Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Среда, 19 Јануари 2022

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во водите на Дојранското езеро му се посреќи на младиот Дејан од Куманово.

Тој е ракометар, во моментот на припреми со својот ракометен клуб во СРЦ „Истатов“ во Нов Дојран, но поривот за празникот Богојавление го однесе на денешниот чин на плажата Калдрма и беше најуспешен од сите осуммина кои се фрлија по крстот. Во негови раце се најде светиот предмет што го извади од осветените води на езерото.

- „Трикратното потопуваше на крстот е вистинско осветување на природата и на човекот“, вели прота Ѓорги.

Чинот на осветувањето на водите на Дојранското езеро го изврши прота Ѓорги Сламков. Тој во име на Црквата „Св. Великомаченик Ѓорги“ од Нов Дојран на среќниот носител на крстот му подари крст и икона, за благослов за празникот.

Богојављение, во Дојран ги наполни срцата на многуте присутни кои присуствуваа на чинот во месноста Калдрма.

 

Фото: П. Иванова

 

Last modified on Среда, 19 Јануари 2022 - 13:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност

Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.

Повеќе

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.