Мигранти пронајдени во воз на Железничка станица Гевгелија

Четврток, 23 Јуни 2022

Мигрантските маки изгледа се одвиваат во два правца - како да стасат до некоја од земјите на Западна Европа и како да се вратат назад откако ќе ги протерат поради нелегален престој во државата.

Гевгелија како точка од зацртаната транзитна рута на мигрантите ја има несаканата улога да регистрира голем дел од нивните премрежја на патот кон Европа, и назад.

Во вторникот на 21.06.2022 во 20.00 часот на Железничка станица Гевгелија, пронајдени се девет мигранти. Тие биле сместени во товарен воз, кој пристигнал од Табановце и ја пропатувал цела држава до Железничката станица во Гевгелија, без да бидат регистрирани од другите полициски служби.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ при редовна проверка на товарните вагони пронашле девет лица-илегални мигранти. Мигрантите биле од Куба и Индија (еден од Куба и осум од Индија).

Лицата биле предадени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Сличен обид за нелегален транспорт во товарно возило и прикриен обид за влез во државата имале и тројца мигранти од Авганистан пред 10 дена, поточно на 14 јуни. Мигрантите скриени во полуприколка од товарно возило „Рено“ биле пронајдени на Граничен премин Стар Дојран. Полициските слѕжбеници ги пронашле при контрола на возилото кое било со турски национални ознаки, управувано од В.О.(48). По извршените гранични проверки, на возачот и товарното возило им било дозволено да остварат влез во Северна Македонија, а мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ - Гевгелија за понатамошна постапка.

Скриените транспортни обиди на мигрантите во двата случаја се откриени од полициските службеници за гранични работи.

 

Last modified on Четврток, 23 Јуни 2022 - 22:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.