Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати фреквентната слика на граничните премини низ државата.
Утрово на ГП „Богородица“ исполнети сите шест ленти за излез од државата: две со патнички автомобили, 2 со автобуси со туристи, две со товарни возила за транспорт на стоки.
Од АМСМ велат дека „Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“ за излез од државата, има чекање околу 15-20 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози“ - известуваат од АМСМ.
Таквиот налет на возила беше регистриран утрово пред 7 часот. До 10:30 автобусите се проретчија, а на пладне останаа упорните патници со патнички возила кои одбрале да патуваат со автомобил, па макар надвор било 38 степени, и неодложните товарни возила кои имаат свои рокови за транспорт на утоварената стока.
Просечната фреквенција на патници во текот на месец јули е над 6.000 лица во викенд деновите, а летниот туристички шпиц, во годините пред короната, изнесуваше и над 10.000 патници дневен промет на ГП „Богородица“.
Летото започна, годишните одмори се во тек, па и фреквенцијата на граничните премини се зголеми.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7152:zgolemena-frekvencija-na-gp-bogorodica&Itemid=663#sigProGalleria9fd86f8078
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август