Пролетта се буди, но и креативноста на децата во ООУ „Ристо Шуклев“ кои сами со свои раце, а под менторство на наставничката Анамарија Митриќеска Кал'чева го реализираа проектот „Едукативна декорација на училиштето“ .
Разубавувањето започна како проект поддржан од Програмата за култура на Општина Гевгелија за 2021 година, а почна со реализација во септември и се' уште трае.Учениците доброволно, работно, со свои креации учествуваат во проектот и го разубавуваат училишниот простор за сите ученици од училиштето во Негорци.
Така беше и оваа недела кога 23 ученика од четири одделенија од 7, 8 и 9-то одделение се приклучија под менторство на наставничката Кал'чева и реализираа нови креативно-едукативно исполнети бели простори од нивното училиште: ѕидови, ходници, скалила, пристапни рампи, влез на кабинети, школскиот двор.
Ако го пуштите срцето да гледа ќе видите многу детски труд, сакање и знаење, зошто ,,Само со срцето добро се гледа" (реплика од книгата за деца ,,Малиот принц").
- „Четки, бои, малку фантазија и многу љубов- резултатот е видлив од галеријата подолу. Едукативни содржини од сите области: математика, јазична писменост, природни науки, географија, музика, спорт, уметност“ - напиша на социјалните мрежи од училиштето.
Во проектот учествуваа ученици од VIII-a, VIII-б и IX одделение, и тоа: Павле, Верица, Душица, Живко, Валерија, Виолета, Марија, (VIII-a), потоа Мартина, Стефанија, Лабина, Китијан, Анастасија, Магдалена, Методи, Софија, Глигор, Симона, Моника, Јани (VIII-б), Елена, Филип, Лидија (IX одд.) и Благоја. А. од VII одделение.
ФОТО ГАлерија: Ваков амбиент ќе ги дочека понеделнички учениците и наставниците во ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7038:proletno-razubavuvanje-na-oou-risti-suklev-negorci&Itemid=663#sigProGalleria80f6257f81
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Tрет ден апсења во Стар Дојран
Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија