Со настапите на австриското електронско дуо Крудер и Дорфмајстер, британската група „Кошин“, хрватскиот музичар Дарко Рундек, Џулијан Марли, синот на легендата на реге музиката, Боб Марли, скопскиот хип-хоп бенд Зад Аголот и многу други изведувачи, вчера започна 12-то издание на најголемиот македонски фестивал на алтернативна музика под отворено небо „Д Фестивал“ во Дојран.
Најпопуларниот музички фестивал на нашите простори и годинава нуди одлична музичка програма, голем број различни зони, над 100 уметници и учесници во ПлоштАрт, изложби, работилници, перформанси, дискусии театар, арт-инсталации, а организаторот „Пасворд продукција“ ветува фестивалски помин со илјадници луѓе, сонце, музика и љубов.
Програмата ќе се одвива на 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот „Д-Камп“ за фестивалските посетители. Првите посетители на Д-Фестивал завчера пристигнале во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д-Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма.
Вечерва ќе настапат Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и група Филм, Буч Кесиди, Култур шок и Чиста околина, додека пак во финалната вечер пристигнуваат ЗУ, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7164:zapocna-popuarniot-d-festival-vo-dojran&Itemid=613#sigProGalleriab70f688f29
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август