Државниот врв на Македонија денеска ја одбележува 18 годишнината од трагичната смрт на Претседателот на РМ Борис Трајковски.

На неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел” во Скопје свежо цвеќе положи Претседателот на РСМакедонија Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

- „Заедништво, дијалог и мир се зборовите кои најчесто ги потенцираше претседателот Борис Трајковски, а кои денес одекнуваат со иста важност.
Не само нам, очигледно и на светот му недостасуваат неговата човечка добрина и политичка мудрост, неговата способност да ги разбере и реши недоразбирањата“ - порача претседателот Пендаровски.

Делегација, составена од претставници од Кабинетот на Претседателот, од Собранието и од Владата на Република Северна Македонија, положи свежо цвеќе пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

Делегација на Кабинетот на Претседателот денеска положи свежо цвеќе и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Делегација предводена од директорот на С.Ц.Борис Трајковски, Филип Даскаловски и дел од администрацијата, во знак на почит положија свежо цвеќе пред спомен обележјето кое се наоѓа пред спортскиот центар. Нека е вечен споменот.

Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Претседателот Борис Трајковски остана запаметен како политичар кој не глумеше блискост со луѓето, туку природно и вистински беше непосреден и срдечен со нив.

 

21 век сме, а традициите уште се почитувааат, барем според денешната глетка на преполни улици кон градските гробишта.
Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од посетители и роднини кои палеа свеќа за спокој на своите упокоени, делеа храна на посетителите на вечните почивалишта со зборовите „да им се најде таму“, во пределите каде сега престојуваат нивните души.

Традиционално, еден ден порано, во пресрет на утрешната саботна задушница, православните христијани и денеска петок, попладнето, ја одбележуваа задушница во знак на сеќавање на починатите.
На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. Во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

Утрешната литургија е во 8 часот, а свештениците ќе ги посетат гробовите со молитва за упокоените после 8:30 часот. И гевгеличани не ги заборават традициите и почитта кон своите блиски, а упокоени.



Легендарниот руски шахист Гари Каспаров, продемократски активист, денеска на Твитер напиша какви потези треба да превземе Западот за да го спречи Владимир Путин.

- „Ок, откако со години предупредувањата ми беа игнорирани и слушав: „Гери, ти беше во право! По цел ден денес, ќе го повторам она што го кажав во 2014 година: Престани да ми кажуваш дека сум бил во право и слушај што зборувам сега. Моите препораки следат“ - започа Каспаров со свите инструкции.

- Веднаш дадете и' воена поддршка на Украин, веднаш, сè освен чизми на теренот. Дадете им го сето оружје, сајбер интелигенција. Уништете ја финансиски воената машина на Путин. Замрзнете ги и запленете ги финансиите на Русија и оние на неговата банда.
-Исфрлете ја Русија од секоја меѓународна и финансиска институција. ПССЕ, Интерпол итн.
-Повлечете ги сите амбасадори од Русија. Нема смисла да се зборува. Новата унифицирана порака е „застани, прекини го нападот, или ќе бидеш целосно изолиран“.
-Забранете ги сите елементи на глобалната пропагандна машина на Путин. Исклучете ги, затворете ги, пратете ги дома. Престанете да му помагате на диктаторот да шири лаги и омраза.
-Откријте и дејствувајте против лакејите на Путин во слободниот свет. Ако Шредер и неговите слични продолжат да работат за Путин, покренете обвиненија. Прашајте ги сопствениците и огласувачите на мрежите што ги платформираат пропагандистите на Путин како Карлсон, зошто го дозволуваат тоа.
- Заменете ја руската нафта и гас. Притиснете го ОПЕК, зголемете го производството, повторно отворете го Keystone. Не можете да ја спасите планетата ако не ги спасите луѓето на неа.
- Признајте дека ќе има трошоци, жртви. Долго чекавме, цената е висока, но само ќе стане повисока. Време е за борба.

Не може да се игнорира политичката 5-та колона на путинисти, од крајната десница и левица во ЕУ до танкерите и Трамп и неговите следбеници на Републиканската партија во САД. Можеби имаат право да поддржат брутална диктаторска војна за да го критикуваат Бајден, но таа е одвратна и антиамериканска. Не заборавај! - ја завршува својата демократска лекција кон Западот, Гари Каспаров.

