Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.
Исто така, согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија; ако возилото се регистрира во странство поради преселба на сопственикот на возилото или од други причини.
Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува апел до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 31.12.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, согласно законската процедура.
Доколку сопственикот на возилото не го одјави своето возило, Министерството за внатрешни работи ќе го избрише од евиденцијата на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблички на трошок на сопственикот на возилото.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август