ЗПСК „ДАБ“ по патеките на Мис Стон

Понеделник, 30 Мај 2022

Својата десетта по ред акција ЗПСК,,Даб”-Дојран ја заокружи со планинарскиот марш ,,По патеките на Мис Стон” во организација на ЗПСК ,,Маратон”-Струмица.
Акцијата беше со следната маршрута: Брана Турија - Јурукова колиба - Павлова ливада - Железен дол - с.Нивичино. Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години, најавија од организациониот тим а дојранските планинари, како најмлад спортко-планинарски клуб се одзваа на поканата за традиционалниот марш.

Должината на маршот беше 22 км која што учесниците ја реализираа за 5-6 часови пешачење. Од дојранскиот клуб „Даб“ на акцијата учествуваа 12 планинари.

За своето истакнато учество во маршот ЗПСК ,,Даб“ од Дојран доби благодарница.

Планинарскиот марш По патеките на Мис Стон е традиционален и годинава се одржа по 11-ти пат.
Треба ли да ги потсетиме помладите дека оваа рута некогаш ја оделе комитите од четата на Јане Сандански кои ја киднапирале американската мисионерка со цел да изнудат внимание за својата борба за слобода за Македонија и пари за откуп со кои сакале да купат оружје. Тоа било пред почетокот на Илинденското востание. Во четата која ја киднапирала и чувала мисионерката Стон бил и познаниот нашинец Стефан Мандалов - Манданата, комита од с. Стојково. Тој бил омилен меѓу комитите, ведар, расположен, со дарба за песна и за имитација на птиците, доловен од актерот Петре Прличко во филмот „Мис Стон“. Имал само 26 години.

Така, со младешка полетност по патеките на историските походи на македонските револуционери пешачеа вчера и од „ДБ“ Дојран заедно со планинарите од Струмица и регионот.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.