Македонскиот модел Ана Марија Јанковиќ (20) ја освои титулата „Мис Туризам“ и влезе во топ три убавици на изборот „Miss Movie Star“ што го организираше „Фешн ТВ“ во Кан. Изборот се случи за време на Канскиот филмски фестивал, а меѓу гостите беа и познати личности од светот на филмот и уметноста.
Изборот се одржуваше на 25 мај 2022 во една од ултралуксузните приватни вили на најмонденското собиралиште во Европа на светскиот џет – сет, Кан.
Инаку Ана Марија Јанковиќ е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје ( некогашната ЕСРА).
Со моделинг и манекенство се занимава уште од мали нозе, меѓу останатото и заради фактот што таа е постарата ќерка на нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, битолчанецот со хрватско потекло Дарио Јанковиќ. Тој во својата долгогодишна кариера режирал спотови на скоро цела македонска естрада.
Ана Мaрија е член на модната агенција „Real Woman Agency“ од Белград, а пред две години стана ново лице на познатиот моден бренд „Guess“. Досега снимила многу реклами за познати македонски брендови, а сe почесто снима и во странство.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7081:makedonkata-ana-marija-e-novata-mis-turizam-2022-vo-kan&Itemid=611#sigProGalleriaf1f40ab843
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август