Благој од Гевгелија освои Прво место на „Полихимниа 2022“

Четврток, 05 Мај 2022

Гевгелискиот ученик Благоја Стоев во класата по пијано кај проф. Александар Лазаров, од ОМУ „Васо Карајанов“ од Гевгелија е добитник на ПРВА награда на Меѓународниот натпревар "Полихимниа" 2022 кој се одржува во Скопје. Натпреварувајќи се во класата „А“ - пијано и хармоника во конкуренција помеѓу 29 учесника нашиот Благојче беше најдобар освојувајќи 95 поени.

Во првата етапа од натпреварот „полихимниа“ учесниците испраќаат свои музички изведби поставени на  You Tube  платформата во траење од 5 минути. Стручното жири ги вреднува и прогласува најдобрите тројца, а четвртиот се стекнува со пофалница.

Гевгелискиот V-то одделенец Благоја со победата во класата „А“ се стекна со право на учество во втората етапа на овој натпревар, кој опфаќа солистичка музичка точка на концертот " Млади надежи". Концертот ќе биде оддржан во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје на 7 мај. Честитки за наградата за 11 годишниот Благоја  испорачаа од ООМУ „Васо Карајанов“ посакувајќи му успешен настап!

Ова се музичките точки со кои Благој настапи на „Полихимниа“ 

Меѓународниот фестивал на Полихимниа е манифестација која традиционално се одржува 7-ма година по ред низ концертните сали ширум главниот град. Учество земаат ученици и студенти од Република Македонија, соседните земји, но и учесници од Европските земји. Oваа година се застапени повеќе категории на инструменти за соло и камерна изведба (пијано, хармоника, дувачки инструменти, гудачки инструменти, гитара, соло пеење и камерна музика).

Во рамките на фестивалот се одржуваат повеќе јавни изведби:

- Меѓународен Натпревар Полихимниа 2022

- Концерт, работилници и семинари за ученици и студенти

- Прогласување на Лауреати, доделување на концерт и парични награди од наградниот фонд на фестивалот;

- Концерт на Лауреатите од минатогодишниот Меѓународен натпревар Полихимниа 2020

Организатор на настанот е Здружението на музички педагози на Македонија.

 

Last modified on Четврток, 05 Мај 2022 - 12:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.