Со донесената Одлука на Советот на општина Гевгелија за субвенционирање на граѓаните од општина Гевгелија за купување велосипед, (донесена 31.05.2022 г.) вчера од Општината обавија Јавен повик во кој се наведени условите за аплицирање за користењњто на овие наменски субвенции.
Аплицирањето започнува од 20 јуни 2022 година во 08:00 часот и ќе трае се до исцрпувањето на предвидените средства во висина од 500.000 денари од Општинскиот буџет, резервирани за таа намена или на 100 апликанти.
ВАЖНО: Потребната документација треба да се достави во затворен коверт со назнака: „За Јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди во општина Гевгелија за 2022 година), во просториите каде е сместена Фондацијата за локален економски развој и развој на информатички технологии- Гевгелија (Стар Пионерски дом, ул. „Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија)
На Јавниот повик можат да аплицираат граѓаните од општина Гевгелија кои:
- се полнолетни,
- имаат платен данок на имот за станбениот објект во кој живее
- во домаќинството немаат друг член кој веќе аплицирал за ваков вид субвенција.
- не се членови на Советот на Општина Гевгелија
- не се вработени во Општинската администрација.
За аплицирање, потребни се следниве документи:
- копија од важечка лична карта или важечка патна исправа,
- копија од трансакциска сметка,
- пополнета изјава за давање согласност за користење на лични податоци (треба да се обезбеди на пултот на влезот во зградата на Општина Гевгелија),
- потврда издадена од Одделението за локални даноци и такси во Гевгелија (со наплатена административна такса од 100 денари) за платен данок на имот на станбениот објект во кој живее апликантот според важечката лична карта (заклучно со 2021 година)
- и доказ приложена фискална сметка дека велосипедот е купен од трговци кои дејноста ја извршуваат на подрачјето на општина Гевгелија (сметајќи од 1 јуни, 2022 година како прв ден за набавка на велосипедот).
Висината на субвенцијата изнесува 5.000 денари на граѓанин, а доделувањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Постапката за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гевгелија за купување велосипеди во 2022 година ќе биде спроведена од страна на посебна Комисија, формирана од редот на вработените во општинската администрација.
Мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед беше амандман на советничката група на СДСМ за Буџетот за 2022 година и истиот беше усвоен и вграден во Буџетот за годинава, кој еве неделава почна да се спроведува со Јавен повик. Граѓаните имаат недела дена да ги подготват потребните документи, а од понеделник 20 јуни да аплицираат.
Image Gallery
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август