Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Вторник, 28 Јуни 2022

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од Гевгелија на изборот World Next Top Model 2022 што се одржа во Бејрут, Либан на 22 јуни годинава, ја освои титулата 7-ма придружничка на Miss World Next Top Model 2022, во конкуренција од 32 девојки од светот.

Оваа 22 годишна студентка од Гевгелија зад себе има неверојатна животна победа, а од 2019 година ги реди успесите на Европските и Светски сцени за избор на убавина До сега на својата глава ги понесе круните за 7 освоени титули, и тоа:

- Таа беше „Топ модел Македонија“ за 2019 година;
- Таа беше „Мис Глоуб Србија“ 2020 година;
- Таа беше „Мис на Евроазија“, Србија 2021 година;
- Таа е „Мис на Земјата Северна Македонија“ 2021 година, крунисана на 24 јули 2021 година
- Таа е „Miss Friendship 2022“ избрана на изборот „Miss Europe 2022“ одржан во февруари годинава;
- Taa e „Топ модел Македонија“ за 2022 година;
- Таа е 7-ма придружничка на „Miss World Next Top Model 2022“

Нашето македонско девојче Ана Брзанова во Бејрут престојувае 22 дена со поддршка на Модното студио „Црнокрак“ од Скопје кое ја пласираше како наша македонска претставничка „Топ модел на Македонија 2022“ за светскиот избор „Miss World Next Top Model 2022“.

Ана вели дека деновите поминати во Бејрут на овој избор на убавина, покрај сите обврски и ангажмани имала можност за директен разговор со лица претставници од Кипар, Дубаи и Катар, кои се вклучени во ревии и фотосесии насекаде низ светот, што и' нуди можност да се приближи на светските модни писти. Присуството на таков светски избор и' овозможил соработка со врвни светски фризери и мејкап артисти како и светски познати фотографи и дизајнери.

Ана моментално е апсолвентка на Економски факултет при Американски универзитет на Европа-ФOН и се спрема за одбрана на дипломскиот труд од областа на „Финансиски менаџмент“. Како стипендист на Американски универзитет на Европа таа не сака да ги запостави обврските кон своето академско образование, така што после одржаниот избор на „Miss World Next Top Model 2022“ таа веднаш од Бејрут се вратила на своите задачи како студент.

GevgelijaNET ја праша Ана на што ќе му даде предност понатаму во животот: на академското знаење и професија, или на моделингот, додека уште реди титули?

Ана одговори: - „Се разбира предност ќе добие мојата професија како Финансов менаџер, бидејќи се' останато за мене е хоби и голема страст и љубов. Меѓутоа се' додека се чувствувам спремна и слободна, се' уште ќе чекорам по модните патишта, претставувајќи се себе и Македонија на најпрестижните избори за убавина“.

Ја прашавме нашата гевгеличанка од топлата Македонија: „ Дали е горда на својот успех ?“
Таа вели: „Се разбира! После својата најголема битка, што ја извојував како победник над ракот, се разбира дека при секоја наредна борба/битка/натпревар не би можела да прифатам да изгубам. Пресреќна и горда сум на себе што донесов уште една круна и уште една титула за мене и за Македонија!

Уште многу горделиви настани за Ана, уште многу пријателства, модни сесии и успеси и' посакуваме, зошто секаде со гордост се претставува дека е од Гевгелија, од Македонија.
Честитки Ана!

Last modified on Вторник, 28 Јуни 2022 - 19:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.