Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Среда, 19 Јануари 2022

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици денеска беше испочитувана и во Богданци.
За празникот Богојавление -Водици утрово се отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св.Атанасиј“, со почеток во 07:30 ч.а потоа голем Богојавленски водосвет во дворот на црквата.

На пладне се одржа осветување на водите во браната Паљурци преку чинот на потопување на чесниот крст во водите на истата.

Најуспешен од сите кои се фрлија во водите на Паљурци и запливаа по светиот крст беше 21 годишниот Саше од Богданци.

Честитки за храбриот и почесен чин му изразија сите присутни пладнево на Паљурци, а свештениците од црквата „Св. Атанасиј“ го благословија со желби за здравје и порака за благодет за сите семејства на оваа Епархија.

На баната кај  Селемли попладнето се изврши и фрлање на светиот крст во организација на црквата „Св. Недела“ од Стојаково која припаѓа на Гевгелиската епархија.
Овде најуспешeн беше  Даниел Анчев, од Стојаково. 

Организаторите од „Св. маченик Недела“ информираат за одлуката, поради состојбата со ковид-19, Светиот благороден крст наместо да ги посетува домаќинствата заедно со денешниот фаќач на крстот, истиот ќе биде изложен во црквата Св. мач Недела од утре после 9 часот. Осветениот крст изваден на Богојавление од водите на Паљурци во црквата ќе стои до недела. Сите донации од лицата што ќе го посетат божјиот храм и Светиот крст, по овој повод, ќе бидат донирани. Ова е благороден гест од браќата Тоше и Даниел Анчеви, информираат претставници од црквата во Стојаково.

Нека е за многу години Богојавление и Водици. Нека донесе здравје, благодет и бериќет во сечиј дом.



Last modified on Среда, 19 Јануари 2022 - 19:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност

Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.

Повеќе

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.