Фолклорна традиција „Ѓура Мара“ во Миравци - манифестација на вековниот непокор

Среда, 27 Април 2022

Најстарата фолклорна традиција во гевгелиско Миравци е народната манифестација „Ѓура Мара“ која опстојува жилаво повеќе  од 150 години кај нас.

Тоа е традиционално оро осмислено од локалните жители кое го отсликува трагичниот настан - загинувањето на храбриот брат Ѓуро кој заминал со своите другари да ја спасува грабнатата своја сестра од турските војници, убавата Мара.
Мара била грабната од орото од сред село на трет ден Велигден каде месното население низ оро и песна го празнувал големиот христијански празник. Тогашните турски власти биле дел од опкружувањето, а мерак за око на некој великодостојник му фатила младата и убава Мара. И, како што знаеме од други историски моменти кај нас, тој турчин, таа христијанка, решението го нашол во грабањето на момата.

Големиот отпор што го покажало населението, па и борбата на дружината на братот Ѓуро и неговото погибје е отсликано во орото „Ѓура Мара“ именувано по ликовите од древниот вековен настан кој се одвил во Миравци пред 2 века.

И денеска момите играат на сред село, момци облечени како турски личности се врткат околу нив и се обидуваат да се фатат на оро, или да грабнат од орото некоја мома. Старите жени со стапови во рака ги бркаат неканетите гости. Орото мора да остане чисто моминско, македонско.

Ова сеќавање, оваа разиграна младост, оваа драматика на бабите кои не ги пуштаат нечесниците на оро до момите е вековната мисија на миравчани која ја одржуваат до ден денеска со орото „Ѓура Мара“ кое прерасна во вековна традиција на трет ден од Велигден.

Организатор на манифестацијата и главен носител на програмата е КУД „Танец“ од Миравци.
Нивната фолклорна повеќегодишна традиција ги донесе на гости на манифестацијата и Културноуменичките друштва „Фолклорна низа“ од Струмица и КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карлови, од збратимената општина Инџија, Република Србија.

Поддржувач на манифестацијата е општина Гевгелија преку програмата за култура за 2022 година.

Миравчани среќни, го одбранија орото, ги одбранија момите, во спомен на убавата Мара, во спомен на храбриот Ѓуро, во аманет за грижа и поткрепа на сите убави девојќи и момчиња од оваа храбро поткожувско село, Миравци, чии жители покажаа непокор, а со гордост и сега низ песна и оро покажуваат дека се свои на своето.

 

Last modified on Среда, 27 Април 2022 - 12:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.