Оздраве и последниот инфициран од коронавирусот во Гевгелија, известува ИЈЗ-Скопје. Од вкупно 4.426 заразени граѓани на општина Гевгелија во текот на пандемијата, 4.305 оздравеа, а 121 им подлегнаа на компликациите од вирусот.
Oд вчера, 22 јуни, Гевгелија влезе во друштвото на општини без корона во државата, кои ги има 13 на број, со статус „0“ (нула) активни на корона.
Расте бројот на општини со едноцифрен број на активни случаи, и тоа три општини имаат по 1 позитивен, 13 општини имаат од 2 до 8 лица заболени од коронавирусот. Само Скопје е се троцифрен број на активни во моментот (346 лица).
Вкупниот број на активни на ковид-19 во државата во моментот е 520 лица, за 126 повеќе од претходната недела, што е знак за пораст на инфицираноста. Во регионот на ЦЈЗ Гевгелија има 2-ца активни на ковид-19 во општина Богданци.
Ја враќа ли коронвирусот својата сила?
Д-р Пановски вели: „Се' додека клиничката слика на инфицираните е со лесна симптоматологија повод за загриженост нема. Бројките на инфицираните не значат нов бран на ковид-19. Се' додека позитивните се со лесна клиничка слика и немаме клинички згрижени лица тоа значи одговор на имунолошкиот систем кај граѓаните“.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август