после 77 години извојувана слобода од фашистичкиот окупатор, против кого се бореше и патронот, заедно со партизаните соборци од овој крај и од неговото родно место. Ристо Шуклев учествуваше на сите акции на прогресивните младинци (Македонци, Срби и Црногорци) од Негорци и Горничет уште во текот на 1939-1940 година. Со излегувањето на првите партизани од Гевгелиско тој беше доставувач на храна, облека и друг материјал до партизаните сместени на Кожуф. Како напреден младинец тој се приклучува на антифашистичкото движење. Организатор е на илегални состаноци на членовите на НОБ. Во декември 1943 е откриен од тогашните окупаторски власти, затворен и ѕверски измачуван. Стрелан е на 4 јануари 1944 година, кај месноста Мала река. Имаше само 32 години.

На свечениот ден посветен за одбележување на патрониот празник на училиштето присуствуваше и делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сарамандов. Нив ги пречека директорката Жаклина Линкова и заедно пристапија со цвеќе да му оддадат почит на првоборецот од Негорци, на спомен бистата на Ристо Шуклев која се наоѓа во дворот на училиштето.

Учениците благодарни на целото борбено и општествено посветено дело и живот на нивниот патрон почести им изразија и на паднатите борци од Негорци за време на НОБ на споменикот во центарот на Негорци, во близина на училиштето.

Во чест на Патронот, учениците одиграа спортски натпревари, драмската секција од училиштето изведе театарска претстава, за пубиката составена од ученици, наставници и гости на патрониот празник. Истата театарска претстава ќе се одигра и пред пошироката публика во Негорци, в. о четврток, на 12 мај, 2022 година, во Младинскиот дом.

Слава и почит за патронот првоборец, посветена работа и успех на учениците и работниот тим на училиштето во годините на слобода, учење и вреднување.

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија меѓу другото се вели:

- „Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:
Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт.

Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“. - Стои во официјалното Соопштение од Вселенската патријаршија.

По повеќедеценискиот спор на нашата Црква со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската Архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската Патријаршија, Мајка Црква на сите православни „одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.

Оттогаш и државниот врв на Република Северна Македонија упати неколку писма и молби до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација. Денеска, откако уште еднаш биле разгледани сите црковно-правни елементи, Патријархот Вартоломеј и неговиот Синод ја уважија молбата на нашата Црква и ја донесоа конечната одлука.

Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека повеќе не сме во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви. За утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори.

Ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.

Извор: Фокус

ЛИНК до Соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија



""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""
Страница 2 од 221

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.