Нов тарифник за цената на струјата - јавна расправа на РКЕ

Понеделник, 06 Јуни 2022

Предложени се 4 тарифи, од кои две се со поефтинување на слабите потрошувачи на скапа тарифа до 210 KV и од 211 до 420 KV, а две се за зголемени цени кај поголемите потрошувачи на струја во скапа тарифа.

Предложени се 4 тарифи според месечна потрошувачка на струја во скапата тарифа. Предлог на РКЕ е - Повисоки сметки за струја да плаќаат граѓаните кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија во висока тарифа.

На првата јавна презентација одржана денеска – професорите од машионскиот факултет предлагаат воведување на 4 блока. Се чека РКЕ да ја донесе новата цена на струјата која ќе важи од 1ви јули.

Анализите им покажале дека со сегашните цени на струјата, според овој тарифник оние домаќинства кои трошат повеќе од 420 киловат часови би плаќале повисоки сметки за 6%. Додека оние кои би влегле во првиот со потрошувачка од 210 KV до вториот тарифен модел од 420 би имале пониски сметки и до 13%.

Експертите со низа забелешки. Според нив овој тарифник само ги ублажува, не ги решава проблемите во енергетскиот сектор.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски потенцираше дека според анализите, со овој тарифник дури 87% од домаќинствата би имале намалени трошоци за струја во зимските месеци. Очекува тарифникот да ги заштити граѓаните од високи сметки, најави дека во текот на следната недела ќе се знае какви барања имаат енергетските компании.

Се предлага раздвојување на сметките за електрична енергија и мрежните услуги како што е случај на слободниот пазар. Од сметките ќе се исклучи и комуналната такса.

Се разгледува воведување на ноќна ефтина тарифа и за корисниците на индустриска струја како и за улиното осветлување....

ВО ВИСОКА ТАРИФА

ПРВ БЛОК: до 210 КWh (киловати) -13% пониска сметка од сегашната

ВТОР БЛОК: 211 – 420 КWh - 5% пониска сметка од сегашната

ТРЕТ БЛОК:421 – 630 КWh - 6,2% повисока сметка од сегашната

ЧЕТВРТ БЛОК: +630 - .... КWh - 17,9% повисока сметка од сегашната
.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.