Реал Мадрид финалист на Лига на шампионите

Четврток, 05 Мај 2022

Со фудбалски спектакл и „не“очекуван кам-бек на „кралскиот клуб“ Реал Мадрид вечерва со победата над Манчестер Сити се избори за учество на 17-то финале од Лигата на Шампионите.

По оној меч со седум гола во Манчестер, во Мадрид следеше неверојатен пресврт кој доведе до елиминација на англискиот премиерлигаш од Лигата на шампионите (2-1 регуларен дел, 3-1 продолженија).

Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ стартува со мал инцидент. Но, Реал Мадрид не би бил Реал Мадрид ако предвреме застане. Цел натпревар шпанскиот првак немаше шут во голот на ривалот, Сити ја држеше предноста, ама два неверојатни гола на Родриго во 120 секунди го испратија мечот во продолженија во кои дилемите ги реши најдобриот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Во мечот за титула мадридистите ќе играат со Ливерпул кој претходно го елиминираа Виљареал. На самиот старт на вториот дел, Реал Мадрид не реализира зицер. Кога сите очекуваа крај, следеше неверојатен момент. Реал Мадрид преку првите шутеви во рамки на голот ги казни промашувањата на Грилиш во претходните акции и дојде до епски, незапаметен пресврт на резултатот. Херој и спасител на „Кралскиот клуб“ беше Родриго, кој двапати го матира сонародникот Едерсон. Двата гола офанзивецот ги постигна во 120 секунди, во 90. и 91. минута, за комплетен шок на гостите, ја анулира негативата од гостувањето во Англија и мечот замина во продолженија.

Уште во воведните минути од екстра-времето падна погодокот вреден победа за домашниот тим. Во 93. минута Рубен Диаз беше невнимателен и го фаулира Бензема во шеснаесетникот. Орсато досуди пенал со помош на ВАР, а очекувано Французинот ја презеде одговорноста и со погодокот против Сити стана трет најефикасен стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Сити имаше една сериозна шанса во 105 минута, ама Куртоа ја спаси шансата на Фоден.

За Реал Мадрид ова е седумнаесетто финале во историјата во кое ќе ја лови 14-тата титула во најпрестижното натпреварување. Ливерпул го игра десеттото финале. Мечот за тронот во Лигата на шампионите кое ќе се игра на „Стад де Франс“ во Франција на 28 мај.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.