Гевгеличанката Ана Брзанова е 21 годишната убавица, модел и студент во менаџмент и бизнис која изминатите неколку месеци јавноста ја запозна како убавото лице од нашиот крај, претставничка на Македонија за изборот „Мис на Земјата“

Ана минатата година ја понесе титулата „Мис на Земјата за Северна Македонија“ во 2021 година, во организација на „Miss Earth Beauties“.

Таа ја претставуваше Македонија на изборот „Мис на Земјата на Балканот“ што се одржа во Босна и Херцеговина, а овојпат открива дека ќе ја претставува Македонија на „Мис на Европа“ што овој месец ќе се одржи во Бејрут.

Мис Европа континентал е меѓународен натпревар за убавина роден со цел да го подобри женскиот шарм и културите на различните земји кои учествуваат на натпреварот.

Врз основа на најновите трендови во модата , овој меѓународен натпревар ја истакнува женската убавина и со голема гордост лицата, телата и релевантниот шарм на натпреварувачките.

Инаку, гевгеличанката Ана Брзанова досега била на повеќе натпревари во земјава и регионот. Досега има освоено неколку награди:
- Топ модел на светот
- Мис Глоуб
- Мис Евроазија
- Мис Аура Интернационал
- Универзум за модел на убавина

Наместо вообичаениот термин до 28 февруари за поднесување завршна сметка на правните лица, Централниот регистар на РСМ донесе одлука за продолжување на рокот во услови на пандемија, заради заштита од вирусот ковид-19.

Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки, .
Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

- „Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките инашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки“ - велат од Централниот Регистар на РСМ.
.
Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.



Вековната традицијата на одбележувањтот на празникот Свети Трифун е посветена на денот на лозарите и винарите.
Овој празник кој го чествувале нашите претци од памтивек, го слават пред се лозарите, но и градинарите и семејствата кои стопанисувале и произведувале и живееле од тоа што земјата ќе го роди. На овој ден лозарите го означуват на симболичен начин првото закројување на виновата лоза од кој зависи квалитетот и родот на трпезното и на винското грозје.

И годинава гевгелиските лозари ја испочитуваа традицијата. Централниот настан на одбележувањето на празникот со закројување на лозјето се случи во ссворот на црквата „Св.Петка“ во Прдејци. Претходно беше одржана црковна литургија, а свештеник од Гевгелиското архиерејско намесноштво ја проследи молитвара да има род лозјато, да бидат плодни нивите, да се истабат штетниците од посевите.

Закројувања имапше и на лозовите насади од винарските комплекси во Гевгелија и околината, но и индивидуалните одгледувачи на винова лоза.

Инаку празникот е посветен на Светиот маченик Трифун кој бил чедо на благочестиви родители. Уште како млад човек покажал дарба за чуда и исцелување, па во текот на својот живот им помагал на многу болни.
Трифун му го посветил својот живот на Бога и научил многу луѓе да веруваат во Христа. Затоа, по неговата смрт се закити со нераспадлив венец, а православните народи и денес го слават овој светител.
Постои верување дека на Свети Трифун доаѓа пролет, дека природата и највисокото чувство кај луѓето се буди, а тоа е ЉУБОВТА.



Денес се навршуваат 100 дена од градоначалникувањето на новиот функционер на ДПМНЕ Андон Сарамандов, па по тој повод СДСМ Гевгелија одржа прес конференција на која направи осврт од неговите предизботрни ветувања и реализираното во првите 100 дена од мандатот.

- „Како сериозна партија направивме анализа што сработил тој од ветеното во предизборието и дојдовме до резултат = едно големо НИШТО! - истакна на почетокот Владислав Видимче од СДСМ Гевгелија.

