Професија образовен асистент

Недела, 26 Јуни 2022

Учебната година што измина во образовните установи во државата беше спроведено инклузивно образование со воведувањето на образовни асистенти за учениците.
Овој просесионален ангажман значи воведување на посебно едуцирани и обучени лица за работа со деца од школска возраст, а се лица со посебни потреби и ним им асистира во текот на наставата посебно ангажиран образовен асистент.
Во општинските училишта во Гевгелија такви образовни асистенти има 20-на на број и се ангажирани за изведба на наставната програма заедно со наставникот посебно кон ученикот/ката на кои им треба додатна помош за да совладаат дел од наставната материја.

Разговараме со Владо Ангеловски од Гевгелија, професор по англиски јазик, има завршено Филолошки факултет, група англиски јазик и книжевност и, немајќи наставен ангажман во својот сектор, се едуцирал и пристапил да биде образовен асистент. Како станавте образовен асистент?

Владо Ангеловски: После едукацијата во Основното чилиштето со ресурсен центар (ОУРЦ) „Св. Климент Охридски“ во Ново Село, од септември 2021 годна почнав да работам како образовен асистент во ООУ „„Владо Кантарџиев“ со ученик од 5 одделение. Потребата од образовни асистенти се наметна од заложбата во образованието во Македонија да се вметне инклузивното образование, односно учениците со попреченост да учат заедно со своите врсници. Ние као образовни асистенти им помагаме полесно да се прилагодат при почетокот на нивното образование, да бидат прифатени но и тие да ги прифатат своите соученици и другарчиња, да научат да соработуваат со нив, да си помагаат едни со други. Образовниот асистент му помага на ученикот со попреченост но истовремено им помага и на останатите ученици да разберат дека иако некој нивен соученик е поразличен од нив во одност на тоа дека му треба поголема помош при учењето, сепак е ист како нив бидејќи исто како и сите други деца сака да учи, да се дружи со другарчињата, да се радува, да биде среќен. Целта на образовниот асистент е да му помогне на ученикот да ја следи наставата што полесно и подобро со цел да добие што поквалитетно образование. Образовниот асистент во соработка со наставникот му помага на ученикот при следењето на наставата со дополнителни реквизити, нагледни средства и помагала кои се корисни и за другите ученици полесно да го совладаат материјалот кој се обработува.


ГевгелијаНЕТ: Радоста на децата е голема кога ќе совладаат дел од наставната материја, кога ќе ја изработат задачката, макар со помош. Чувството на среќа е нешто што го чувствува секој од нас, а посебно ученикот на кој помошта му е неопходна. Како го чувствувате Вие овој момент на „пренесено знаење“?

Владо Ангеловски: Тоа што го исполнува секој наставник, без разлика дали работи со типичен ученик или со ученик со попреченост е да види дека ученикот совладал одреден предвиден материјал, се стекнува со знаења и навики кои му се од помош при извршување на секојдневните обврски и задачи, односно напредува како личност. Моментот кога ученикот сфаќа дека нешто научил и дека може тоа знаење понатаму да го примени во секојдневните активност е волшебен бидејќи секогаш, без исклучок, ученикот е задоволен од себе во тој момент, исполнет, среќен, радосен, насмеан. Да са доживее тој момент од аспект на наставник, да согледате дека сте му помогнале на ученикот нешто да научи, дека сте го направил среќен со тоа, е посебно доживување, дури можам да речам и волшебно бидејќи нема поубава глетка од насмеано детско лице, од детски очиња кои сјаат исполнети со радост.

ГевгелијаНЕТ: За хуманиот карактер на оваа професија зборува и зближеноста на детето-ученик со образовниот асистент, за прифатеноста од другите деца во класот, за заедничкото дружење. Како ја стекнавте довербата на ученикот, како ја воспоставивте соработката и синхронизираното учење меѓу сите во класот?

