За Денот на здравството закажан Протест на матичните лекари

Вторник, 05 Април 2022

По два изведени протести со не работење преку системот „Мој термин“ и неколкуте средби со претставници на Министерствотот за здравство, Здружението на приватните матични лекари од државата најавува незадоволство од постигнатто со што организираат трет протест, овој пат во Скопје.
Одлука за овој потег донел Управниот одбор на Здружението на приватни лекари на РМ, во саботата на 2.04.2022.

На ова одговорија и матичните лекари од Гевгелија кои најавија свое присуство и учество на протестот пред Министерството за здравство во Скопје.

- „Матичните лекари повторно ќе ги затворат своите амбуланти, на 7-ми април, Меѓународиотн Ден на здравството. Оваа година овој ден ќе го одбележиме на ваков начин, за да го искажеме нашиот револт према надлежните институции Министерство за здравство и Фонд за здравствено осигурување на РСМ. Но овој пат ќе ги затвориме амбулантите и ние лекарските тимови-доктор и сестра ќе излеземе пред вратите на МЗ во 12:00 часот во Скопје“, вели претседателктата на ЗПЛРМ д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Здружението на приватните матични лекари велат дека остануваат цврсто на своите барања, а тоа е:
- покачување на капитационен бод (како што ни беше ветено до сега),
- бараме пациентите да се водат на ПЗУ а не на докторот за да можеме да користиме боледување подолг временски период, (и ние сме луѓе со свои здравствени проблеми).
- ослободување од казнена политика за административни грешки,
- промена на режим на лекови со цел да не го оптоваруваме секундарно и терциерно здравство за препораки за препис на хронична терапија итн итн
.
За потребите на своите пациенти матичните лекари од Гевгелија ги замолуваат сограѓаните, пациенти да имаат разбирање за нивната потреба од регулирање на нивните работни права и додаваат дека за итните потреби да се упатуваат до Итната медицинска помош во Гевгелија. Сите итни и неодложни здравствени состојби на граѓаните на денот на протестот, 7 април ќе бидат третирани од лекарскиот тим на Брзата помош во Гевгелија.
.
Д-р.Христина Прошева координатор од ЗПЛРМ за Гевгелија, Богданци и Дојран во кое партиципираат 20 матични лекари од регионот, вели дека овие заложби се со цел подигнување на здравствено-услужните вредности на примарното здравство во државата.
- „Старее населението, старееме и ние матичните лекари, а помладокот не сака да работи заради наталожените проблеми во ПЗЗ. Ќе дојде ден кога ќе нема кој да работи во матичните амбуланти. Да го направеме примарното здравство привлечно за младите доктори да ја сакаат оваа дејност,да не си одат во странските држави“ нагласува д-р Прошева.

Четврток, 7 Април пациентите со итни здравствени потреби да бараат интервенција само од ИМП, а својата редовна терапија подобро да ја обезбедат во текот на утрешниот ден.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.