Без маски во затворен простор - препорача КЗЗ

Среда, 06 Април 2022

По точно две години задолжителното носење маски во затворен простор, стигна препораката оваа мерка да се укине и тоа на препорака и барање на Комисијата за заразни болести. Пандемијата не е завршана, но граѓаните можат да ги симнат маските, препорачуваат членовите на КЗЗ до Владата на РСМ која треба да го разгледа предлогот и одобри на олеснување на граѓаните.

Здравствените експерти сметаат дека епидемиолошката состојба дозовлува олабавување на досега најдолгата рестрективан мерка воведена поради пандемијата со коронавирусот.

„Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите за стари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти останува ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО НОСЕЊЕ НА МАСКИ. Во сите останати затворени простори маските може да се носат само по желба на индивидуите“ - изјави денеска д-р Александар Петличковски.

Сепак и покрај ваквата одлука експертите им препорачуваат на повозрасните граѓани и на лицата со имунокпромитирачки болести да продолжат да носат маска во затворен простор.

По две години се препорачува и укинување на епидемиолошкото следење и изолација на контактите на лицата кои се отврдени со ковид-19.

„Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и последователнаа препорака за изолација на контактите“ - додаде д-р Петличковски.

Попрецизно, се препорачува во изолација да одат само потврдените случаи на коронавирус, без следење на нивните контакти.

Претстојните празнични денови, кога вообичаено има зголем влез и излез од државава пак можат да бидат ризик за зголемување на бројот на новозаболени, поради што засега останува мерката за приложување на сертификат за вакцинациија или прележан коронавирус, за влез во државава. За здравствените експерти укинувањето на оваа мерка е крупен чекор кој би можел брзо да ја дестабилизира епидемиолошката состојба, но која сериозно се разгледува како опција за во блиска иднина. Заедно со неа ќе почека и мерката за генерално укинување на сертификатите, што ќе зависи исто така од епидемиолошката состојба во земјата.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.