Македонскиот генијалец Македон со видео лекции

Понеделник, 30 Мај 2022

Македон Димитровски е 7-годишник од Тетово и неодамна освои златен медал на натпреварот „Математика без граници“ во конкуренција на 4.000 други учесници од 22 земји во цел свет. Неговото знаење не завршува само со освоената медаља. Сам учи и веќе совладал да зборува, пресметува и брои на 4 светски јазици,

Тој деновиве на социјалните мрежи одржа лекција по историја на социјалните мрежи и уште еднаш импресионира со сопственото знаење. Малиот генијалец во моментов говори 4 светски јазици (германски, англиски, кинески и арапски) а неговото самоедуцирање оди дотаму што точно знае географски да објасни каде се наоѓала Македонската империја и колкава површина зафаќала.

- „Македонската империја била една од најголемите империи во Европа, со површина од 5,2 милиони километри, поголема од Римската и од Отоманската империја“ – вака Македон ја започнува историската лекција на англиски јазик за да го разбере цел свет.
- „Земјата беше само една од двете земји во историјата што се протегала на три различни континенти, а тука спаѓаат Македонската Империја и Умејадскиот Калифат, кои што се протегале на територијата на Европа, Азија и Африка.
Иако денес има земји што се протегаат на два континенти, како Панама, Русија, Египет и други, Македонија била посебна затоа што била 23-та најголема држава во историјата, а Омејадскиот калифат бил 10-ти по големина.
Владетел на Македонската империја бил Александар Велики, но нешто се случило, навистина, не знам како се распаднала, но тоа била голема империја“ – вели Македон в видеото што го објави на Фејсбук неговиот татко Владимир Димитровски..

Таткото на 7-годишниот генијалец вели: „Ние не го форсираме детето, тој сам научи да зборува 4 јазици, а математиката му е омилена. Во моментов е во фаза на проучување историја и географија, а особено го интересира начинот на кој се развивале и како се менувале државите“ - вели Владимир.

Погледнете ги видеата со умниот наш генијалец Македон:

Погледнете го умниот Мкедон и неговата умешност со бројките и странските јазици: кинески, англиски, грчки, албански. P.S. Видеото завршува, а Македон сака уште да пресметува и брои. Срце умно!
Last modified on Понеделник, 30 Мај 2022 - 23:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.