- „Наместо реализација на ветеното, градоначалникот на Гевгелија во изминатите 100 дена се впушти во фото сесии на објекти започнати во текот на претходната година, од претходната локална гарнитура, со претходно обезбедени финансиски средства и тендерски одбрани најповолни изведувачи со потпис од претходниот градоначалник.
Нема нови проекти, нема остварени ветувања, нема ниту една лопата фрлено на објект започнат од неговиот мандат. На официјалната општинска страница нема активности на градоначалникот, почнаа да излегуваат кампањи за „Зимница“, за „Сок“, за стаклена амбалажа. А, одобрувањата од граѓаните се бројат на една рака.
Безидејниот Сарамандов успеа во овие 100 дена да реализира граѓанско-узурпаторски желби на неговите партиски донатори, да врши партиски смени во управните одбори и да ја деградира и понижува општинската администрација, незаконски, без решенија, туку само со усмена наредба“ - потенцираше Видимче..

Од името на гевгелиските социјалдемократи тој нагласи:
- „Доне Сарамандов е најнеуспешен градоначалник до сега во Гевгелија. 100-те изминати дена само покажуваат ШТО може да очекуваат граѓаните од него во иднина - а тоа е РАЗОЧАРУВАЊЕ и ПОРАЗ !!!“ - истакна на пресот Владислав Видимче, претседател на ОО на СДСМ за Гевгелија.

Трагична сообраќајна несреќа во Гевгелија во која загина 56 годишен маж.

Несреќата се случила во четвртокот, (10.02.2022 год.) во вечерните часови на улица „Моински пат“ во Гевгелија.

Во Полициската станица Гевгелија било пријавено за несреќата во 20.45 часот и увидна екипа од ПС Гевгелија отишла на местото на настанот.
Во полицискиот извештај стои дека: На ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „Фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко возило „Фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „Опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од Основното Јавно Обвинителство од Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Овој наод ќе даде точна слика на несреќата, дали починатиот возач имал загрозувачка здравствена состојба која предизвикала намалена реакција и губење на контролата над возилото.

 

 

Службите од општина Богданци и самиот градоначалник Шапов информираат дека деновиве е извршено вандалство врз фонтаната во Градскиот парк во центарот на Богданци, при што е уништена инсталацијата, мозаикот, плочките, бекатон основата.

Фонтаната во Градскиот парк лоциран пред самата црква „Св. Атанасиј“ неодамна беше реконструирана. Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки, ги оштетиле светилките и керамичката опшивка на истата при што нанеле поголема материјална штета. Случајот на вандалско оштетување веднаш е пријавен во полиција.

Фотографиите приложени подолу сведочат за овој срамен чин кој предизвика голема вознемиреност кај локалната самоуправа и граѓаните на Богданци.

- „Општина Богданци го осудува вандалскиот чин, а сторителите без разлика на мотивите поради кои го сториле истиот мора да сносат одговорност. Апелираме во иднина граѓаните да се воздржат од нанесување на штета на јавните добра со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање подобра слика за нас и нашето Богданци“ велат од локалната самоуправа.

 

Познатиот и ценет доктор интернист кој својот работен век во служба на здравјето на граѓаните од општина Гевгелија и поширокиот регион работеше со децении во Медицински Центар Гевгелија (после војната па се' до неговото пензионирање) д-р Aлександар Сингер, како и историчарот, музичар и поет Илија Џаџев годинава се заборавени од оштина Гевгелија.

Низа години наназад во Програмата за одржување и заштита на објекти од културното наследство, споменици и други објекти од општина Гевгелија,како планирани ставки за реализација беа нотирани „Изработка на биста - спомен обележје на д-р Сингер“ со вредност од 100.000 денари и ставка за „„Изработка на биста - спомен обележје за Илија Џаџев“, исто во вредност од 100.000 денари.

Вакви ставки во Буџетот на општина Гевгелија се препишуваа буквално 14 години наназад. Наместо реализација на предвиденото во Програмата за заштитата на културното наследство на Гевгелија, секој од претходно изминатите градоначалници како предлагачи на буџетот и ребаланс на буџетот, кога немаа доволно средства пред крајот на годината, за да ги нивелираат приходите и расходите во конструкцијата на Буџетот „ги кастреа“ токму овие две ставки.
Годинава, наместо кастрење овие двајца гевгеличани беа целосно ИЗБРИШАНИ од Програмата за заштита на културното наследство за 2022 година и целосно е избришана намерата со спомен-биста да се изрази почест кон овие заслужни граѓани на Гевгелија.