Рускиот милијардер, Роман Абрамович, доби забрана за престој во Велика Британија, објавуваат британските таблоиди.

Абрамович, кој е и сопственик на фудбалскиот клуб Челси, не е виден со месеци во својот дом во Лондон, а извори од Британија велат дека тој никогаш нема да смее да се врати таму.

Имиграциониот оддел, наводно, добил насоки на Абрамович да му забранат да се врати во неговата вила во близина на палатата Кенсингтон, којашто ја купил за 125 милиони фунти.

Тој е еден од 35-те руски олигарси во Англија. Во 2018 година стана и државјанин на Израел, па можеше да влезе во Британија на шест месеци. Богатството на Абрамович се проценува на 8,4 милијарди фунти, а се состои од недвижнини, серија суперјахти, но и систем за детекција на проектили.

 

Руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија, соопштија украинските гранични сили.

Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите на Чернихив (северна, белоруска граница), Суми (североисточна, руска граница), Луганск и Харков (источна, руска граница) и преку преминот меѓу полуостровот Крим и континентална Украина, се наведува во соопштението.

Русија утрово започна воен напад врз Украина, со воздушни напади и експлозии кои се регистрирани во голем број градови низ земјата, меѓу кои и главниот град Киев, Харков и Одеса, а украинската власт прогласи воена состојба на територија на целата земја.

Се додава дека Русија отворила артилериски оган пред да испрати воени возила. Украинските сили објавија и видео на кое се гледаат возила означени со буквата „З“.

Нападот започна нешто пред 4 часот по полноќ, откако рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање соопшти дека наредил да започне „специјална воена операција“ со цел да се изврши „демилитаризирација и денацификација“ на Украина.

Низ повеќе украински градови утрово се слушаа сирени кои предупредуваат на воени напади, додека светските медиуми објавија и фотографии на кои се гледаат километарски колони цивилни возила кои се обидуваат да го напуштат Киев. Еве што пренесува „The Insider“.

Денешната крводарителска акција организирана во хотел казино „Фламинго“ во Гевгелија заврши успешно со донирани 56 крвни единици.
Најголем дел од учесниците беа вработените од „Фламинго“, а дел самопријавени граѓани.

„Фламинго“ како општествено одговорна компанија излегувала во пресрет на здраствените потреби во општината донирајќи медицинска опрема и помагала, годиниве наназад, па и во пандемската 2020, а веќе неколку години организираат и крводарителски акции, за донирање на најреткото и најдрагоценото за спас на нечиј живот - крвта.

Денеска за прв пат соработката за крводарителската акција се реализира преку Општинската организација на Црвениот крст Гевгелија, најавувајќи дека се спремни истата да прерасне во традиционална соработка.

На крводарителите кои ја покажаа својата хуманост на дело им беа подарени симболични подароци во знакот на крводарувањето, изработени од волонтерот на ЦК-ОО Гевгелија, Памела Петровска.
Честитки за крводарителите, благодарници од организаторите, благодарност од корисниците на драгоцената течност, а тоа се некои од нашите болни сограѓани.

Фото галерија: од Црвен крст - Гевгелија

 

Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави на ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе отвори предистражна постапка за сметките на Минчо Јорданов, Благоја Механџиски и Кларс Клинг, пишува ИРЛ.

„По објавениот документарен филм како и истражувачките текстови во кои се содржани детали според кои двајца македонски бизнисмени поседувале приватни сметки во Швајцарија, а на кои сметки наводно се извршувале повеќемилионски трансакции, Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги проучи наводите и согласно своите надлежности отвора предистражна постапка по допрен глас“ , велат од обвинителството.

„Случајот привлече внимание. Го гледавме филмот и очекуваме со нас ИРЛ да ги сподели своите информации, а во моментов обвинители веќе имаат отворено предистражна постапка и ги разгледуваат досега расположливите наоди“ , вели Русковска за ИРЛ.

Истражувачката репортерска лабараторија обелодени дека помеѓу стотиците лица од интерес во протечените банкарски податоци од контраверзната швајцарска банка „Кредит Свис“ се најдоа и македонскиот бизнисмен Минчо Јорданов, бизнисменот Благој Механџиски и шведскиот инвеститор Ларс Клинг.

