Тренерот на Глигор Бучков: „Глигор е моја гордост“

Среда, 22 Јуни 2022

Четиринаесет годишниот Глогор Бучков од Негорци деновиве ги полни нашите страници со веста за неговиот избор за член на младинската фудбалска репрезентација на Македонија.
Додека ние пишуваме за неговиот успех тој го заби првиот гол во мрежата на првиот противник на новиот состав на МК репрезентацијата, Црна Гора.

Коментаторот на „Мали Спорт1“ во жалење извикува: „Тука требаше да се чува Бучков“....и недоумица што да каже понатаму. Глигор од Негорци, 14 годишниот ученик од ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци пристрасните коментатори го посочуваат како опасност за нивниот фаворит. Како Пандев да е на терен, па требало играчите да го „чуваат“ оневозможуваат во играта нашиот Бучков.

Каков раскошен старт на овој младинец во фудбалските меѓународни води со македонскиот дрес.

Разговаравме со Кристијан Ристов - тренерот на ФК „Џокер“ кој го откри и разви фудбалскиот талент кај младиот Глигор Бучков од Негорци, најновиот член на младинската фудбалска репрезентација на Македонија.

-„ Глигор е моја гордост, Додека "некои" го понижуваа тоа дете јас го донесов до ова ниво и се борев со сите тоа да го докажам“ - изјави за GevgelijaNet тренерот Кристијан Ристов...

- „ Глигор пристигна во ФК „Џокер“ Фурка по само една година од формирањето на клубот. Тој започна во 2019-та година да тренира кај нас“.
ФК Џокер е формиран од 2018 година, официјално како клуб и во ФФМ и Централен регистар, додека претходно под името Џокер настапувавме само по турнирите во овој регион кој ни се наоѓаат како Тихо Миравци, Јосифово, Пирава, Богородица итн. Самиот старт на клубот беше со натпреварување во ХЕДИС ЛИГАТА“ - вели тренерот Ристов.

Тој е задоволен од настапот на Глигор со новите фудбалски другари во младинската репрезентација и успехот во 83-та минута да го патоса резултатот со гол во мрежата на Црна Гора, потонувајќи ги во вода надежите за победа на домаќинската репрезентација.

Натпреварот со Црна Гора се играше во Стари Аеродром на тренинг комплексите на федерацијата на Црна Гора. Вториот дуел ќе се игра на истиот стадион на 24 јуни (петок), Стартот е закажан за 20:00 часот.

Момчето од Југот на Македонија, Глигор Бучков почнал да игра фудбал на своја 5 годишна возраст. Бил играч на „Беласица“, потоа во детската лига на ФК „Кожуф“, а од 2019 година, тренира во ФК „Џокер“ и настапува на сите домашни, регионални и меѓународни фудбалски турнири на кои учествува клубот. Тоа знчи дека 1/3 од својата фудбалска пасија Глигор ја поминал во „Џокер“ и овде на свои 14 години достигнува да биде член на македонската младинска фудбалска репрезентација.

Талентот е нешто што се поседува, но успехот доаѓа ако е тој правилно усмерен, развиен, искористен за усовршување.
Својот талент Глигор успева да го покаже, развие и републички и меѓународно презентира со вредната работа на тренерот Кристијан Ристов.

За неговата гордост, вредните деца од ФК „Џокер“ тренерот Кристијан вели:

- „Од самиот почеток сум тренер како и „виновник“ за овој клуб, каде што добивам огромна поддршка од другар кој исто така ми помага околу децата за да не бидам целосно сам околу истите деца.
Во клубот моментално имаме голем раст на бројот на деца, имаме околу 110 деца, кои се натпреваруваат во 8 или 9 различни категории. Тренинзи се изведуваат зависно од возраста на децата.. Имаме посебни групи на деца кои тренираат кај нас, кои се нови и не се на ниво како и нивните другарчиња.. Кога го достигнуваат тоа ниво влегуваат во тие соодветни групи“ - вели тренерот.

Ристов особено е горд на фактот што целиот труд е резултат на посветената тренерска работа и играта на децата:
- „ВО НАШИОТ КЛУБ НИЕ НЕ ЗАРАБОТУВАМЕ ОД ДЕЦАТА, НЕ НАПЛАЌАМЕ ЧЛЕНАРИНА, ЕДИНСТВЕН ТРОШОК НА ДЕЦАТА Е ПРЕВОЗОТ СО КОЈ ПАТУВААТ НА ТРЕНИНЗИ.
Во моментов работиме на некои нови проекти за кои ќе ги изненадиме децата. Се припремаме за некои подобри турнири кои се од европска класа, како турнир во Истанбул и во 2023 година турнир на Камп Ноу - Барселона во Шпанија. Но, за сето тоа подоцна“ - вели Ристов.

А, ние на ваквата посветена работа можеме да испорачаме само честитки и пофалби, зошто ретки се луѓето кои својот труд и време го вложуваат бесплатно во спортскиот развој на децата, па од фудбалски тренери всушност стануваат тренери - спортски мецени.

 

Last modified on Четврток, 23 Јуни 2022 - 15:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.