Наградени ученици на литературен и уметнички конкурс на Црвен Крст Гевгелија

Петок, 15 Април 2022

По повод 77 години од формирањето на Црвениот крст на Македонија, а во негови рамки и Црвен Крст Гевгелија, Општинската организација на гевгелискиот ЦК на распишан конкурс за литературни и уметнички творби на тема „Што значат боите на Црвениот Крст“минатата недела ги додели следните награди:

Наградени учесници во категорија есеј:се:
1. Силвана Карагошева - I НАГРАДА - (VI одд. ООУ "Кирил и Методиј" - Стојаково)
2. Калин Узунов - II НАГРАДА - (ООУ "Ристо Шуклев" - Негорци)
3. Златка Петрова - III НАГРАДА - (III година, СОУ "Јосиф Јосифовски" - Гевгелија).

- „Лицата им беа тажни, но очите насолзени и светнати од радост. По средбата мир и спокој завладеа на нивните лица, затоа што мирот се раѓа од насмевката“ - го опиша Силвана во својот награден есеј значењето на посетата на волонтерите на Црвениот Крст за лицата кои се во социјален ризик.

Наградени учесници во категоријата цртеж се:
1. Нена Стојкоска - I НАГРАДА - (СОУ "Јосиф Јосифовски" - Гевгелија)
2. Михаела Ризова - II НАГРАДА - (ООУ "Владо Кантарџиев" - Гевгелија)
3. Живко Станчев - III НАГРАДА - (ООУ "Ристо Шуклев" - Негорци)

Прва помош на воените боишта од волонтерите на Црвениот крст во виорот на воените немири е илустрацијата која ја направи Нена во својот првонаграден цртеж. Всушност, така се роди и идејата за Црвениот крст во немирите на воените дејствија во далечната 1864 година.

На конкурсот пристигнаа 40 трудови на ученици од училиштата каде делува ЦК Гевгелија. За сите нив, покрај наградените, организаторот подели пофалница за успешно учество и претставување на конкурсот.

Меѓународното хуманитарно движење на Црвениот Крст денеска брои околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без каква било дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.