Матичниот планинарски клуб на нашиот најпознат гевгелиски алпинист, д-р Ѓорги Петков и годинава го организираше Меморијалот во негова чест и спомен - искачувањето на врвот „Мала Рупа“ ( 2004 м.н.в.) на Кожуф планина.
Четвртиот традиционален меморијал за д-р Петков се одржа денеска во организација на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија со учество на 60 планинари од Гевгелија, Охрид, Штип и Свети Николе.
Доктор Ѓорги Петков, специјалист епидемиолог вработен во Општа Болница Гевгелија, замина на 24 март 2018 година да го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест. На 20 мај од базниот логор на Хималаите пристигна веста дека починал од кардиа арест на 7.200 м.н.в последното утро пред поаѓање кон врвот на Еверест.. Останувајќи без здив и со срцев застој тој се струполил на земјата пред очите на останатите членови од кампот кој се подготвувал за утринскиот старт кон планинската кралица на врвовите. Д-р Ѓорги Петков не успеа да стаса до највисокиот врв на светот. Овде на највисокото место на кое престојувал во својот живот, се спои со природата, планината, со висините и бескрајната сончевина.
Во негова чест и годинава планинарите на најсоодветен начин му искажаа почит - искачувајќи го врвот „Мала Рупа“ на Кожуф планина, споменувајќи си за висините и планините по кои шетаа, се искачуваа, другаруваа заедно со 63-годишниот доктор, епидемиолог, планинар, хуманист и човек со големо, големо срце.
Почитта беше искажана со спомен постамент поставен од ЗПСК „Кожуф“, цвеќе за незаборат и достојна почит за херојот на висините - кој се спои со висините - Д-р Петков.
Петков досега бил дел од голем број експедиции и ги има искачено поголемиот дел од највискоите врвови. За патот кон покривот на светот како што го нарекуваат Монт Еверест се подготвувал неколку години. Тргна како дел од меѓународна експедиција која беше предвидено да трае три месеци. Тој требаше да биде биде петтиот македонец кој ќе го освои Монт Еверест, после Димитар Иливески Мурато кој почина на симнување од планината, докторот Сашко Кедев, Здравко Дејановиќ и Илина Арсова.
Четири години од заминувањето на д-р Петков, 4-ти Меморијал во негов спомен. Планинарите не го забораваат, а овде се и новите генерации љубители на природата, висините и планините кои се придружија на маршот. Вака големите луѓе не умираат. Оставаат пример за подвизи и на следните генерации.
Вечна ти слава Ѓорги!
Фото: ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7068:memorijal-za-d-r-gorgi-petkov-2022&Itemid=670#sigProGalleria354a6d0370
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во