Национално триатлон првенство 2022 во Дојран

Сабота, 11 Јуни 2022

Викендов 11 и 12 јуни во Дојран се одржуваат националните натпревари во триатлон (пливање, трчање и возење велосипед) за 2022 година, во организација на Триатлон Федерацијата на Северна Македонија.
Домаќин и соработник на натпреварувањата е општина Дојран која заслужено со години го одржува триатлон првенството на Македонија во своите езерски води, улици и тркачки патеки.

Синоќа под јаворите беа доделени стартните броеви за тркачите, а ќе се натпреваруваат триатлонци сениори, јуниори, рекреативци, кадети и две детски трки (спрема возраста). Организаторите најавуваат дека учесници се над 100-на триатлонци во сите категории и во машка и женска конкуренција.
Вечерва под јаворите ќе бидат поделени стартните броеви за тркачите-триатлонци кои ќе настапат на патеките и водите во Дојранското езеро во недела, утре 12 јуни.

Убав спортски викенд во Дојран со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет и убав повод да го посетите Дојран и да ги бодрите тркачите-триатлонци.

Ова се мапите по кои ќе се движат тркачите од сите три делници, пливање, возење велосипед, трчање и протокол на движење.
Last modified on Сабота, 11 Јуни 2022 - 14:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.