Топ Новости

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Четврток, 19 Мај 2022

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на помирување меѓу српската и македонската православна црква. По 55 години, СПЦ и МПЦ-ОА заедно одржаа служба, откако Српската православна црква најави дека со литургијата на помирувањето ќе се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на Соборот на СПЦ, кој заседаваше пред неколку дена во Ниш.

„Со одлуката на СПЦ да да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет и со оваа архиерејска литургија на дело го покажавме заедништвото, дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдивме единството меѓу нашите две цркви и со тоа единството со сите православни помесни цркви“, порача поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан.

Српскиот патријархот истакна дека расколот со браќата од Северна Македонија траел 55 години и дека СПЦ секој ден чекала таа болна рана да зарасне. Тој вели дека во разговорите се договориле нивните постапки да бидат превртена пирамида. „Народот да биде на врвот, а ние на дното да служиме, да бидеме помали, а црквата и Христос во нас и меѓу нас да растат, да бидеме слуги на слугата“, изјави Порфириј.

Според најавите на македонските црковни лица до крајот на месецов се очекува сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.

Архиепископот г.г. Стефан побара од СПЦ одлука за барање автокефалност.
Независно од одлуката на Саборот на СПЦ, архиепископот г.г. Стефан на почетокот на идниот месец ќе одржи заедничка литругија со вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на цариградската патријаршија во Истанбул.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Tрет ден апсења во Стар Дојран

Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д

Повеќе

Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана

Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни

Повеќе

МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно

Повеќе

Приведени 18 лица во Стар Дојран

Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност

Повеќе

По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов

- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на

Повеќе

Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет

- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас

Повеќе

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.