Топ Новости
Утрово приведен е гевгеличанец - Сабота, 01 Октомври 2022 17:14
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Сабота, 13 Август 2022

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори Македонија во производител на електрични автомобили.

Владата на Р.С.Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција. Станува збор за инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира за прв пат во Република Северна Македонија.

На настанот по повод презентирање на новата инвестиција и потпишувањето на договорот се обратија претставници на Владата, како и на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ” и други почесни гости.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во своето обраќање на настанот истакна:

- „Новиот концепт на ТИРЗ дава конкретни резултати. По само 18 месеци ја имаме втората инвестиција над 100 милиони евра. Покажавме дека Северна Македонија повеќе не е земја на евтина работна сила туку на мапата земји кои имаат капацитет и услови за големи инвестиции.

Само од почетокот на годинава имаме постигнато договори за инвестиции со обем од 370 милиони евра. Со вакво темпо очекувам до крајот на годинава да ја достигнеме границата од половина милијарда. На почетокот на мандатот ветивме европски работни места и можности за младите. Во компаниите во ТИРЗ, од почетокот на годинава имаме нови 1.100 работни места.

Компанијата e.GO ќе исплаќа просечна бруто плата од 1.340 евра. Ме прашуваат зошто Тетово? А зошто да не, и Тетово е Северна Македонија. И нема да ги делиме луѓето на наши и ваши, сите се наши. Но за мене клучното прашање гласи дали сакаме нашите деца да земаат три пати поголеми плати и да живеат во напредно општество или да бележиме рекорди на иселување. Со ваквите проекти им обезбедуваме иднина дома“. - истакна Деспотовски.

Инаку, Next.e.GO Mobile SE е германски производител на електрични возила и системи за одржлива мобилност со седиште во Ахен. Основана е во 2015 година како e.GO Mobile AG од страна на RWTH Aachen-професорот Гинтер Шух.Шух ја коосноваше компанијата за електрични комби StreetScooter во 2010 година, која беше купена од Deutsche Post AG во 2014 година.

- „Нова ера во стратешките инвестиции на Владата, за првпат целосно ќе произведуваме електричен автомобил e.GO во Северна Македонија“ објавија денеска од Владата. .



Last modified on Сабота, 13 Август 2022 - 15:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

Вчера, недела 02.10.2022, во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од

Повеќе

Kомуналните покачувања повлечени од предлагачот

Корисниците на услугите на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија може да здивнат -

Повеќе

Утрово приведен е гевгеличанец

Во акциска контрола на МВР во координација со УЈП спроведена во угостителски

Повеќе

ТППЕ- Гевгелија доби ново возило од ДЗС

Современо возило опремено со водена пумпа од денеска е составен дел на возниот

Повеќе

Првачињата извисија од Општина Гевгелија - Советот одби да расправа за помош на

Со наслов: „Општина Гевгелија нема слух за првачињата“ денеска реагираше

Повеќе

Перо Митров, сопственик на „Јавор“ Мрзенци добитник на признание за туризам

Награда за животно дело за долгогодишен развој на угостителството и создавање

Повеќе

Обновено ракометното игралиште во Гевгелија со донација од Државна

Под слоганот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува

Повеќе

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.