На традиционалното и јубилејно 40-то искачување на Титов врв (2.747 мнв) во организација на планинарскиот клуб „Љуботен”, што се одржа вчера, недела, подвигот им успеа на околу 50-тина планинари меѓу коии членови на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија.
Походот го започнаа вкупно 200 планинари од повеќе планинарски клубови во државата, утрински во 6:30 часот. Најбрзите 50-тина стигнале до Титов врв обвиен во магла. Меѓу нив и 7 членови од ПСК „Двете Уши“ и еден нивен гостински член на екипата од Неготино. Поради невремето кое што вчера го зафати тетовскиот регион, со обилни врнежи од дожд, град и ветер, од организаторите на останатите од групата што тргнаа кон врвот согласно планинарски пропозиции им беше препорачано да го прекинат искачувањето.
- „Првата побрза група која стигна до Титов врв, предводена од Надир Мурсели, алармираше дека е лошо времето на врвот. Остатокот од групата беше месноста Седло и поради лошите временски услови мораше тука да се прекине искачувањето. Имавме среќа што невремето не фати ниско долу на враќање од Вакуф кон Попова Шапка. Сите 200 луѓе живи и здрави се вратија назад на Попова Шапка со што можеме да кажеме дека успешно се организиравме и покрај лошите временски услови“, изјави Јован Божиновски, претседател на ПК „Љуботен”.
На акцијата учествуваа вкупно 13 лица екипно од ПСК „Двете уши“ од Гевгелија, (12 членови на ПСК ДВЕТЕ УШИ и едно лице гостин на клубот од Неготино), Титов врв го искачија 7 членови и гостинскиот учесник од Неготино, а 5 членови се вратија заради прекинот на акцијата.
Ова беше 48-ма акција на гевгелиските планинари од „Двете уши“ во оваа 2022 година.
Видео од невремето кое ги дочека планинарите на патеката, од „Двете уши“ велат: „Дождот дојде во облик на топчиња мраз и со моќните звуци на грмотевицата...“
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7089:psk-dvete-usi-na-titiv-vrv-2747-mnv&Itemid=670#sigProGalleria6d84c10573
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во