Програмата за 2022 без ставките за Сингер и Џаџев беше донесена од новиот состав на Советот на општината, кои веројатно не ни' знаат дека истата до лани ги содржеше овие ставки и целосно тежеше 300.000 денари. (изгласана е на 4-та седница на Советот на опш. Гевгелија на 29.12.2022 год.).

Сингер и Џаџев, проштевајте. Ќе ви стават гевгеличани и понатаму лајкови под сликите на фејсбук, ама за биста и спомен сеќавање ќе почекате некое друго време, на совесни и исполнителни локални буџетски претставници.

 

 

Со 101 глас „за“ од пратениците, предлог-измените за покачување на минималната плата го помина првото гласање на пленарна седница во Собранието. Ниту еден пратеник не гласаше „против“, а немаше ниту воздржани. Сега за предлог-законот треба да расправа собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Зголемувањето на минималната плата на собраниската седница го образложи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која рече дека тој е поднесен по конструктивна дискусија на Социо-економскиот совет со синдикатите и работодавците.

„По одржани три седници на Социо-економскиот совет и консотруктивната дискусија заедно го донесовме најконструктивното решение за зголемување на минималната плата. Тоа е потврда дека заедно со социјалните партнери ги носиме одлуките во интерес на работниците“, рече Тренчевска.
Таа посочи дека измените предвидуваат зголемување на минималната плата од 15 200 на 18 000 денари, како и нова методологија за пресметување на минималецот.

„Со предлог-измените се менуваат критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот согласно податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Со предлог-измените се предвидува висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од ДЗС за претходната година. Овие измени ќе опфатат околу 80 000 наши сограѓани кои со исплатата на мартовската плата ќе добијат покажување од 15 200 на 18 000 денари“, рече министерката.

Тренчевска пред пратениците потенцираше и дека со дефинирањето на минималната плата од 18 000 денари, стануваме лидери во Европа со висината на уделот на минималната во просечната, која со овој предлог ќе изнесува 62 отсто.

Договорот за покачување на минималецот беше постигнат во понеделникот вечерта (7 февруари), по неколку дена разговори меѓу Сојузот на синдикати на Македонија, Владата и организацијата на работодавци.



Безбедноста на пешаците се' почесто станува тема во извештаите на сообраќајната полиција.
Чести се и казните за не давање предност на пешакот на пешачки премин од страна на возилото.

Последниот извештај од ПС Гевгелија зборува за еден тешко повреден пешак (53 годишен) на улица во Гевгелија.

Инцидентот се случил вчера попладне, (07.02.2022 год.) во 17.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија.
Во полицискиот извештај каде е пријавена сообраќајката стои дека: „Патничко возило „Санг јонг корандо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(70), удрило во пешакот С.К.(53), и двајцата од Гевгелија“.

Во несреќата С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.



Силно ветровито време со правец од север кон северозапад присутен на подрачјето веќе од вчера попладне, сериозно ја разниша викенд перцепцијата дека ние жителите на југот од државата сме благословени со пролетни температури во оваа календарска зима од годината.

Анемографот во Метеоролошката станица во Гевгелија од утринава мери јачина на ветерот во распон од 13 до 16 метри во секунда, Најсилен удар е регистриран во 7:30 часот со амплитуда на анемографот која покажа јачина од 20 m/sek што одговара на брзина од 60 километри на час. 

Во текот на попладнето ударите се намалија и имаат јачина од 13 до 18 метри во секунда,  известува дежурниот метеоролог Томе Узунов од Метеоролошката станица во Гевгелија.. Тоа е брзина на ветрот од 50-55 кm/h.

Овие удари на продолжуваат да траат во текот на денот, без услови за дожд кој краткотрајно наврна во текот на вчерашниот ден и остави воден талог од 2 литри на метар квадратен, се' до 19:30 часот.

Воздушниот притисок во подрачјето на Гевгелија продолжува да паѓа и нема услови за дожд, така што сме уште во ветровитата временска тура која ја опфати Гевгелија.

Ваквото време донесе нови снежни наноси на повисоките места, како Кожуф; с.Ума, Смрдлива вода.



Страница 10 од 221

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.