Match poker Nations CUP во Гевгелија

Сабота, 21 Мај 2022

Казино операторите и приредувачите на игри на среќа во Гевгелија се здружуваат во играта и бизнисот - следната недела казино „Аполонија“ од Гевгелија ќе биде организатор и домаќин на Националниот „Match poker CUP 2021“ кој ќе се одржи од 23 до 27 мај во Гевгелија.

Во понеделник веќе пристигнуваат 120 учесници пријавени за турнирот кои се национални претставници од 14 земји учеснички: Австрија, Естонија, Германија, Исланд, Индија, Израел, Италија, Казахстан, Литванија, Монголија, Македонија, Сингапур, Швајцарија и Украина.

Сите овие 120 учесника успеаја да се квалификуваат за големото финале од „Match poker Nation CUP“ кое ќе се одржи на 24-26.05 во просториите на Аполонија Хотел и Казино..

На 23 мај, на плоштадот во Гевгелија, со почеток во 19.30 часот, ќе има промоција на тимовите, како и свечено отварање на Светското првенство проследено со културна и забавна програма со настапи на наши фолклорни друштва, Иван Раденов и Наталија, како и NEXT TIME.

На овој настан гевгеличани ќе имаат можност да ги поздрават и да им посакаат добредојде на нациите кои ќе гостуваат 5 дена во Гевгелија. Од 24-26 мај, секој ден во просториите на Аполонија со почеток од 10.00 часот наутро до 19.00 часот навечер, отворена е ФАН ЗОНА во која секој граѓанин ќе може слободно да влезе и да ги следи натпреварите кои ќе се емитуваат во живо.

Настанот е во организација на Интернационалната Федерација на Match poker Nation CUP и се однесува за 2021 година поради одлагањата кои ги наметнаа пандемските услови во светот и кај нас.

 

Last modified on Сабота, 21 Мај 2022 - 17:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.