Победници на Националното Триатлон првенство 2022 - Дојран

Понеделник, 13 Јуни 2022

Во неделата се одржаа финалните трки во триатлон (пливање, велосипед, трчање) во категориите кадети, јуниори, сениори и мастер триатлонци во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија, а со домаќинска улога на општина Дојран.

Над 200 триатлонци во 4-те натпреварувачки групи и двете детски трки, викенвод 11 и 12 јуни ги исполнија улиците, велосипедските патеки низ Дојран и го пливаа Дојранското езеро иако разбранувано поради нестабилното и ветровито време.

Победниците во секоја од категориите се следниве:

Кадети 10 учесника - пливање 375 метри + возење велосипед 10 км и 2,5 км трчање:
1 место жени - ЈАНА ЃОРГИОСКА - клуб „Триоги“ - време 43:41
1 место мажи - СЕРГЕЈ МИЛЈАНОВСКИ АРНАУГОВСКИ - „Триоги“ - 36:30

Јуниори 9 учесника -
1 место жени - МАГДАЛЕНА СТАНКОВСКА - клуб „Триоги“ - време 1:12:39 час
1 место мажи - ДИМИТАР ЈОВАНОВСКИ - клуб „3Дисциплинс“ - 1:03:50 час

Сениори 11 учесници -
1.место жени - АНАСТАСИЈА ПЕЈЧЕВА - клуб „Триоги“ - 1:10:57
1 место мажи - ИВАН ТРПЧЕВСКИ - клуб „Триоги“ - време 1:02:43

Мастерс триатлонци 17 учесници - 750 м пливање, 20 км велосипед, 5 км трчање
1 место жени - АНИТА ВЕЛИЧКОВСКА - ВРЕМЕ 1:34:13
1. место мажи - АЛЕКСАНДАР ЗДРАВЕВ - клуб „Триоги“ - 1:15:47

Организаторот - Триатлон Ферерацијата на Македонија подели злати, сребрени и бронзени медали на првопласираните тројца во сите наведени категории натпреварувачи.

Од вкупно 47 учесника на патеките во Дојран учествуваше, без клубска идентификација, и Дарко Прошевски од Гевгелија, активен член на АК „7-ми Ноември“ кој настапи во групата „мастерс“ и постигна време од 1:43:41 час на трасата од 750 метри пливање, 20 километри возење велосипед и 5 километри трчање.
Дарко најдобар успех имаше во тркачкиот старт со позиција на 5 место, на 9 позиција од сите мастерс учесници имаше по пливање и во финишната трка, а најслаб пласман со позиција 12 од вкупно 12 машки мастерс учесници имаше во трката со велосипеди и финишниот дел од вело трката.

Националното триатлон првенство 2022 веќе со години се одржува традиционално во Дојран и Дојранското езеро, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот Олимписки Комитет.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.