ГОЦЕ, НАШАТА НЕДЕЛИВОСТ

Петок, 04 Февруари 2022

Пишува Бошко Нацески

По повод 150 годишнината од раѓањто на македонскиот револуционер, идеолог, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век, македонски национален херој - Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903)


Читаме и слушаме - доаѓал "голјам" ден за Бугарија, за нејзината национална, револуционерна и духовна величина. Одред од царската гарда, предводена од херојот на новото време, генерал Радев и врховистичкиот војвода Каракачанов, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе го репризираат историскиот поход во Горна Џумаја, Пиринска Македонија. Ако им појде од рака да ги избегнат заседите на комитите на Јане Сандански, царот пирински, белки ќе успеат да се пробијат до Благоевград, до споменикот на Гоцета, херојот кукушки, револуционерната икона македонска, за да му кажат, колку Бугарите денес, многу силно го "обичат". Додуша тоа ќе е задоцнета љубов, ама на театарската сцена секоја, па и политичката бурлеска, е можна.

За оние што помалку знаат, недоволно читаат или забораваат, ќе потсетиме, во 1902 годуина, Гоце Делчев и Ѓорче Петров го напишаа новиот Устав на Македонската револуционерна организација. Од членот 3, го избришаа дотогашниот услов дека "член може да биде секој Бугарин", заменувајќи го со одредбата "член на организацијата може да биде секој Македонец". Всушност, тоа, драги мои, е тестаментот за националниот профил на Организацијата, но и за Гоцевата национална припадност. Да ги оставиме на страна оние политички и научни алхемичари кои за етничкото портфолио на Делчев, се служат со минорноста на фактот дека тој учел на бугарскои јазик и бил учител во бугарско училиште.

Да беше жив, како што е со сето негово човечко величие присутен во нас, вековно внедрен во македонското колективно паметење, тој сегашен"штурм" на софиските јастреби ќе им беше пропаднат лет. Гоце, нашата слободарска икона, тој стратег на македонското слободарство, од далеку препознаваше што е реалност, а што театарско комедијанство. И не случајно, уште на живот посака, неговиот вечен дом да е во ослободениот дел на Македонија, татковината на Македонците. А тие, знаеја што е завет. По неговото упокојување во серска Баница во 1903 година, Гоцевиот другар и соборец, комитата Чаков, неколку години подоцна, ноќум, тајно ги откопа коските на војводата од неговиот гроб крај црквата и со години ги чуваше во неговиот дом. Потоа, моштите на војводата уште долго беа засолнувани и бдеени од македонската емиграција во Софија. Тие признателни чеда, не ги заборавија аманетните зборови на Гоцета, за во 1946 година, во специјално изрезбан дрвен сарковаг, со солзи и пат од Пирина до Вардара постилан со цвеќиња, неговите мошти ги испратија во престолнината на Република Македонија. Денес, великанот, таа неделива фигура, тој револуционерен горостас, вткаен во нашита меморија, во нашето духовно миље, вмрежен како гранитен фундамент во нашата националнa  историја, лежи во Скопје, главниот град на Република Македонија, во преддворјето на древната црква "Свети Спас".

Ние, што не сме таму, за да му ставиме ракатка цветови на одарот, на денот на 150-от роденеден на Гоцета Делчев, синовски е да се поклониме пред неговата друховна стаменитост, на неговото револуционерно дело, на неговото македонско национално величие. Така ќе остане за навек наш. Амалгам на нашата национална неделивост. На Македонците што наспроти сите диверзии и провокации, нема да се размакедончат.

Автор: Бошко Нацевски

 

Last modified on Петок, 04 Февруари 2022 - 03:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.