Топ Новости

Неажурна администрација, или деградирање на неистомисленици

Вторник, 15 Март 2022

Седмата седница на Советот на општина Гевгелија по седумасовна работа денеска беше прекината. Камен на сопнување беше немањето мислење од Надзорниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија по однос на Завршната сметка на Установата за 2021 година.
Половина час траеше отврената дискусија по оваа точка на седницата, нотирана како 13-та точка од дневниот ред, но со немање мислење, прво како пропуст на администрацијата и на телата кои ги назначува Општина Гевгелија и второ како неодговорен однос на Надзорниот орган именуван од Советот на општината да не даде свое мислење по најголемиот и најважниот финансиски документ за установата за чие материјална-финасиска контрола се назначени.

Директорката на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија Бети Стоименива пред советниците образложи дека Завршната сметка за 2021 е усвоена од страна на Управниот одбор на установата, но без мислење на Надзорниот одбор. Иако биле одржани две седници на НО и дадени образложенија по поставените прашања од НО, сепак ова тело не се изјаснило по Заврната сметка на Установата, што е непримерно однесување.

Советникот Томе Кичуков ова го препозна како деградирање на неистомисленици и побара да се престане со таквиот однос. „Ако некој си ја врши работата да го оставиме да работи, ако не го бива ни два месец нека не седи на функцијата“- посочи тој. Бидејќи недостасува изјаснувањето на Надзорниот одбор од ЈОУДГ „Детска радост“ тој побара пауза да се побара претседателот на НО и да се повика на седница да го каже ставот на ова надзорно тело.

Претседателот на Советот на општина Гевгелија, Патрик Матх по предлогот одобри пауза од 10 минути, но и после еден час никој не дојде во името на НО на ЈОУДГ „Детска радост“ да се вклучи во расправата по 13-та точка од Дневниот ред на 7-та седница од Советот на општина Гевгелија

По еден час неоправдано чекање, претседателот на Советот објави дека при разгледување на материјалите на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија беше констатирано дека недостасува Одлука од Одборот за материјално и финансово работење. Поради тоа, претседателот Матх до Советот предложи расправата по ова точка да биде прекината како и понатамошниот тек на седнцата и истиот да продолжи утре во 12:00 часот со истовремено задолжување на Надзорниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија, денеска или најдоцна до утре до 10 часот наутро, да достави Одлука до стручните служби на општина Гевгелија која накнадно ќе се достави и до членовите на Советот. Претседателот повика на гласање дали советниците се „За“ предлогот, но тие одговорија дека „нема потреба“ и не се одржа гласање, а седницата беше прекината.

Седмата седница на СО Гевгелија има 35 точки на Дневен ред. Со 12 поминати точки за 7 часа Советот денеска реализирал само 34% од планираното. Со ваква „ефектива“ во работењето утрешното продолжување на седница треба да трае 14 часа за да се истера работата до крај. На пат е советниците да станат маратонци во седничарење заради неажурност на администрацијата и неодговорност на членовите на телата кои ги назначува Советот во локалните институции кои се во негова надлежност.

 

Last modified on Вторник, 15 Март 2022 - 23:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Tрет ден апсења во Стар Дојран

Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д

Повеќе

Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана

Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни

Повеќе

МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно

Повеќе

Приведени 18 лица во Стар Дојран

Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност

Повеќе

По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов

- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на

Повеќе

Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет

- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас

Повеќе

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.