Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022
Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата крводарителска акција за 2022 што ја организира Црвениот Крст на Гевгелија заедно со Клубот на младите од Општинската организација за Гевгелија.
Целта е да се обезбедат неопходните дневни, месечни количини од драгоцената течност која спасува човечки живот, а за која нема замена освен донирањето од хумани здрави луѓе, поединци.
За таа цел, и годинава, како дел од своите програмски содржини, Општинската организација на Црвен крст Гевгелија најавува организирање на граѓанска крводарителска акција на ден 26.01.2022 год. (среда) во просториите на Народниот театар Гевгелија во периодот од 10 до 14 часот.
Се повикуваат сите граѓани кои се во добра здравствена состојба и имаат желба да се приклучат на армијата крводарители од нашиот крај да дојдат во закажаниот термин на акцијата и да го остварат својот највисок чин на хуманоста, повикуваат од ОО на ЦК Гевгелија.
Крводарувањето е доброволно и крв може да дарува секое здраво лице на возраст од 18-65 години. Мажите даруваат на секои 3 месеци, а жените на секои 4 месеци.
Крводарувањето како индивидуален чин на крводарителот поединец е безбедно и не е поврзано со пандемијата на Ковид - 19! За своја лична заштита и заштита на своите блиски препорачано е да се почитуваат препораките дадени од Министерството за здравство (носење на заштитна опрема и 1,5 метри физичка дистанца).
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност
Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.
Реакција на Левица - Гевгелија
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни
Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на
Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се
Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран
Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални
Приведен грчки државјанин на Богородица
Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од