Владо Ангеловски: Имам големо искуство во образовниот процес од моето долгогодишно работење како наставник по англиски јазик и досега имам работено со неколку ученици со попреченост кои беа дел од одделенијата во кои предавав, но немав работено само со ученик со попреченост. Претходните знаење и искуството ми беа од голема помош при процесот на зближување со ученикот, Исто така, голема помош и поддршка во тој процес имав и од одделенскиот наставник во чие одделение е ученикот со кој јас работев како и од училишниот дефектолог. Мислам дека ученикот доста брзо ме прифати согледувајќи дека јас сум овде да му помагам, да му олеснам многу процеси, не само при учењето туку и во односите со соучениците. При тој процес и јас научив уште повеќе за потребите, навиките и желбите на лицата со попреченост. Климата на разбирање и прифаќање, на взаемна соработка и помагање која одделенскиот наставник (наставничка е всушност) ја создал и ја негува во одделението го олесна тој процес на профаќање и зближување помеѓу мене како образовен асистент и ученикот. Наставничката ме вклучуваше во групните активности кои ги работеше со учениците, а јас секогаш кога беше потребно бев спремен да им помогнам и на другите ученици, така што и останатите ученици ме чувствуваа како дел од нивното одделение, од групата. Се надевам дека јас како образовен асистент допринесов таа позитивна клима да се надогради и одржува.
Јас и моите колеги образовни асистенти сме пресреќни што во ООУ „Владо Кантарџиев“ бевме прифатени како подеднакви чинители во образовниот процес. Сите ресурси на училиштето ни' беа ставени на располагање за извршување на нашите секојдневни обврски. Имавме извонредна соработка со сите од инклузивниот тим од ООУ „Владо Кантарџиев“, наставниците, родителите на учениците со попреченост, училишниот дефектолог кој е координатор на инклузивниот тим и директорката на училиштето, за што користам прилика на сите да им се заблагодарам.

ГевгелијаНЕТ: Учебната година заврши. Што се планира понатаму со вашиот специфичен образовен труд и потреба за оваа категорија ученици? Инклузивноста покажавме дека е од нивна корист. Продолжувате ли во овој правец со вашиот професионален ангажман?

Владо Ангеловски: Работењето како образовен асистент секако беше позитивно искуство и чекор напред во мојата работа како наставник. За понатаму во мојата кариера би сакал да продолжам да работам на тоа што ми е потесна специјалност, односно да бидам наставник по англиски јазик каде што можам најмногу да допринесам како наставник, доколку дозволат приликите, но воопшто не би ми пречело да продолжам да работам како образовен асистент. Воведувањето на образовни асистенти е топло пречекано од сите чинители во образовниот процес, наставниците, училишните дефектолози, педагози, психолози, а најмногу од родителите на учениците со попреченост и учениците кои добија директна помош и поддршка во нивното образување. Сите заедно покажавме дека заедно можеме повеќе и подобро, се' во интерес на учениците. Образовната асистенција како проект, можам слободно да кажам, ги надмина очекувањата на сите нас, така што сите ние кои сме чинители во процесот во иднина ќе се потрудиме процесот на инклузија да се прелее од училиштата во целото општество со цел поисполнет и посреќен живот на лицата со попреченост.


ГевгелијаНЕТ: Може ли да кажеме дека Гевгелија и гевгелиските училишта се многу посовесни и комуникативни, дружељубиви за разлика од сокласниците на малата Ембла за која разбраа сите во државата? Дали тоа значи фактор повеќе за продолжување на образовните асистенти и во следната учебна година?

Владо Ангеловски: Сите ние кои работиме во гевгелиските училишта можеме да бидеме горди на тоа колку е позитивна климата кога е прашање инклузијата на учениците со попреченост во наставниот процес и воопшто во оштествениот живот. Очигледно, уште пред воведувањето на образовните асистенти, со воведувањето на инклузивното образование, позитивни промени се случија во тој поглед и сите кои учествуваа во процесот на инклузија во изминатите години се заслужни за создавање на тоа чувство на разбирање и прифаќање кои постои во училиштата во Гевгелија. Предизвиците со кои се соочивме сите ние не беа за потценување, но покажавме дека доколку се сака, се' се може и училиштата можеме да ги направиме пријатно и среќно место за учење и престој на сите дечиња, како за типичните ученици, така и за учениците со попреченост. Искрено се надевам дека настани од типот на случајот со Ембла нема повеќе да ни' се случуваат никаде во државата, а образовните асистенти покажаа дека значително допринесуваат инклузијата да стане дел не само од нашето образование туку од нашето секојдневно живеење.
Ние од инклузивниот тим од ООУ „Владо Кантарџиев“ планираме одредени активности и во текот на летниот распут, така што ја продожуваме нашата плодна соработка и работа.

ГевгелијаНЕТ се заблагодарува за искрените одговори од спецификата на својата работа на младиот професор по англиски Владо Ангеловски - сега образовен асистент кој не се штеди кога е во прашање учењето, знаењето, споделените вештини за свладување на градивото на генерациите кои како сунгер очекуваат да ги впијат.
За поголема инклузивност на децата-ученици на кои им треба образовна поддршка им посакуваме повеќе поддршка, повеќе насмевки и усвоени знаења потребни во понатамошниот живот.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.