Прва победа во рамкте на Првата кошаркарска лига за мажи ја реализираше вечерва на домашен терен екипата на КК „Кожув“ Гевгелија Ова е воедно и прва победа остварена во 2022 година и прва победа по пауза од три месеци,
Со 15 бодови разлика пред домашната публика во спортската сала „26-ти Април“ вечерва гевгелиските кожаркари книжеа резултат од 95-80 над екипата на „Куманово“.
За гевгеличани ова е прв триумф по оној против Ангели на 11 декември 2021 година кога екипата ја сочинуваа сосема други кошаркари од овие што играат сега. Триумфот против Куманово е исклучително значаен бидејќи е остварен против директен ривал во борбата за опстанок.
Одлучувачка беше последната четвртина во која гостите имаа водство од 65-62 за Кожув со серија од 15-2 да направи предност од десет разлика (77-67). За кумановци тоа беше шок од кој не успеаја да се соземат и да одговорат со пресврт.
Во центарот на вниманието беа новите играчи во двете екипи. Анрух го предводеше Кожув со 29 поени, додека кај Куманово прв стрелец беше Акано кој денеска дебитираше и тоа со 35 постигнати поени и 9 скока.
Шест наши играчи беа со двоцифрен број на поени. Најголем впечаток освен Thatch Unruh (29) оставија Travon Broadway со 20 поени, 6 скокови и 2 асистенции. Нашиот капитен Илија Колев мечот го заврши со 13 поени,12 скокови и 6 асистенции и беше еден од најзаслужните за денешната победа. Dekardo Day 12 поени , Горан Главчев 10 поени, 3 скокови и 6 асистенции, Александар Штерјов 8 поени.
Денешната победа беше прва и за Перо Блажевски како тренер на „„Кожув“.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во