Минчо Јорданов според магазинот „Форбс“ е еден од најбогатите македонци, тајкун, транзициски бизнисмен во Македонија, олигарх, сопственик на АД „Бетон“, фабриката „Факом“ има удел во „Макстил“, поседува медиуми „Нова Македонија“, „капитал“, винарии, хотели и поранешен вицепремиер. Тој поседува две сметки во Швајцарија на износ од 14,7 и 5,1 милиони швајцарски франци кои не се пријавени како имот во анкетниот лист кога беше јавен функционер - Вицепремиер во владата на Бучковски 2004 година.

Благој Механџиски е сопственик на ланецот аптеки „Зегин“. Со контраверзни бизнисмени од Исланд, осуденици тој учествува во приватизација на „Градски аптеки“. Стечајот на „Градски аптеки трае од 2010 до 2021. Во јануари годинава целиот имот на јавното претпријатие „Градски аптеки“ премина во сопственост на Механџиски.

Ларс Клинг е првиот странски инвеститор во Македонија кој го отвара хотел казино Аполонија во Гевгелија. Тој со своите партнери од „Чери компанијата“ основана во Шведска важат за супер богати луѓе. Се занимавале со слот машини и рулет табли во ресторани. Бидејќи слот машините се забрануваат во Шведска 1978 година тој одлучува да го пресели бизнисот во Македонија. Стануваат холдинг компанија на голема нет коцкарска империја.
УЈП на неколку наврати констатира дека „Аполонија“ одбива да плаќа даноци кон државата. Адвокатите на казиното „Аполонија“ не сакаат да коментираат за актуелните судски случувања за перење пари, кои се водат во македонското судство.

И почнува растот на коцкарскиот бизнис па се известува дека во 2015 Македонските коцкарници инкасирале приход од 300 милиони евра, што е 10% од годишниот буџет во државата.

-Трендот на пријавување на загуби кај казината во Македонија и нивното продолжување со работа е сигнал за институциите да направат контроли, велат од ИРЛ.

Одговорот од ЈО и обвинителката Русковска е поведување истрага за потеклото на парите во странство на овие тројца бизнисмени во Македонија.



Младиот 19  годишен Даниел Анчев од Стојаково годинава беше носител на осветениот крст кој го извади од водите на браната кај Селемли на ден Водици, 19 јануари годинава.

Како најуспешен во оваа мисија тој доби благослов од светите црковни лица кои чиноначалствуваа на церемонијата на осветувањето на водите на браната со осветениот крст да ги посети сите домови во Стојаково, Селемлија и околните населби и да им донесе мир и благослов.

Наместо тоа, овој млад човек одлучи овој свет предмет да го остави изложен во црквата „Св. маченица Недела“ во Стојаково каде следниот ден беше изложен пред граѓаните и посетителите на овој храм. Сите прилози од граѓаните вети дека ќе ги донира за хуманитарни цели, на семејства од социјален ризик.

Така и бидна. Оваа недела Даниел донирше 16 пакети на семејства од социјален ризик. Акцијата ја организираше во соработка со волонтери од Црвениот крст и Центарот за социјални работи од Гевгелија кој достави список на семејствата од овој крај кои спаѓаат во оваа категорија граѓани со социјален ризик. Беа донирани хуманитарни пакети со прехранбени продукти за 14 семејства од Стојаково и на 2 од Селемли и истите беа доделени но оние на кој најмногу му требат.

Благородниот хуманитарен чин на Анчев беше прифатен со насмевка.

Фото: Никола Шелдаров

 

Бизнисмените Ратко Димитров, Томе Главчев и Зоранчо Митревски, обвинети во случајот „Поштенска банка“ на СЈО, поднеле барање до Уставениот суд со кое го оспоруваат обвинението за случајот и решението на Кривичниот суд со кое обвинителниот акт доби позитивна оценка, по што стартуваше судскиот процес.

Според бизнисмените, случајот „Поштенска банка“ бил отворен од тогашното специјално обвинителство заради вршење на притисок на успешни бизнисмени. Но, како што појаснуваат, тие не биле заштитени ниту од Кривичниот суд, бидејќи и од таму одобриле да се поведе кривична постапка и тоа само затоа што биле успешни и богати. За нив и оваа дикриминација е подеднаква како дискриминацијата заради пол, политичка, верска или национална припадност.

