Време е за прошетка: 10 Мај е Меѓународен ден на физичката активност

Вторник, 10 Мај 2022

Физичката активност со умерен и енергичен интензитет го подобрува здравјето.. Светската здравствена организација ја промовира физичката активност како начин на живот на секој поединец за потребите на здравиот организам. ПОради тоа востановен е и Меѓународен ден на физичка активност, важна за секој жител на планетата.

Еве ги клучните факти за овие препораки:

- Физичката активност има значителни здравствени придобивки за срцето, телото и духот;
- Физичката активност придонесува за спречување на незаразни болести како што се кардиоваскуларни болести, рак и дијабетес;
- Физичката активност ги намалува симптомите на депресија и анксиозност;
- Физичката активност ги подобрува умствените функции, учењето и вештините за расудување;
- Физичката активност обезбедува здрав раст и развој;
- Физичката активност ја подобрува благосостојбата на организмот;
- На глобално ниво, 1 од 4 возрасни не ги исполнува глобалните препорачани нивоа на физичка активност;
- До 5 милиони смртни случаи годишно би можеле да се избегнат доколку глобалното население би било поактивно;
- Луѓето кои се недоволно активни имаат 20% до 30% зголемен ризик од смртност во споредба со луѓето кои се доволно физички активни;
- Повеќе од 80% од светската адолесцентна популација не е доволно физички активна.

Што е физичка активност?
СЗО ја дефинира физичката активност како секое физичко движење кое го активира мускулно скелетниот систем и ја зголемува енергетската потрошувачка. Физичката активност е основно средство за подобрување на физичкото и менталното здравје на луѓето и истата ги намалува ризиците од незаразни болести, вклучувително кардиоваскуларните и цереброваскуларните заболувања, дијабетесот и некои видови на рак. Исто така, помага во спречување на хипертензија, одржување на здрава телесна тежина, подобро менталното здравје, квалитетот на животот и вкупната благосостојба.

Во физичка активност спаѓа секое движење, кое се одвива во слободното време, време потребно за транспорт од точка А до точка Б, пешачењето до училиште или работа или како дел од работниот процес на една личност.

Популарни начини да се биде активен вклучуваат пешачење, возење велосипед, ролери, спортување, активна рекреација и игра, а може да се направат на било кое ниво на вештина и за уживање за сите.
СЗО дава Препораки за примена на физичка активност за сите возрасни групи на населението со цел подобрување на општото здравје на организмот.
Па, ако убедивме, станете од пред телевизорот и појдете на кратка прошетка.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.