ЗПСК „Кожуф“ во чест на Мурато го искачи „Димев врв“ на Пелистер

Понеделник, 09 Мај 2022

Искачен „Димев врв“ во чест на 33 годишнината од првото освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест, од македонски алпинист - Диме Илиевски-Мурато.

Викендот 11 члена екипа на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија учествува на 30-тото традиционално искачување на врв на Пелистер, лоциран на 2.601 м.н.в. што се организира во чест на првиот македонац кој го искачил Монт Еверест во 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато.
Во чест на 33 годишнината од овој подвиг и годинава на меморијалот кој е традиционален, учествуваа планинари од Македонија и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб- ПСК „Пелистер“-Битола,

Учеството на Меморијалот за Мурато беше 23-та акција по ред на членовите на ЗПСК „Кожуф“ во текот на оваа година. Планинарите акцијата ја стартуваа од Инфо Центарот па преку „Широка“ го искачија врвот Пелистер 2.601н.в. м. и по истата патека се вратија назад со што поминаа 2,.8 км растојание со совладена висинска разлика од 1.357 метри.

Чествуваниот планинар, Еверест патник - Димитар Илиевски - Мурато (29 септември 1953, Битола - 10 мај 1989, Непал) е најистакнатиот македонски алпинист, познат како првиот Македонец што ја има освоено највисоката планина во светот — Монт Еверест. Се искачил на 10 мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат.

Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.

Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.

 

Last modified on Понеделник, 09 Мај 2022 - 15:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.