Како во добрите времиња, „Фолк-фест Валандово“ на јубилејното 35-то издание го врати сјајот на македонската народна песна, ја врати радоста што музиката ја носи.
На трите фестивалски вечери настапија доајените на македонската песна, уметници кои ги афирмираат фолклорните вредности во земјава и надвор од неа, како и изведувачи кои ја негуваат македонската фолк песна. Во фестивалската сала „ЈанкоУзунов“ во Валандово, на годинашното јубилејно фолк издание се натпреваруваа 23 композиции творени во духот на македонската фолк музика.
За победник е избрана композицијата "До мојот последен ден" изведена од Пепита Бојкова, Песната е дело на Филип Пешевски (поп пејачот), аранжманот е на Никола Автовски, додека текстот е на Борче Нечовски. Пепитаизјавува дека е ова нејзина прва песна, но победничка песна. Значи дебитанско претставување и прва победа на младата валандовчанка Пепита пред својата публика во Валандово.
Второтопласирана е композицијата "Стариот јавор", интерпретирана од Лилјана Прнаркова, а за трето место беше избрана композицијата "Изгубени души" на Ефто Пупиновски.
Куриозитет на фестивалот, или гласачка навика е што за прв пат на валандовскиот фестивал, првите две награди ги понесоа пејачки- валандовчанки
Покровител на Фестивалот е општина Валандово. Градоначалникот Перо Костадинов во оваа прилика истакна: „Фолк Фест - Валандово, е еден од симболите на нашата заедница и традиција која ја негуваат и надградуваат многу генерации. Фестивалот има исклучително културолошко значење и истиот е еден од симболите на нашата идентитетска посебност.“
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7110:35-izdanie-na-folk-fest-valandovo&Itemid=613#sigProGalleriabf8d5baaab
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август