Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на MK за влез во ЕУ
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.
Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека пристигнал француски предлог за проблемот со Бугарија, во како што вели биле земени ставовите на македонската страна.
- „Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.
Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот.
Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани.
Веста за новиот предлог -компромисно решение и за двете страни ја обкави францускиот претседател Емануел Макрон, на крајот на Самитот на НАТО денеска во Мадрид.
Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, напиша на ФБ Ковачевски.
„Го поздравувам решението на француското претседателство за договор кој ќе го отвори патот за почеток на пристапни преговори со ЕУ на Северна Македонија. Решението ги адресира изнесени забелешки. Поблиску сме од било кога: сега е време да се каже да.“ Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на иста линија дека „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог.Welcome @Europe2022FR solution for an agreement that would pave the way for opening of EU accession talks with North Macedonia.
— Charles Michel (@CharlesMichel) June 30, 2022
The solution addresses concerns expressed.
We are the closest we have ever been: now is the time to say yes.
The Western Balkans are at the heart of Europe and close to my own heart. Their future must lie in the EU. The compromise presented by the French Presidency for the start of accession talks with #NorthMacedonia is an opportunity that should not be missed. 1/2
— Außenministerin Annalena Baerbock (@ABaerbock) June 30, 2022
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август