„Сифулајка блуз“ - најново од гевгелиската група Апсаздан

Среда, 18 Мај 2022

Неуморните дечки од гевгелискиот бенд „АПСАЗДАН“ годинава наполнуваа 24 години од своето основање, значи музичка зрелост, а 18 години од последното (трето) активирање, што значи музичко полнолетство.

Во овој период не мируваа туку се осознаваа музички и генерално со предизвиците на животот. Нивен гуру остана Лазар Самарџиев-Самич (уште една гевгелиска легенда 1951 - 1993), кој се зафати да ги поднаучи нешто за свирење гитара...
- „ Овој пак, како вистински ‘гуру’, несебично и посветено, на моменти и доста строго, почнува да ги учи своите нови пулени на основните финти на ‘Jumping Jack Flash’, ‘Hey Joe’, ‘Don’t Let Me Down’... Секако, тука не изостанува и оној воспитниот, ‘rock & roll’ момент“ - се сеќаваат членовите на „Апсаздан“.

„Сифулајка блуз“ е најновиот музички запис на „Апсаздан“ креиран септември-октомври 2021 година, а вчера се промовира на платформата Јутуб.
Текст: е заедничко дело на членовите на АПСАЗДАН. Музика и аранжман:се заедничко творештво и соработка на АПСАЗДАН со Костадин Динев. Mix: АПСАЗДАН & Костадин Динев.

Бендот престанува активно да работи во 1998 година. Повторно се активира од 2008 до 2010 како АПСАЗДАН & ЧАЛОСАНТЕ МАЛООКИ – во соработка со Марија Стојанова, Вероника Дојранлиева и Драган Гоцевски...
Последново активирање е од 2014, и здрави-живи, ќе видиме до кога ќе трае...
АПСАЗДАН (беа) и се: Љупчо Пашовски, Александар Цуклев и Ѓорѓи Калински.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.