Костадинов: Ќе „изгинеме“ во натпреварот со Португалија за да го повториме успехот во Палермо

Недела, 27 Март 2022

Македонскиот и гевгелиски фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов по денешниот тренинг и подготовките за дуелот во квалификациите за СП истакна дека ќе го дадат својот максимум:

- „Нѐ чека поинаков меч од тој со Италија, ама ние решени сме да изгинеме за нова победа. Имаме уште 90 минути, на пола пат сме. Ќе го дадеме својот максимум. Ќе „изгинеме“ на овој натпревар да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо“, вели Костадинов.

Португалија нѐ чека со Кристијано Роналдо, Бернардо Силва, Диего Жота, Жоао Кансело, Бруно Фернандеш, Жоао Феликс..., една извонредна екипа полна со индивидуален квалитет.

Костадинов вели дека ова е поинаков натпревар.

„Италија е екипа која игра повеќе тимски, додека Португалија е екипа која игра повеќе индивидуално, на свој индивидуален квалитет, но секако дека ни треба истиот мотив, истата желба, пожртвуваност и на овој натпревар и со доза на малку среќа да успееме да се радуваме и да си ја оствариме зацртаната цел“, вели повратникот во националниот тим Тихомир Костадинов, кој заедно со Елиф Елмас беа суспендирани за мечот со Италијанците.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.