Во поднесеното барање, е наведено и дека бизнисменот Главчев бил дискриминиран по основ на социјален статус. Се појаснува дека истрагата му била отворена од специјалната обвинителка Катица Јанева со која иако бил во многу лоши односи, не била изземена. Откако пак била притворена, истрагата ја продолжил обвинителот Бурим Рустеми, кој го нарекуваат близок соработник на Јанева. Се наведува дека и Главчев и Митровски биле сведоци во случајот „Рекет“.

Од Уставниот суд информираат дека бизнисмените барањето го поднеле преку адвокат Петро Јанура од Скопје.

Во случајот „Поштенска банка“ обвинети се поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитров, бизнисменот Томе Главчев, како и Коле Смилевски, Викица Поповски, Гкеоргки Каратолис, Зоранчо Митревски, Влатко Димитровски, Зоран Шуклев и Венци Шуклев.

На деветминината обвинети им се суди за кривичните дела „Злoупотреба на службена положба и овластување“, како и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Кога СЈО уште во 2018 година го презентираше овој случај, соопшти дека станува збор за финансиска истрага која опфаќа повеќе поврзани настани со кои се сторило кривичното дело перење пари и во периодот од 2001 до 2010 година и била прибавена имотна корист од околу 5 милиони евра. Меѓутоа, по проширувањето на истрагата во 2019 година, неофицијалните проценки се дека се испрани 9 милиони евра.


Извор: Фокус (Линк)
Автор: Валентина Вурмо

 

"""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""

Три натпревари по природни науки, а освоени 20 награди од учениците при ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија.

Најуспешни се по предметот Биологија каде на општинскиот натпревар освоија 2 први места, 2 втори места, три трети места, две пофалници и 11 квалификации за учество на Регионалниот натпревар по биологија на основните училишта од Југоистокот.

Учениците се подготвуваа за натпревар под менторство на Тодорка Николова, а освоените места се следни:

VII одделение
Никола Јанчев - II награда.
Марија Прошева, Ангела Дуганова и Марко Камов--III награда.

VIII одделение
Андреј Димов - I награда
Ванеса Костадинова и Сара Јованова - III награда.
Надица Митрова и Јана Димитрова - пофалница.

IX одделение
Софија Иванова - I награда
Љупчо Панов и Ана Ќаева - - II награда
Меланија Арнаудова - III награда

Квалитетот на знаењето не недостасува и кога се во прашање „Природните науки“. Тука на Општинскиот online натпревар, кој се одржа на 11.02.2022 и сите ученици, учесници на натпреварот постигнаа солидни резултати, освојувајќи заедно 11 награди. Еве го пласманот:
.
Четврто одделение
1. Христијан Дуганов - I награда
2. Дарија Димитрова - II награда
3. Ведран Димовски - II награда
4. Благоја Јанкуловски - III награда
5. Стефан Петров - III награда
6. Љупчо Костадинов - III награда.
Сите се пласираа на Регионален натпревар.

Петто одделение
1. Анастасија Николовска - II награда
2. Атанас Николовски - III награда
И се пласираа на Регионален натпревар.
3. Калин Апостолов - пофалница

Шесто одделение
1. Ана Димитрова - II награда
2. Кристијан Џотов - II награда
3. Ристо Шуклев - II награда
И се пласираа на Регионален натпревар.
4. Ана Кундурџиева- пофалница
5. Мартин Кочев - пофалница

Честитки до сите ученици и нивните ментори Марга Прошева, Снешка Аризанова и Љупчо Делев..

Две освоени награди донесоа учениците на одржаниот натпревар по „Физика“
На натпреварот учествуваа учениците од VIII одделение Филип Ташев, Илија Велков и Леана Јанковска и покажаа солидни резултати.

Од IX одделение
Илија Иванов - III награда
Софија Иванова - пофалница и се пласираа на Регионален натпревар.

Честитки до сите ученици и нивните ментори. Потстрек за нови знаења и достигнувања во полето на науката и животот.

 

Страница 9 од 221

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.